Неочекувано, со чемерна шегобијност но зајакната со калапот на привидната осаменост, го прашала ја сака ли за жена и дали не ќе зажали што не се вратил во своето село.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ја држеше в прегратки посигурно и поврело од Ивана.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
-Му налетав на еден в прегратка. Помислив дека си ти. Одвај се извлеков! Има такви, држат цврсто.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сета крв на заодот била собрана на нејзините млади усни за чија целивка и ѓаволот куц можел да се откаже од горештината на пеколот и да се пеплоса до врвот на опашот доколку таа би го зела в прегратки. Се потпирала со дланки на колковите и се нишала на нозе гледајќи го со накривена глава.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Значи ли тоа дека се заречуваш оти веднаш потоа ќе ми се вратиш в прегратки?
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)