в (предл.) - црква (имн.)

На Велигден ја поврати причесната уште в црква оти таа му се издиши кога се заврте назад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Започна тивко, ненаметливо. Прво со жените на улица, на фурна, во бањата, в црква: Оздраве ли детето, пише ли синот од војска, како е зетот, внуците, убава метла си купила, стомни, пиперки, рано дојде зимата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Е да ми простиш, и јас се имам посрано в црква, и тоа сигурно пред тебе“.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
На сон Севда се најде в црква. На патеката меѓу гробовите по која жените се враќаа од црква со запалени свеќи и се раштркуваа меѓу гробиштата секоја одејќи на гробот на својот близок да му запалат свеќа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Убаво беше да однесеше една ока масло в црква да му го палеа кандилото за денов. Здрамите си (Пие)!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ми се стори уште постар, пожален. Господи, мислев, неговото лице еден ден мајстори ќе го цртаат в црква.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Штом поминуваа крај неа, ѝ се поклонуваа и оние што одеа в црква и оние што од неа излегуваа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во неделите наутро одел в црква и слушал нејасни попски песни а попладне спиел со некоја вдовица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ме заборавија кога Илчо Просинек почна да раскажува како бил млад роб кај некој трговец Евреин во Солун, слугувал, продавал газија, сапун, сол, суви риби, зашеќерени бадеми и урми, ги миел во саботните попладниња тркалата на стопановиот пајтон, ги тимарел коњите, метел, окопувал јаболкници и лилјачиња, прередувал ќерамиди, хранел пци и мачки и чувал кадрави деца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Молк. Како в црква. Уште како го разбираа онојго, сите тие, дури ни најголемите шерети не направија за тоа ниедна шега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
В црква и на гробишта, вели, нов пат ќе води, пругоре низ сокакот Дамчески и Џокоски, а сите кои живеат во Дупка и на јужните падини на Станкоски Рид в црква и на гробишта ќе одат по нов пат, сами што ќе си го разгазат - одовде, накосо, над училишната и општинската ограда.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Отсега натаму на гробишта и в црква ќе се оди само по еден пат, пругоре по сокакот што ги дели Џокоските и Дамческите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Подаи на... м!... Одежди за в црквата да имами. И какво то у ...чи! Го...спод!...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Чупите одбија да одат и да ја чистат Латинската Црква, заедно со браќата и сестрите се противставија да се празнуваат Божиќ и Велигден, не даваа да се вапцаат јајца, одбиваа да се венчаваат в црква, со поп, туку одеа во Тополчани во општината и таму матичарот ги регистрираше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Луѓето одново почнаа да си идат и да си одат на гости, чупите одново почнаа да ја чистата Латинска Црква, момчињата одново почнаа да одат со овците и во полето и в црква.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нашол една калуѓерска шапка и една долга реса; зел едни црни броеници подолзи од него, та отишол в црква кај амбарот, што збираа црковната пченица и застанал спроти дупките, од кај што излегуваа многу глувци и ватил да се крсти и метании да чинит и да 'и тргат броениците зрно по зрно и да викат што да викат што да можи и не можи: - Господи, помилуј! Господи, помилуј! Господи, помилуј!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И пак работеше: вршеше, вееше, ронеше пченка, колеше свиња и на децата им ја бацуваше чурилката, за да не се мочаат в постела. Ја варосуваше куќата, одеше в црква, ветуваше масло и свеќи и се крстеше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Никој ништо не зборува, а се гледа дека секој сака да праша дали и в црква може да влезе болеста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Првото сигурно им е на кршатавањето в црква.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Живееме, се прпелкаме. Ќе дојде недела, ќе истребам грав, ќе го сварам и ќе појдам в црква на гробишта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Власта одамна не се жени в црква. Одамна, верувај ми“.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Водив, ти бутна револвер в џеб“, му рече Јага , „Денес е празник, сето село е в црква. Што си смислил?“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Нешто убаво си шепотиш, домаќинке моја, па лицето ти е светнато. Ајде, стани, време е за в црква. ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ѕвезда ќе оди со другачките до коријана билје да наберат. И за домата, и за в црква.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Сите осум дете ѝ загуби. А девета ламја избегала. Избегала в црква Аранѓела.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Восочина за свештите, ој. Племенчиња за в црквата, ој.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ами как, ногу ми е гајле пак! Та он ни женет ни армасан беше, ни в црква, ни дома.