Мрсник!... Тој човек нема со рака да го пипнеш! Нема да го пипнеш!...
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тој човек нема да го пипнеш!...
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Јас останав утешен и задоволен. Првпат тогаш узнав дека и поезијата, штом веќе човек нема посилно оружје, може да послужи за пробивање во животот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
„Човек нема ништо поважно од образот ако воопшто си го препознава“, рече тој.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тоа е човекот, голиот чист човек е таму каде што има услови за негово осмилсување. – Оттаму е и фактот дека нелуѓе во луѓето не постојат, нечовек во човекот нема, постои само: потчовек и натчовек.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Истото се случува и со човековите мисли. Човекот нема дарба да следи сѐ.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Друго, нашиот човек нема никакви забелешки, ниту на војната во Ирак, ниту на она што се случува во Косово, ниту пак во Западна Македонија.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- Ќе му ја запалиме облеката на оној зад карпине. Голиот човек нема вера.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Прав си, Блаже, се сетил што заборавил пред тоа да каже.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Продолжи првин со одење, во кое имаше и демнеење на мигот, во кој таа и би се вратила, а кога човекот немаше со што да фрли, таа зеде пак да се шиба огромна и блиска, каква што беше, за да можеш да ги здогледаш и црните српови од ноктите на нејзините шепи, за да можеше да го видиш секое превиткување на тупата болка во нејзините скокови, за да можеш да ги видиш и нејзините крвави непца, за сето време испуштајќи некакво подмолно завивање, полно со една ужасна, здржана, придушена бол, а Змејко, кој уште на првиот нејзин чекор знаеше дека ќе мора да отстапи, сега, кога она завивање нараснуваше во некакво ужасно стенкање кај она ѕвере, готово да расчешне сѐ, што ќе му се најде на патот, го сети дивиот ветер како го подига угоре и како го урива во провалијата под неговите петици и расплакан и сосема совладан тој отстапи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Одамна било. Ако тоа не го памети Савка на Благоја, друг човек нема во селото кој би знаел.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А човек нема да му ископа гропче.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Така секој со секого се клеветевме и се виде дека од човекот немало поголем нечовек...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се видело моето. Кога твојот човек нема жал, што бараш да те жали селото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Така е, вели Витомир со насолзени очи од чадот. - Ние, за умен човек имаме само еден збор, велам, којзнае зошто ама за умен човек немаме повеќе зборови.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Таа принуда за Ренан ја претставува најголемата срамота на анексијата и нејзината најмачна политичка иновација: „Човекот нема право да оди наоколу и на другите да им ги мери черепите, па потоа да ги фаќа за гуша и да им вели: „Ти си од нашата крв, ти ни припаѓаш!“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
- Одамна било. ако тоа не го памети Савка на Благоја, друг човек нема во селово што ги знаел.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
За да биде уште поуверлив, Камилски по обичај своето тврдење го зајакнуваше со мислата на голем поет или филозоф.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И уште нешто: касметот, колку и да е сложен, често неразбирлив, неочекуван, во животот има само еден разбирлив момент, а тоа е дека човекот нема да дознае никогаш кој е!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Завивањето престана; човекот немаше повеќе сила за ништо друго, освен да се држи за столпчето.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Човек немаше ни најмала претстава за тоа што се случуваше со нив.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Пред човекот немало ништо. По човекот, ако дојде до крај, ќе нема ништо. Надвор од човекот нема ништо.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Го ожени со попова ќерка, на дедот поп Стева, ама ете, кога човекот немал среќа, таа му умре.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
– „Хаа, не сум Охридско Поле и Струшко; чунки тамо вакви луѓе нема со олку долзи носеви и олку високи во нозете; овие луѓе не се асли како нас, си велел сам со себе.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Но човеков нема ништо со овие „јаничари“ чиј татко пишува за нивната историја, но синот- наратор до крајот си останува на своето („А што се однесува до мене, јас одненадеж ја почувствував потребата во оваа проклета балканска крчма да одам докрај во разговорот, небаре најден во ринг во кој се разменуваат идеи како смртоносни удари.“).
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ниту еден човек нема со економско- политички притисоци да се принудува да извршува мускулно-механички работи кои можат подобо да бидат завршени од роботи.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во 21-от век, старите Јудео-Христијански-Муслимански секти сѐ уште ќе бидат наоколу, но ќе имаат мала моќ во споредба со забавувањето и уживањето.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Токму овој инстинкт, како да притајува во себе еден вид површна итрина и снаодливост, која и така несвесна и со нејасна цел, ги отсликува сите човекови пориви во времињата кога човек нема на што да се потпре, освен на надежта дека ќе ја достаса целта...
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
„А и во себе човек нема што многу да прави.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Таков човек немало овдека, ни велат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- А, дали имаш желба да влезеш во твојата куќа од детството и да видиш како е сега таму?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Жив човек нема.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)