Тоа беше првата превентива да се спаси човекот себеси.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Потребно е човек себеси, а и другите, да ги ослободи од структурално погрешните очекувања на апсолутизмот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Не е фикција кога човек умира за одредена цел, а не ретко на најсубверзивен начин човекот себеси си поставува за цел нешто што однапред е недостижно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Осоколен од љубопитните очи на девојчињата, кои со нетрпение очекуваа да дознаат зошто сум ја зел скалата и каков мајмунлак сега готвам, го презедов најинтересниот подвиг сам со себе, оти човек себеси треба да се запознава цел живот, оти може многу повеќе да стори одошто мисли дека може, и одошто општеството, преку дипломи и документи му кажува дека може.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)