човек (имн.) - никогаш (прил.)

ВО ИСТАНБУЛ човек никогаш не треба да се возбудува дека ќе остане без хотелско легло, зашто тој е преполн со хотели, со ноќевалишта и анови...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На жалбите, инаку, човек никогаш не може да им најде крај.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Местото каде што нема темнина беше замислената иднина, што човек никогаш нема да ја види, но во која, знаејќи однапред за неа, можеше на мистичен начин да учествува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Човек никогаш не можеше да ги види, освен како заробеници, па дури и тогаш само за миг.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го изненади помислата дека во моменти на криза, човек никогаш не се бори против надворешниот непријател, туку секогаш против сопственото тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Досега човекот никогаш не му проговорил ниту еден збор.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но наместо одговор, од некоја длабочина во главата му изникна ритам, разбуден од несвесна асоцијација, онаква каква што човек никогаш не умее да пронајде кога свесно ја бара.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но тоа и му го зголемува приходот поради што е вистински задоволен зошто летото беше времето кога човек никогаш нема доволно пари.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За големиот циник на деветнаесетиот век, а пред се голем писател и мислител, Вајлд, судбината во односот спрема човекот никогаш не ја затвора сметката.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Какви времиња се, човек никогаш не знај шо го чека.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Гледам си мислам во себе, гледам, ама не гледам, со тебе човек никогаш не е сигурен што правиш, а што мислиш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но луѓето никогаш не се вратија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Човекот никогаш не знае што не треба да направи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се прашувал вака ли минувал секогаш заводливецот на жени - поразен. Скоро лазејќи се повлекол од сенката под која лежел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Всушност, бегал од себе како човек што ги знае туѓите намери и што ги претчувствува изгубените битки на човекот со жена и со три деца. Не, тој човек никогаш не отстапувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Кич“, накратко, е збор што човек никогаш не им го припишува на предметите што самиот ги сака, туку го користи само за да го дисквалификува туѓиот сентиментален, некритички, лош избор на предмети.198 Судот, пак, дека нешто е камп, тврди Сеџвик, не му овозможува слично изземање на судителот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Човекот никогаш не е сигурен дали мисли правилно.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во името на „класната борба” човекот никогаш не бил повеќе понижуван.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)