чело (имн.) - ѝ (зам.)

Децата дома ми се сами. Ве молам пуштете ме што побргу.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Од челото ѝ се слеваше пот. Брзајќи, таа се доближи до стражата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Од тој род сум и јас и мојата сестра на која, кога наполни 14 години, на челото ѝ се појави црвена дамка, и почна да пее чудни песни низ кои, оние што ја слушаа, гледаа зелени долини, високи планини, чудни храмови и зданија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Вратот меѓу рамената ѝ беше снажен конусно извишен до под аглестите вилици над коишто лицето ѝ сјаеше со ведрина, челото ѝ беше просторно, а косата црвена и ситно кадрава, собрана во туфка на тилот и висната над пловината на грбот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Беше свесна дека е убава, но сепак не беше задоволна од својот изглед: челото ѝ се чинеше премалечко, очите темно кафени, а не сини, линиите на телото ѝ се чинеа преизразени...се разбира претеруваше, тоа беа некои нејзини бубачки во главата, какви што си имаше секоја девојка на таа возраст.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Потоа погледна кон Пенча, строго и со отворени очи, а од тоа белата кожа на високото чело ѝ се собра во ситни брчки.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Исплази го јазикот да ти го видам!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: Ѓаволчиња малецки, колку ве сакам! (Ги пружа рацете кон бандитите; Жилата на челото ѝ набабрува) ГЛЕДАЈТЕ МЕ!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како што се обидуваше да мисли на задачата и втренчено гледаше во бројките, една капка од челото ѝ падна право врз листот од тетратката и го разлеа мастилото врз бројката "2".
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Добро што си го носам палтенцето, си помисли Ема и застана пред таблата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таа имаше интересна, чудна глава, која, колку што ја гледаше Илко, толку почудна му стануваше, особено во профил: лицето и челото ѝ беа сплескани, издадени, налик на сечило од секира; носот шилест и издолжен како клун; очите ситни како мониста; веѓите тенки и споени; ушите мали, прилепени; усните заоблени, собрани како свирка. Зборуваше со шуштење.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)