човек (имн.) - да (сврз.)

- Можеш ли да седнеш сама? – ја прашував јас постојано, мислејќи дека е нормално на стар човек да се понуди помош, но секогаш наидував на истиот одговор.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Немаше човек да не го познаваше Чанга. Тој имаше остар и непредвидлив ум, не беше лесно некој да го надмудри.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тргнете ги столовите од светот, направете човекот да го заборави нивното постоење и зборот стол да исчезне од сите реченици на светот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Важно е човеков да сфати дека живее во две кожи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Безброј пати ја, повторив својата приказна кој сум и од каде дојдов, сѐ до утрото кога ме ослободија и пратија човек да ме следи до бренчот на Сити банк.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нормално, како и секој аздисан, тоа двојно му ги отвори апетитите, па непосредно по запишувањето на факултетот, баба ми му отвори дуќан, за „еснаф, филан човек да стане”, како што знаеше таа да рече.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тој не ги поведе своите на манастир, како што правеше секоја година, не ги поведе да не му пречат, зашто мислеше на сѐ, - можеби ќе си пријдат со Богдановото девојче, необични и тој и таа, узнавајќи се од душа такви, а тогаш треба човек да биде сосем слободен, ќе треба можеби да бегаат заедно далеку од род и родина, каде што сите стеги паѓаат, ќе треба можеби уште веднаш да загинат заедно, дека е тоа најдобро, не знае тој.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Бахтијаровите Анадолци во верига ги претресуваа не само селата, колибите и пештерите каде што можеше човек да се заклони, ами и сите смреки и грмушки, небарем зајаци бараа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во кафето веќе можеше човек да забележи групички по масите од пет шест луѓе, кои секој ден на една маса седеа и водеа сериозни разговори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Страшно се лутеа офицерите и чаушите ако некој од селаните речеше: „јок“, на таквите им удираа стопати повеќе бој отколку на тие што велеа „вар“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А сега, како да не беше тој, како друг некаков човек да говореше со неговата уста: - Ти, Веле, започна полека стариот мајстор, - ти добро рече, аџамија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Впрочем, да се идентификува BAD, да се биде секогаш на штрек, го овозможува задоволството човек да се чувствува жив во време кое „врие од разуздана празнина и ѓубре”. Fussell вели дека нештото кое очигледно е лошо не останува лошо за долго, бидејќи некој ќе се сети, и bad ќе се воздигне во BAD, ќе биде фалено насекаде како вредно, како посакувано.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
3. ГЛАСАЊЕ - Инструмент и симбол на моќта на слободниот човек да направи будала од себе и да ја упропасти својата земја.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Праволиниското време не зависи од човекот, тоа започна да тече од Биг Бенг наваму - гарантен рок на целокупниот космос, секако со Ајнштајнови исклучоци и модификации, кои не ја исклучуваат основната специфика за праволиниското време: невозможноста човекот да има некакво влијание врз него.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Како на човека да му ја намирисува мислата во однос на животното.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Националното е еден вид политички камен кој на сила му се става околу вратот на човекот расположен да лета; со него се задржува човекот да остане во своето село, до својот нужник, да не отиде во светот, да не види дека постојат многу и различни светови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа ми забрануваше да ја сакам, ми забрануваше „јас“ да бидам „јас“ и јас да решавам што ќе сакам и што ќе правам; со тоа, таа ме лишуваше од себеси самиот, како што се прави тоа кога човек се става во затвор, па му се одзема правото да биде она што по професија е, да биде сопруг на својата жена или татко на своите деца, да биде пушач, па му се одземаат запалката, цигарите, сликите од семејството, паричникот, врвките, каишот; тоа беше чиста политика, идеолошки терор од прв ред: да не му дозволиш на човека да биде она што е!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој ја вртеше песнарката, ја отвори и почна да чита на глас; ме понижуваше така што читаше бавно стих по стих, и потем се смешкаше; ме прашуваше со потсмев во очите што сум сакал да кажам со ова, што сум сакал да кажам со она; па како може ѕвездите да шепотат, па како може вратот на некоја девојка да личи на кула Давидова; па како е можно устата да биде како калинка а градите две срни меѓу кринови; па зарем не е глупаво човек да каже дека нечија коса е како стадо кози, и слично и слично.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
