Човекот ме пресретнува во улицата на дивите костени, со извинувачка насмевка ми го подава решението за престанок на работниот однос, потоа заминува, претпазливо преку пешачката патека, на другата страна од улицата.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Човекот ме гледа и се чуди, врти со главата, И бега од мене, се обѕрнува и бега.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ме гледа детето, ко голем човек ме гледа и така ме разбира.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ги погледна двајцата уште еднаш и рече: - Деца, - рече, - штом како човек ме прашувате, како на луѓе ќе ви кажам:преку планина ни пиле не може да прелета.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
А човекот ме трга на страна и ми вели: - Гледај, - ми вели.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ме нацрта, што се вели, друг човек ме направи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)