ќерка (имн.) - ѝ (зам.)

Погледот на Самуел Ароести, мојот дедо по мајка, покрај кого натерани во трк одат неговата жена, мојата баба, нивните две ќерки, никогаш незапознаените тетки и други, непознати луѓе претворени во вечно живи филмски сенки.  Поручникот со презир погледнува во Хана Голдблум, која меѓу униформите стои исправена, и на ќерка ѝ, ѝ се чини, ненадејно и силно извишена, облечена во својата долга домашна наметка, вита и издолжена како во најубавите години од нејзиниот живот.  „...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
По мајка Германка, по татко Еврејка.  Хана, значи, го забележува немиот ужас на лицето од ќерка ѝ, и како да го видела најголемиот ужас што една мајка може да го доживее, доаѓа до масата, замавнува со сета сила и шумно ја превртува.  Германските војници застануваат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се чувствувам засрамена што сум Германка”.  Од нејзината соба се појавува поручникот.  „О, Вие сте Германка?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Ќерка ми е мојата гордост”. „Вашата гордост има чифутско потекло.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Хана го забележува немиот шок на лицето од ќерка ѝ, како да го видела најголемиот ужас што една мајка може да го доживее...  „Е, сега гледајте!“ - ми вели доктор Астерид.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- На вашата ќерка ѝ е ставена вода од бањат мртоец у кафето за да не може да се омужи ама и неа ќе ја средиме.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Жена со фустан дотогаш беше само Демирана, жена му на Ферита ковачот кој со ќерка ѝ на Демирана која, исто така, му беше жена, секое лето од Ѓурѓовден до Митровден престојуваше во Брезница во племчето на Дрисковци поради што луѓето племчето го завикаа "ѓупчалница".
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Дишан и неговата жена се договориле да се сретнат со ќерка ѝ по неколку дена во нејзиното атеље на Монмартр.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Таа му кажала дека нејзиното име е Ивона и дека во согласност со желбите на својата мајка, станала сликарка.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Додека студентот се влечеше со ќерка ѝ арен беше. Преарен. Сребро, злато.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таа го покажува и начинот на кој Џоан Крафорд ја прикажува Милдред Пирс како изведба, во смисла на тоа дека открива колку и самата Крафорд, далеку од маченичка поради својата беспомошна, самопожртвувана посветеност на ќерка си, всушност, во Милдред Пирс дивно лажирала.310 Штом камерите ќе престанеле да снимаат, Крафорд – а не ќерка ѝ – била таа што, всушност, ги влечела конците. ‌За Џоан Крафорд, излегува, долгото мачно мајчинство не било абјектна несебичност, како што укажува Милдред Пирс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кој нема да сочувствува со нејзината болка, со нејзината вџашена неверба во свирепоста и неблагодарноста на ќерка ѝ?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако ништо друго, Најмила мамичке барем сведочи за пресудната улога на изведбениот елемент во создавањето на особеното задоволство на мелодрамата. ‌Сцената со генерацискиот судир во Најмила мамичке не ја турка само до крајни граници театралната екстравагантност и бунилната претераност на глетката на поштукнатата мајка во Милдред Пирс, нудејќи ни кампско задоволство на преувеличена изведба изведена заради изведба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кристина ја фатиле како се бакнува со некое момче во интернатот; ја повикале мајка ѝ и – против волјата на ќерка ѝ и спротивно на укажувањата од директорката – таа огорчено ја отпишува ќерка си од училиштето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мислам, ќе се разгневела ако ќерка ѝ користела жичени закачалки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, им нуди и збеснатата мајка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А не го смалило ни задоволството на тие второкласни изведби, како што покажува Најмила мамичке (и нејзиниот геј-култ).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Веда им нуди силен симбол на геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Особено е познат по сцената во која Крафорд, во едно пијано сентиментално расположение, ноќе влегува во спалната на децата и, наеднаш, згрозена од глетката на една жичена закачалка што стрчи меѓу фините и обложени, усогласени закачалки, внимателно бирани за гардеробата на ќерка ѝ, жестоко ја претепува Кристина со закачалката и ѝ ја растура собата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Длабоко згрозен од едноличниот свет на ниската средна класа во кој се родил, Пол особено, и постојано, се потплашува од „мрсната реа“ на готвено (122, 125, 131), која за него го претставува сето она што има врска со непрефинетата тмурност, со долната телесност и со задушните секојдневни обреди на репродуктивната хетеросексуалност – сѐ што има врска со естетскиот пустош на секојдневниот семеен живот – против кој му се бунтува душата. ‌Пол ќе си најдел сродна душа во ќерка ѝ на Милдред Пирс, Веда, која исто така копнее да избега (како што ѝ нагласува на мајка си) од „твоите пилиња и од твоите пити и од твоите кујни и од сѐ што базди на маст, ... од ќумезов и од петпарачкиов мебел, од градов и од неговите распродажби и од неговите жени во униформи и од неговите мажи во комбинезони“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, тоа било... животна улога. ‌На тој начин Најмила мамичке ретроспективно внесува во Милдред Пирс елемент на неавтентичност што веќе е имплицитна во драматичната поставка, во одигрувањето, во општествениот израз и во јавната изведба на секоја страсна емоција. 14 ОД ТРАГЕДИЈА ВО МЕЛОДРАМА ‌Емоционалната неавтентичност може да биде погубна за трагедијата, но таа не ѝ штети на мелодрамата, а не ги упропастува самодоживувањето и културата на геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Овие си се неговите, си рече.“ 258