МИТРЕ: Сега, вистина кога ти велам. Си помислив: што му текна сега на човеков да нѐ направи будали!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Сѐ нешто треба човекот да го гризе!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИТРЕ: (се испружува убаво). Шуќур каде оставил господ лежење, да може човек да си ја одмори снагата...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Оној февруарски ден 1933 година Зигмунд навистина веруваше во тоа, но веќе беше започната една поинаква низа на настани – дојде нов владетел на Германија и нашите сестри се вратија во Виена; кога новиот германски владетел ја освои и Австрија, брат ми со оние чии животи одлучи да ги спаси замина за Лондон; ние, неговите сестри, бевме депортирани во еден, па во друг логор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мислев на неговите хумани зборови кои ги кажа меѓу остарената Богородица покрај распнатиот Исус и Богородица со детето Исус: дека највисоката цел кон која треба да се стреми човечкиот род е да се овозможи секој човек да живее живот со што помалку тегобност, и секој човек да придонесе во остварувањето на тој идеал.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А за да може човек да ги ползува резултатите од својот труд, треба прво да се потруди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мнозина може ќе речат оти вистина добро е човек да се позамисли над прашањата засегнати во оваа книга, но сега уште не му е времето.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И тие луѓе да изработат една граматика што им одговара на севернословенските народности, па да остане како света книга за сите училишта, а и за пишување други книги“ /1875/.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имено, откако на писателот на контроверзната пиеса за љубовта со козата, му кажале дека на Балканот не е чудно човек да се вљуби во коза, овој ревнал од радост.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
ФЕЗЛИЕВ: Нели, Луков? Би било навистина возбудливо човек да ја продава досадата во три изданија: утринско, пладневно и вечерно.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Јас на пари не сум мераклија, туку на човекот да е убав, како што е Илија, и на љубовта која си ја имаме (пее): Парите се, парите се, Парите се отепувачка; Љубовта е, љубовта е, Љубовта е најмила!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во тоа време ангелот го навртува човеков да препомине под пенџерињава и како што чул плачење, застанал да чуе што станува и ако е потребно да помогне.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Зар може човек да се бори со голи раце...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Треба човек да ја познава работата, а кога немавме ниеден друг прирака, освен Дука, и кога тој не можеше да дојде, тогаш поседи неколку дена, две-три недели, мислам, почекај ако разјужи, ако дојде водана, поработи, извади некоја штица, а после бегај.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога ќе се гледаше во тоа лице, секогаш се имаше некаков впечаток како на него да недостасува нешто, некој свиок на некоја брчка или некаква длабочина, или можеби некаква цврстина, што би го собрала него во една целина, која што продолжува упорно да недостасува и колку да се мачеше човек да ја бара на тоа лице, загледан во него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Време е и на овој човек да му дадеме збор. - Не! Сѐ е во ред.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во минути на смирување, кога спокојното размислување го потиснуваше трагичното чувство на безизлезност, Арсо се враќаше кон напрежните свои убедувања дека вистинската смисла на човечкото живеење е во непрекинливата акција, во непреодливата волја на човекот да дејствува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Попусто е човек да му се опира на тоа што станува и што треба да стане и да ја бара чистотата на својот убав сон во средствата на остварувањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А кога не се најде трага ни од Хаџи Ташку со дружината, ниту, пак, од некои други ајдути, ко се дораздени убаво (небото изгреа ведро и дури и повцрвено од сношти, но сега на другата, на источната страна; и што удри една цибрина, срцето на човека да му распукне во градите) сите одново се собраа на срецело.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Еден човек да ми даде, а друг да ми земе велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А може нешто сме подале преку покојната, вели, или нешто ја поминало: куче или маче, глушец или кокошка, а може и некој човек да ја пречекорил, му вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А немаш човек да те види, од некаде сонце да те угрее...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што време ни даде, господе: човек да се крие и од човека?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ќе те дупат муви и горештината и ќе скапуваш, да не можеш да се мрднеш, и во Серес им ги турнавме куќите за да правиме окопи, и земјата е секаде празна, народот бега, а окопите ни беа покрај пругата, оти полето беше под вода, а почна и маларија, трески големи и секое утро врви човек и ти дава кинин во окопите и ние го пиеме ко ракија, а горчи, леле мајко и ти даваат некој пченкарен леб, може човек да отепаш со лебот и некогаш ќе сварат грав, ама грав нема, само неколку зрна се бркаат во казанот, и не можат да се сретнат, да се видат
