чело (имн.) - бев (гл.)

Бев наоружан со константите на белградската сиповска школа, која почиваше врз ригидни професионални принципи, цврста внатрешна конспиративност, но и врз отвореност градена уште од времињата кога на нејзино чело беше прекалениот борец и европски интелектуалец, филозофот и надреалистот Коча Поповиќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На неговото ситно лице, скоро сето претворено во клунест нос, умората како во мека иловача го бележеше својот пат: тенката кожа на ниското, испупчено чело беше некако неприродно ишарана со суви брчки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Само кога сосема се приближив до неа и кога двете радосно се гушнавме и се изнабацувавме по неколкупати во образ, како што тоа го прават французите, видов дека годините сепак работеле на нејзиното лице и мрежа од ситни бори ги урамуваше нејзините очи, а и челото беше изгравирано со неколку попречни бори.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во оваа ноќ јамата на твоето чело беше длабока.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)