— Како бре, јузбаши ефенди, како немало причини за зулуми? — се изненади бимбашијата на ваквиот рапорт.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Аскерот ги забележа голораките дедо Колеви востаници по чуките, а сигурен дека немаат оружје, се назагнаа живи да ги излови.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јузбашијата ги знаеше многу убаво, тргнувајќи од својот татко — бег во Солун и преку разните негови другари — бегови, спаии, кајмаками, кадии, м"_ртии, авалеџии, беглиџии, идеше до сите заптии и колџии и нивните пљачкашки дела.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Толе се извлечка од селото, но не ги напушти згодните метеризи гробиштата, ами гледајќи дека јузбашијата ги напушти истите за да му помогне на Расимчауш, сега тој зазеде тука позиција, надевајќи се дека главната сила со војводите е тука за да ја продолжи борбата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)