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама се лаже човек, вели, останало човек да се лаже.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Здола, на јаслите, се чеша кравата, првка и потклоцнува магарето, како човек да ти чука на врата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ајде, вели Уља, ама нешто како да ми се пресени онаму, на падинкана, на голоно. Како човек да беше, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ја немам Уља за жена, ми вели Мирче, како до мртов човек да легнувам, вели и ја врти главата настрана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Добар начин на човек да му се посака добре дојде во неговиот скромен дом, си помисли.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Можеби сите линии, сите крстопати, излези во лавиринтот сочинуваат универзален план на некоја виша сила, кој треба човекот да го следи во текот на својот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Убаво зборуваш, брате Камилски, да му е милина на човека да те слуша, ама ние многу се оддалечивме од нашата цел, од нашиот балкански башибозук!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Причина човекот да му се предаде на касметот! коментира Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но поетот со нова метафора го решава проблемот на човековата судбина: Биди ѕвезда на својот живот!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
18. ГОСПОД ШТО ЌЕ СПОИ, ЧОВЕК ДА НЕ РАЗЕДИНИ ПОТЕМ - но и матичарот да се јави на закопот со власта па и со параграфи да го приклешти тој, скротен, спор меѓу мажот и жената адамоевински прастар...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
12. ЌЕ НАПРАВИ ТОЈ ДВЕ ВРЕТЕНА ОД ТРИ БУКИ - страшното е штом се додаде: И ТИЕ КРИВИ ЌЕ СЕ, зашто тоташ ќе се појават две жалосни куки што ни јаже не ќе издржат човек да се беси...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
13. ПОАРНО ЧОВЕК ДА ПРОСИ, ОДОШТО ДА КРАДЕ - и просеше тој и крадеше, но арно му не е, кога наутро сонцето на небото ќе се здаде гледајќи го жалосен и жално му се смее...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Може човек да биде огорчен, во еден момент да се чувствува дури и сронат, но јас нема да паднам пред искушението на изгубена верба.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Дрвената рамка му беше стара, распадната, тоа на повеќе места олупено и прошарано со темни бемки како бемките на снагата од Богуле, но сепак и понатаму можеше човек да се огледа во него и тоа цел од нозете до главата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дали беше правилен неговиот избор на оваа висока положба или не, не би можел човек да се заколне, но на дела докажуваше дека ја заслужува.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Прати ли некој човек да разбере, да а потпраша одоколу, ќе се маже ли или калуѓерица ќе седе?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако знае човек да ѝ го заврти умот, ќе ја кандиса и за слеп сиромав, и за црн Ѓуптин да тргне; ако не знае, и бег да ѝ се врти, ќе го направи мат и маскара и не оди!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се стаписуваат од таквите слики на стутулени мочковци и серковци И не можат да се изначудат како тоа може да се случи и во Пентагон Во кој како што е познато има двојно повеќе нужници Бидејќи кога го граделе законот барал одвоени нужници за црнци и за белци Ама не била работата во нужниците туку во бешиките и дебелите црева При што не се исклучува однапред и можноста од некаква субверзија Оти баш кога пентагонци користеле по еден од двата нужника Еден хакер од Лондон им беше влегол во компјутерскиот систем Сакал човекот да си ја провери опседнатоста со вонземјаните
