Човекот постојано заскитуваше по некои патишта и предели што само тој ги знаеше и притоа одвреме навреме се насмевнуваше. Густира ама со тажно срце.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Човекот постојано се движи. Нештото, животот во него се движи.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Една жена, кога некој ѝ зборуваше, постојано ја движеше главата влево и вдесно, затоа што ѝ се чинеше дека зборовите летаат кон неа, и можат да се заријат во нејзиното чело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во малечката библиотека еден човек постојано се држеше за глава, извикувајќи: „Зборовите одлетуваат од страниците! Зборовите одлетуваат од страниците!,“ и повторуваше сѐ додека останатите читатели не се побунеа, па чуварите ќе го однесеа во неговата соба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Имал - немал зошто, човек постојано се заблагодарува на тоа што воопшто нешто можел да каже.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)