ќерка (имн.) - мој (прид.)

Со синовите и со ќерките мои и со жените мои се погодивме тие да ме пуштат да си отидам а јас, за вратка, да им го оставам имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Ќерко моја, како патуваше, долг е патот. - Ма тето моја, проблем не ми беше патувањето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас мигновено го забележав тоа. Зар и вие, ќерки мои? Ами јас и Агна сме ти носеле лимонче, мори старо!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Видов како онаа меѓу вас која прва ме прими во својот дом си ги прегриза усните од жал и подавајќи ми леб и вода, со својата топла и мека рака ја допре мојата, жилаво старечка и растреперена. ’Татко, до кога ќе луташ?‘ ми прозборе. ’Немаш свој дом, главата и брадата сосема ти побелеле од последниот пат кога те видов, а телото ти се смалило под товарот на годините!‘ Трогнат од милоста во нејзините зборови, тогаш ѝ реков: ’Вистина е, единствена ќерко моја, јас страдам, но се радувам!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Ех, ќерко моја, и тебе мајка ти само добрина те учела.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Ѕвездо, леле, ќерко моја - Ѕвездооо - сум го дочекала и пречекала на прагот од домата наша - како што си ми нарачала наживо, и насон си ми повторувала - си ми велела.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Господ да даде утре или други ден да се искачат - гласен одговор, а мисла скришна - со Трајана, домаќинот мој... и татко ти, ќерко моја...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Долговечна да ти е среќата со Трајана, никогаш да не се двоите, ќерко моја - се потпре до снаата баба Петра.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Така е, ќерко моја.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Снао моја Трајанице, ќерко моја Јаглике, од збор до збор ти кажувам - така ми има речено Ѕвезда наша - насон ми има речено - ама небаре најаве било - па спружив раце да си ја прегрнам - ама јавето било лажовно..
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Гледај, ќерко моја - со дланката си ја покрива насмевната уста баба Петра - орото личи со Трајана наш!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Сè дури ме крепи снагава така нека да е, ама кога ќе се снеможам ќе ти речам: - Снао моја, невесто Трајаница, ќерко моја Јаглике, до сега јас - од сега ти!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Снао моја Трајанице, ќерко моја - свената Јаглике, со која душа да те запрашам за домаќинот твој, за чедото мое, за Трајана мој, дали наплеќи си го нашла сосечен, со очи оџарени накај небото?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Снао моја Трајанице, ќерко моја Јаглике, откако се разделивме од тебе, а набргу се раздели и со тоа момче - безвреме сретнато се плашев душичево ќе изгори и по тебе, и по него.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Што се однесува до неговата ќерка моето мислење и пред овој настан беше заокружено.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нека биде ќерката моја жив мост помеѓу нашите семејства...“
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Така е, ќерко моја, преку ноќ ништо не може да се измени.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Игравме други игри! – И што ти рече тогаш грофот Чано? – Ми рече, ќерко моја, ти убаво играш!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)