в (предл.) - пустина (имн.)

- Тој појде по вас и рече дека сака да ви помогне, тивко, скоро срамежливо плачела жената.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Попусто го задржував. Отиде да ги остави коските в пустина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Спомнувањето храброст, дали тоа не е понекогаш Копнеење по загубен кладенец в пустина?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Овде, онде по весниците ќе екнеше по некој глас на праведник в пустина, дека со тоа ги воспитуваме децата на погрешни вредности, дека треба да ги заучваме дека не е финтата во тоа да се биде збеснат и да се вози бесна кола. Е ајде, де.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
32. ГЛАСОТ Е ПОБРЗ И ОД ВЕТЕР - не в пустина, а меѓу маж и жена, ветерот тука отпосле ја мете прашината гласот што ја кренал...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)