На секој од нив брзо беше фрлен пропишаниот ручек - една метална порција со розово сива манџа, едно парче леб, една коцка сирење, едно ѓезве кафе, „ Викторија“ без млеко и една таблетка сахарин.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ќе се измие надве-натри, колку да се порасони, ќе ја заврти косата со еден дрвен чешел, ќе ја позамазни брадата и мустаќите — колку да не му влегуваат во устата, — и, ако не служи литургија, ќе си го наполни големото ѓезве кафе, ќе си го испие сам и ќе ја нарами торбата со „алатите".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Со ѓезве кафе во едната рака и слушалката во другата средовечниот капетан само го слушаше својот соговорник.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)