Во еден момент помислив дека можеби мојот началник се надева, сосема природно, да покажам љубопитство или сака, низ бавниот и банален тек на разговорот, да го испровоцира тоа љубопитство, но искуството ми зборуваше дека не смеам да паднам на таквиот испит.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Па сепак, реков:„Можеби имаш право, можеби моето прикажување ти заличило на конференција!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Постои ли навистина мојот Игбал, оној со кого бев неразделна сето ова време, Игбал – мојата тајна, мојот најдобар пријател, и можеби мојата најголема љубов?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Твоите искуства околу средувањето на животот низ разговори многу се поголеми од моите.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дали сум го измислила?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)