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога ќерка ѝ, Јана, мајката на девојчето, ѝ донесе за роденденот три раскошни цвета на стрелициум, три наежени папагалови глави, завиткани во целофан и украсен црвен ширит.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ме држеше за рака некое време, а потоа зениците ѝ се превртеа, закркоре, устата ѝ фати пена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Есента таа година од Берлин пристигна сестра ми Марие, неколку дена откако ќерка ѝ Марта се имаше фрлено од еден мост во Шпре, во која неколку години пред тоа се беше удавил и син ѝ Теодор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми ме погледна и праша: „И, каде би отишле потоа?“ „Кај ќерка ѝ на Паулина.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сака мајка ѝ да биде на сигурно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие денови брат ми се жалеше дека чувствува некаков израсток во устата, кој му пречи при јадењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И ќерка ѝ има потреба да биде со мајка си.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога слушнав како некој за прв и последен пат во мојот живот ми вели “мамо”, времињата се преклопија – некогаш нејзината мајка во неа ја гледала својата мајка а за мене мислела дека сум ќерка ѝ Амалија, сега мојата мајка мислеше дека сум ѝ мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Тогаш обиди се да измолиш излезна виза само за Паулина.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од некаде изваде две фотографии – на едната беше ќерка ѝ, на другата син ѝ, и помина по нив со прстите влажни од пот или од избришани солзи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сопругот ѝ беше одамна мртов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Што ќе прави ќерка ѝ на Паулина со вас четири старици во Њујорк?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И, додека сватовите ја полнеа куќата, комшиите ја полнеа улицата и се редеа по групи (кој со кого зборува и си има муабет, нели), па така, по двајца или по тројца во група, стрпливо чекаа да видат како ќе биде стокмена невестата и дали по нешто ќе се разликува, зашто мајка ѝ веќе беше раскажала по цела улица дека „ќерка ѝ ќе оди во град“ и ќе се мажи за некој што во куќата има мебел од некој што не знае како се вика (Луј ли, Муј ли, 15-ти, 16-ти... така некако).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Оној големион, што игра шах во моментов со стариот во другата соба, но и она малото, што, пак, се посеало во матката од ќерка ѝ.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој ѝ одговори: – Не, добро ми е вака. Најпосле... боже прости... Клотилдина ѕирна низ клучалката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неговата стопанка, госпоѓата Нини, добра, старовремска баба, и ќерка ѝ, веќе окапана девесница, немаа можност да се сретнат со него.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По неколку вечери, кога Тулио Бути како и обично гледаше во прозорецот на Машиеви, се вангелоса кога виде како во собата отспротива, каде што семејството обично вечераше, но овојпат без таткото, влегуваат госпоѓите Нини, неговата стопанка и ќерка ѝ и како таму ги пречекуваат како стари пријателки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тулио Бути и не помислуваше што сè ќе претпоставуваат неговата стопанка и ќерка ѝ кога ќе забележат дека тој секоја вечер седи вака во мракот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Утревечер мајката или мажот ѝ, знаејќи дека во сопчето отспротива стои тој и ги следи во мракот, ќе ги затворат капаците и така во неговата соба веќе нема да навлегува светлината што му вдахна живот, светлината во којашто наивно уживаше, којашто беше неговата единствена радост. Меѓутоа, не беше така.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се чинеше дека Бути намерно сака во таа просторија да се чувствува отуѓен како во некаква хотелска соба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Иако на мајка и тоа ѝ беше понекогаш напорно, сепак ја исполнуваше ведриот дух на ќерка ѝ.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А ти тогаш се навреди и ми рече: Зар треба секој час да се лигавиме како комшиката Мара и ќерка ѝ дебелата, помини замини, само цмок, цмок прават, не им личи...
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мајката на Марија насетуваше дека животот на ќерка ѝ тргнал на лошо.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не се работите такви какви што сака да ги прикаже ќерка ѝ...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога закопувавме една жена, на нејзината ќерка ѝ падна тешко, ѝ се зеде свеста, се затетерави и запаѓа на кај гробот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Та не ќе почне ќерка ѝ уште од десетте години да води љубов? ...
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Штом стигна во Тирана, во куќата на Афрдита и ќерка ѝ Мирјам, нејзиното семејство будно вардено од очите и ушите на полицијата Сигурими, мајка веднаш побара да оди на гробиштата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во болница? – Не е. Кај ќерка ѝ е.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Постарата ќерка ѝ придаде чаша вода, со лек сигурно за срцето, за да ја смири.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Од спомнатите заскитувања навистина се срами, бидејќи присутноста на ќерка ѝ Ивана во сите нејзини размисли прераснуваше во растревоженост, дури и во страв.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И пред две вечери, во самракот, посматраше како ќерка ѝ Ивана стои со Оливер, синот на Стојна, долу, зад куќата!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Едната ѝ припаѓа на ќерка ѝ , а другата требаше да биде за она дете од кое пред време се откажаа па таа и не се потруди да го роди.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Можеби...можеби... Постојат тристотини можеби.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можеби дури и го молела Господа, но во себе, ќерка ѝ да се сврти, да ја забележи, и на тој начин да ја оневозможи мајка си да го стори она што веќе го наумила. ...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таму спиеше кај една жена од селово пребегана со маж ѝ и ќерка ѝ од качачките зулуми.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Дома е мајка ти? - ја прашав ќерка ѝ Ангела којашто ја викаат Енџи, зашто е родена во Америка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мажот, да не му се опчади, ја остави на годината откако го купија анот и така таа од Велика стана Чакарвелика, ќерка ѝ се омажи во некое село, а синот еве четири години служеше нечија војска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Многу мои врснички имаат, братучетка ми Калина неодамна ја видов фатена за рака со едно момче, Аделина – ќерка ѝ на тетка Марина, имала, како што самата вели „сто и еден” до сега, Лета на тетка Софија од скоро е „зацапана до уши”, а јас?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
До пред извесно време мене ми беше супер со Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)