Кажи: нема спас од јазикот
зад секој знак се изплазува
со својата двосмисленост
- жива песок во којашто
(се) гине
со пред-у-мисла
а ние, овоземни, талкаме
по некоја обоготворена смисла
правиме пазар напразно
играме комар
без ќар:
самото правење има своја поетика
- ја насетуваме, не ја именуваме;
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)