Сега го копаше подот но ќошето на една малечка просторивка лево од вратата, тука го чуваа алатот, а во земјениот под ги запретуваа компирите, на тој начин сочувувајќи ги од мразот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Прашање е значи сега како да обучиме друг орган За дружење со светлината А и која е азбуката на изнудениот говор на мракот Кој стрпливо во ќушето на животот чека?
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Така задуман, или одвеан, еден ден забележав како претрча или прелета од едното во другото ќоше на одајчето, од едниот во другиот агол на окото, мало, црно глувче.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Се стемни додека ги исшета само неколку од четириесетте, појде од Тахта-кале маалото, па по Капан-џаде и Гази-Лала, слезе на Карадак и Кебир Челеби, а додека севезден се ѕвереше нагоре, небаре од ова или она ќоше на сокаците ќе го види туљбето на Гази Баба, снегот редеше и редеше, и врз неговите опинци и опутите, и врз клепките, ушите завиткани во шал, така и врз керамидите на куќите што му се бендисаа, убави куќи, ниски и двокатни, градени цврсто од тврд керпич, од чии пенџериња го гледаа вцрвенети детски обравчиња што крцкаат оревчиња, а лушпите не ги фрлаат надвор, преку џамот, туку ги собираат и метат како што е редот на чистотата и како што игуменот ги подучуваше во манастирот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)