— Ами кога ви веле јас од лани: пусат, море луѓе, пусат прибирајте, вам шо ви се чинеше, а? „Се шакуа Толе“.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Толе ги обиколи сите села по старо Мариово и насекаде бараше едно: — До вечера, до утре, сакам илјада души со оружје в рака да го нападеме мудурот и јузбашијата во Витолишча.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Значи, се истребија сите откај нас — задоволен констатира стариот мудур и се спремаше да му предложи на јузбашијата да излезат некој ден да ги видат пепелиштата и пустошот што го направија војските и да ги покараат и поучат селаните да си седат мадро, да не се поврати злото пак.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
13. Мудурот и јузбашијата во Витолиште поседоа една две три недели откако се крена аскерот, такаречи, без работа, чекајќи да дојдат луѓе на уќуматот од другите села на мудурлакот, но за големо чудо никој не стапна.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)