Кога се свртев накај шолјата - имав што да видам: до половина беше полна со не многу бистра вода, а на дното една маса тоалетна хартија надуена како падобран ја прикриваше дупката преку којашто идеално целата шолја требало да се испразни.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Потоа застанавме пред голема лимена врата во хоризонтални вдлабнатини и дури кога почна автоматски да се отвора сфатив дека се наоѓаме во гаражата, која е всушност кујна, а и влез и излез за целото семејство.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)