Кога Марко и Едо влегоа внатре, од собичката во аголот излезе еден човек налик на плашило за чавки, целиот свиснат врз самиот себеси, со конзерва пиво во едната рака и со другата напикана во големиот џеб од елекот облечен на голо – слаб, со испиени образи како да гладува, подвиткан, со сипаничаво лице и ретка, права, немиена, пуштена руса коса што му паѓаше на сите страни на лицето.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Оваа одломка се наоѓа помеѓу два наводи преземени од Борхес, кои се дадени - helas - во француски превод, и чиишто извор не е наведен.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Крупниот човек налик на Џон Вејн ме погледна ненавидувачки, ми вели: - Се состануваат! Ловат!
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Одломката од Џојс е идентификувана: потекнува од Портретот на уметникот во младост, и гласи вака: “чувството на страв од непознато го допре срцето на неговата досада, страв од симболи и знаци, страв од човекот налик на сокол чиешто име го носеше полетувајќи од своето заточеништво на крило исплетено од врба, Тот, бог на писателите, кој со трска пишуваше врз таблица и на својата тесна ибисовска глава носеше рогата месечина.”
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)