Но аспектот на ова негово дело кој ќе изврши најголемо влијание врз уметниците на поп-генерацијата е прикачувањето на одредени предмети на површината на сликата: клинот остава впечаток како на него навистина да се закачени делови од облека, трите вистински безопасни игли се чини како да ја закрпуваат илузорната пукнатина на средината на композицијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)