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Може ли човек да остарее за една ноќ? се праша.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Излегол од зад шипјето и тргнал кај луѓето да оди со прекрстени раце и со солзи на очите, се приближувал кај нив.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Си ги прошетал нивјето негови, си ја прошетал куќата, и најпосле летнал и отишол дури на манастир на Богородица на Трескавец, та застанал на кубето од црквата и многу ѝ се молил на Богородица, за да му поможе да појде на штрков вилает и пак да си дојде и човек да се стори, та три години ќе служел на манастирот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Арно ама што рекол некој: „Не треба човек да се радува многу, ни да жали многу, оти зијан ќе го најде“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога дошле близу селото Плетвар, кај дервенот, го видел Силјан полето Прилепско; ги видел Маркови Кули; го видел манастирот Трескавец, и од радост веднаш слегол до едни камење, за тамо да се потури со шишето вода, за човек да се стори и оттука пеш да си оди дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Фала му на Еросот, затоа и сепак, за одредените мали задоволства, како што беше лежерното водење љубов порано денес, на крајот од попладнето или на почетокот на вечерта, како годе човек да гледа на тоа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Мислам дека нема да згрешам ако ги наречам и расапеани денови на слободата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Човек да поверува дека беа во прашање необични денови.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не може човек да се покрие со превезот на самозаборавот зашто никогаш нема да излезе од затворениот круг на немоќта и сомнежите во сопствените сили, зашто под него се венее, сѐ се отуѓува и ретко надоаѓа утехата и надежта.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога се приближи, се најде пред голема тешка порта со вратниче на едната пола широко колку човек да се протне низ него.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Стоеше достоинствено со детето на раце и чекаше, пак според адетот, човекот да ѝ каже што било.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Лесно е, - велеше дедо Геро, - човеку да му напакостиш, па макар и кога заслужил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Опомена следи, потоа казна, биди скромен, чесен,верувај во себе. Човек да видат.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
БОРИС: Немој да ми зборуваш на „вие”. Како да имам ѕид пред себе. (Пауза) Може ли човек да биде „хи-фи”? Верен на себе? МИРА: Мора.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
ПОПОТ: Гајле немај, Маријо. Важно е човек да оди во милоста божја. (Марија го собира колачот.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Само дрдорите и човек да дремне не може. Ајде, доста, ниту збор повеќе, зашто ќе се налутам...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Важноста на овие билки, за дон Хуан, се состоеше во нивната способност човекот да го доведат во состојба на посебна перцепција.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Да си помогнеме во овие наши размислувања и со песничката: ЗА СИТЕ НАС За птица да лета, цвет убав да цвета, дрво да се виши, човекот да диши, чист ветрец да вее, јагненце да блее, чист снежец да вее, сончев зрак да грее, славејче да пее, дете да се смее - треба да умуваме, треба да ги чуваме: зеленилата, шаренилата, свежините и убавините - и ти, и тој, и јас, и ние, и вие, и тие, за мене, за тебе за сите нас!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Мечката силно се навредила, ја здоболел грдиот збор, па му рекла на човекот да ја удри со секирата по глава.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сакаш – не сакаш и по тамина ќе зборуваш, зашто малку од она што го кажувам е по видено а повеќе по чуено, по начуено и по тоа како што може човек да си мисли...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Останало човекот да се лаже.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не можеш и солза да пуштиш, ко човек да се расплачеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кај можеш така луѓе да качиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како некој да ми го украл животот и како некој друг човек да живеел со мојот живот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Отишол човекот да бара извод за женење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Идат луѓето да нѐ слушаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А кај може човек да живее како што сака и да мисли како што го тера.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па и ова јас што го кажувам за да се види колку може човек да истрпи и пак да остане.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми ја крие човекот да не се свртам нешто назад. Да не гледам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Решиле луѓето да ја изнесат својата несреќа од дома и на улица да ја исправат историјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ги терал луѓето да ги тепаат магарињата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Подруго ќе беше да имаше татко, вели, кој не помина, тој не зеде, вели, ко гасеници нѐ опасија, ама најлесно е гладен човек да најадеш, вели, и само се шутка, оптрчува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Немаш човек да ти каже нешто и стравот уште повеќе те совладува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ко човек да јачи планината.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)