– Надеж постои додека е човек жив – продолжи татко ми. – Размислував, чеда мои, како можеме да ги спасиме Чанга и козите, ако уште има спас.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Бабата Русинка го крена бебето, држејќи го со една рака за двете ножиња и благо рече: – Братче, братче, чеда мои...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Размислував, чеда мои, долго размислував, пребарував по книгите и спомените од разговорите со Чанга, а ние везден и долго зборувавме за Калето, јас му читав од моите книги, а тој историјата ја проверуваше на секоја врвица, на секој камен на Калето...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сиџилите, тоа сте ми сите вие, живи, спасени, чеда мои.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Спи ми, чедо мое мило, спи ми спокојно, тебе мама не те дава... - зборуваше Бојана над лулката на своето дете, среќна што има син и тажна што го нема Крстан да му се пофали каков убавец родила.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Ете гледаш, чедо мое, зошто пречесен отец Стефан не можел да го реши записот од прстенот на логотетот, иако во ука мошне вешт е и надарен: затоа што за него словата сочинети се од зборови, а за мене од гласови.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Конечно дојде ти, чедо мое, за да ја чуеш вистината за моето монашко прибежиште, зашто ти ја одгатна рисунката сокриена во школката и го слушна мојот глас, упатен од дамнина до тебе.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Еве ги тие зборови на кои ден-денешен им се сеќавам: Спиј спокојно, чедо мое Во пазуви ми кротко сони, чедо мое Во душава мир си најди, чедо мое Во срцево куќа гради, чедо мое Во куќата дворои имај, чедо мое Во дворови цвеќе сади, чедо мое Спиј и нани, нани, нани, чедо мое.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Влези внатре, чедо мое. Не ќе ме видиш мене зашто сум скриен во буквите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Но сега сакам да ви кажам...“
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Македонци, чеда мои, сакајќи тогаш од душите да ви ги растерам сенишатата на неразбирањето и стравот од бесмислата, неподготвен и збунет, наместо да ви понудам утеха, јас и кај себе ги разбудив демоните.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Македонци, браќа мои, чеда мои, простете ми, оти сега знам дека тогаш во срцето свое сум носел лутина и кон вас, оти во Филипи, понесен од љубовта и добрината на Лидија, го очекував од сите истото, та кога се најдов соголен и натепан со стапови, во себеси носев горчина наместо љубов кон вас, Македонците.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Слатката детска насмевка, ги потиснува сите темни дамки, сите мигови што носат чувство на немир, во крошната ја оставам нејзината прегратка, за мирно да спие, со слатки сништа, чедо мое...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
- Чедо мое! Кажи ми дали си свесна за својата тешка состојба.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но, нешто друго, чедо мое, со години ѝ ја глода душата. - О, тето, да не е не дај боже нешто страшно?
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Вие плачете, госпоѓо! - Да, чедо мое. Разделбите секогаш тешко ги поднесувам.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се кршев и јас, чедо мое, исто како и ти. Сочувствував со твојата болка само еден ѕид подалеку од тебе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Чедо мое, соништата се само изопачена слика на нашата потсвест.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Чедо мое! Дали имаш расчистено самата со себеси.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
ЗА ЛИЛЈАКОТ За лилјакот вервеет оти прво бил с'здаден глушец.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ете вака, чедо мое, ела уште еднаш да ми целиваш десница и ој ми си со здравје, ама прво најади ми се пченица, да попосле ој си и поздрави 'и сите: нека дојдат да ми даат проштење, за да не ме остаат врзан да си умрам и во вечната мака да одам, а пак ако не дојдат, брате, на нив нека је греот; јас ќе си измијам раце и на нив греот му го остаам!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Поткрени, мило чедо, шапчето да ти видам ѕвездата што бев ти ја видела коа се роди.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ах, Гуго, Гуго, Гуго чедо мое мило!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Без да знаи за ошто, влегла во одајата пред царо, та му се поклонила и штотуку беше го видела сина £ Најдена, беше го грабнала, та беше го измилуала и му рекла: - Мило чедо мое, кај си да ја видиш твојата мајчица кај лежит во темна зандана толку години?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Каде Капинко, каде чедо мое, ѝ велам, што ме влечкаш кај што нема ни пат, ни патиче. 156
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од нејзините очи изгрева мајчинска Деница, чеда мои, им вели на децата и трепери грижно и ја печали нивната почит секојпат застаната спроти мене, исправена спроти мене, мамо, велат децата, слушај жено, велам јас.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се враќам поразен: ме прашуваат очите на дечињата како ми е во душата, како ми е во срцето и воопшто ме прашуваат очите како ми е!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Девери мои, рекла таа, не заради мене, туку заради мртвиот ви брат, помислете на чедото мое и не оставајте да умре од глад.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Браќата, исплашени, се согласиле да ѝ ја исполнат последната желба, и во висина на градите оставиле отвор за двете боски.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Клекна крај уништениот механизам и астматично залипа: Мортенијо, чедо мое, јас бескрајно ќе те жалам.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Не ќе го остават гладен.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Возбудата беше видлива уште на почетокот, кога таа рече: – Каде запрев, чеда мои? – Кога дојдоа Италијанците во Поградец! – рече еден од браќата. – Да, дојдоа италијанските војници.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога ќе се случеше, на крајот од месецот, секој од нас да си го даде својот дел, таа ќе речеше, со својот ведар глас: – Јас, чеда мои, парите ги давам за вас.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- Ах, чедо мое... - издивна отец Иларион и го крена на раце.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ако беше поинаку, чедо мое, ќе си ја затнев устата, ќе си го преапев јазикот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
— Ајде, чедо мое, вели, оган со голи раце не се запира.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Не плаши се, чедо мое, вели, ние не сме поткажувачи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Устата ми беше сигурно подотворена исто колку и очите, кога ми рече: - Отсега само мене ќе ме слушаш, чедо мое!
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)