Човек можеби и не сака толку многу да биде сакан, колку да биде разбран.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Умрен, Били може да се здобие со бесмртност како предмет на бескрајна, елегична желба.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Се слушнало само некакво суво дишење, болно и испрекинато, човекот можеби се засркнувал, додека и другите околу него не почнале да дишат како и тој, претсмртнички или пијано, потоа тој Јане Крстин офнал и се занел на една страна, тогаш кога сите знаеле дека од негде некој стрелал кон нив, кон сета толпа, сеедно во чие месо ќе се забие оловото од бездруго долгата арамиска, беговска или измеќарска пушка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мелвил и го антиципира и го обратува Вајлда: Секој човек можеби го убива она што го љуби, но и секој човек го љуби она што го убива: Нека им биде ова предупреда на приврзаниците на мажественоста, на оние што претпочитаат геј-еротичност повеќе од геј-култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Можеби сакал да ги смири, да ги испцуе или да им се закани дека ќе се пресмета со нив доколку не се смират.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)