Од што се плашеле? Бездруго од платеници на суробрадиот Али-бег што не признавал друго воденичарско господарство освен своето: па дури и на оние благолики Турци, наргиличари со среќна насмевка на алахови почитатели што не ја одобрувале неговата алчност, бегот можел да им се одмазди на некој начин; во својот долап со изрезбани арабески во дабово дрво имал пергамент за дедовски и татковски и свои заслуги во кој, со милосливост на султанот Махмуд Втори, се барало од граѓанските и воените власти да му бидат секогаш при рака, не додавајќи ги кон сето тоа легендите за неговите браќа што се истакнале во ликвидирањето на побеснетите јаничари и крџалии и пријателството што го врзувало со секакви мутеселими, кадии, кајмаками, шејови, заслужни бегови; се знаело дека во еден спор и самиот валија, државник и поет и исто толку почитатели на поетите Зати, Фузули, Наби, Вејси, набожно ги допрел со набожниот султански ферман градите, усните и челото и го прогласил неговиот стопан за доживотен праведник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Заедничкото на јаничарите и језуитите им беше тоа што и едните и другите исчезнуваа толку тажно и во мрак, без зрак слава и признание, жртвувани за подемот и величината на Султанот и Папата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
До султанот и до неговите паши стасале многу поплаки против одмаздникот, шербетот што го пиеле им станувал горчлив.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Истражувале како да се сочуваат, да останат толку колку што останале живи и пак, без караници, умно наслушнувајќи се еден со друг, се поделиле: едните мислеле дека е побезопасно да се патува дење, другите верувале дека ноќе не ќе сретнат никого дури ни на царски друм.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Уште да не беа јаничарите и нивната дива рака: но во вакво време и тие како да извираа само од некој сон, си рече Бајко.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Затоа се собрале во Едрене најсилните јаничари и пошле на арапски биниши да го бараат ајдутот Парамон.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На орлиштата им се придружувале мравки и лакоми стаорци а тревата, изгорена од крв, се сушела: се бијат Карпошовата војска и Паромоновите ајдути со јаничарите и со аскерот, колат и паѓаат заклани, се крши железо, пукаат черупки, се множат купови мртви.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Оддалеку, од Српско и од Влашко, од Бугарско и од Латинско, доаѓале во вилаетов голошии орлишта да се налапаат мртво крстено и некрстено месо.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)