богами (мод.) - ќе (чест.)

Бабата Петра во себе го побара Костадина, да беше тука ќе ги поземеше внучињата, а богами ќе го подметнеше и својот грб за да ја симне од вагонот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но, ако тргнам да ги реализирам овие „технолошки комплицирани” концепти, богами ќе требаат пари. Што мислиш за заедничката креација, по искуството со Зеро, и во светлината на ова што велиш, „го нема веќе она дружење од осумдесетите во градов”?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Демагогијата и малограѓанскиот ситен интерес сѐ уште доминираат со јавната сцена на идеи и новата некорумпирана генерација интелектуалци и политичари богами ќе треба да вложи значајни напори да се пресмета со тој парохијален и всушност примитивен дух кој нема изградено никакво посуптилно чувство за иднина, за заедница и за делба на интересите. Маргина 35 7
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)