Извесни подобрувања на положбата на работниците имаше во овие сегменти: полното работно време од 42 се скрати на 40 часа неделно; максималното траење на прекувремената работа de iure се скрати од десет на осум часа неделно и се утврди на 190 часа годишно; воведени се низа т.н. „антидискриминаторски одредби“; воведена е и општа забрана на ноќната работа за малолетните работници и за работниците над 57 години старост – за жени и над 59 години – за мажи, а беше предвидена и можноста, работниците на кои не им се исплатени плати и придонеси три месеци едноподруго – да иницираат (стечајна) постапка за престанок на правното лице во кое работат.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Прекувремената работа може да трае најмногу 285 осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно – освен за работите кои, поради специфичниот процес на работа, не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да се организира работата во смени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Од позитивните промени ќе ги издвоиме: скратувањето на полното работно време од 42 на 40 часови неделно; воведувањето на антидискриминаторски одредби; максималното траење на прекувремената работа се намали од десет на осум часа неделно односно 190 часа годишно и дојде до зголемување на правата на малолетните работници (кои не наполниле 18 години живот).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Заверена фотокопија од пријавата му се врачува на работникот, во рок од три дена од денот на стапувањето на работа...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работникот не може да стапи на работа пред да се склучи договор за вработување и пред работодавачот да го пријави во задолжително социјално осигурување! (чл. 13, ст.1-3 и ст.7 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)