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бабата Каља Тушева, редовна и најрана посетителка, веќе прави метании пред Богородица и ѝ се моли да ѝ го поживи сина ѝ и внучињата; дедот Бале — и тој му пали свеќа на Ристоса и го моли да му ги прости греовите што излага толку моми и невести за мажење и што зеде некоја и друга лиричка од такви како Илка Сукала, дедот Мисирлија — не може да најде невести за синови му и почна редовно да доаѓа в црква и да се моли на сите светци; на бабата Цвета Батанџиева невестата ѝ нема малечко еве седум осум години, та и таа клечи пред Богородица и ја моли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Велигден рано в црква одат само старците, стариците, мали деца, момчиња што си дошле од овци, од говеда и моми што сакаат да се причестат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но затоа пак денеска, на пладнина, се оди в црква со леб, со подароци, ракии, вина, мезиња и тука им е местото на сите. Особено на момите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста го спреми девојчето дури Митра се промени, го наполни белиот ѓум топла вода, и ѝ го даде на Гуца Митрина да го носи до црква, та тргнаа трите „мили“ роднини за закон божи — в црква.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедот поп, како што му е редот, остана последен в црква.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во нејзината мисла веќе ѝ се виде Неда како стои в црква на певницата и псала пее поарно од Куша,како им пишува писма на сите жени што имаат на гурбет мажи или синови, па си ја замисли во поповски одежди како служи литургија, но се сети оти жена не може поп да биде, и се запре на мислата барем попадија да стане и да му помага на попот во некои работи. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако не е излезена, ќе прилегне да ја дочека, та да оди в црква, да ги извести верните за големиот празник — воскресението на божиот син.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Церемонијата се сврши брзо, бидејќи на Велигден нема многу пеење в црква.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но зборовите на мајка ѝ како ќе биде утре само таа в село писмена; како ќе може да чита „големи книги"; да пее в црква та дури и писарка на спаијата може да му стане и да вади добри пари, — сето тоа ѝ даваше кураж да издржи и редовно да ја посетува школата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бидејќи Ристе Бојанин не одеше в црква ни наутро, ни со подарок, Бојана беше ослободена од таа должност и спа до сонце огревање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стојо однесе на Велја сабота мазник зелник, јајца, сирење, сланина, a еве веќе имаат и млеко од кравите и козите,; ќе го прават Велигден со Трајка таму, а Илко ќе оди в црква да се причести и да се замеша во еснафот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ни Доста не беше баш чиста за в црква.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И Доста строго си се држи за адетите. По првото буле Нешка веќе меси и поскура за в црква, пак за здравје.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На неделата, или и пред недела, крштаваат сиромасите што не одат на пазар нарочно за крштевање ќе купат по некое бришалче од анот в село, ќе го внесат детето в црква и од црква — дома; бабата и нункото колку за адет ќе каснат и ќе си одат без голем калабалак и мастраф.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
кудрет — материјална состојба, богат, сиромав кумиш — види кудрет купел — казанче в црква во кое ги крштаваат децата купална — соба в црква во кое ги крштаваат децата кутмач — првото млеко од крава напарвено со јајца се здебелува — пресипка кутол, кутел — мера за жито 10 оки кучило — дете кое се мрази — омрзнато дете к'т — оскудица, недостиг ластикини — лаковани чевли латвица — врч, ќуп, земјан сад, големо грне лачаи — одделува лачка — оговара некого што не е заслужил лилјак — јоргован лимја — пуста гора, невратило, бестрага, џенем
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од попот доби благослов и наредба да оди во црквата, да ја земе кадилницата, оти и жарот веќе стаса во оганот. Со кадилницата в раце дедот поп и Кушо влегоа в црква.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајката си го зеде, и пак, како поп Трајко што ја праша нунката в црква, запраша: — Кажи, нунко, име. Стојанка со полна уста одговори: — Неда!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така тој ги викаше: книгата, петрафилот, крстот и китката од босилок што беа секогаш во торбата, и ајде — долу сред село за в црква.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зашто? - не знам и ја сам, А сега, о книги, не често отивам В црква, не тврд је мој дух, Матна је моја молитва и често ја бивам До светоста нем и глух.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Дејко настојува да појде првин в црква, но тие му велат: - Поважно од сѐ сега ни се полковниците...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кметот и учителот влезени се во дворот кај рибарот Дејко, го запираат да не оди в црква, туку да подготви ручек за полковниците.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Израдуван отец Иларион што Рогле не избегал од келијата, го зеде за рака и му рече: - Ајде, чедо, со мене в црква...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И притоа качен на коњ и дрвце пијан.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- За кој Господ станува збор! Нели му влезе в црква? Заборави?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Одев да им светам вода. Да им ги крштевам децата. Да им пеам в црква.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Клетвата фрлена в црква, од Везирот и нему послушните поединци и групи не фаќа корен.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сега е добар. В црква не оди. Седи дома, пцуе, се држи за градите и многу кашла.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во оној син фустан и со бела шапка. Само чевлите не ѝ ги видов.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Васј“, вели тој, „мојот Бог го оставив дома. Или тој ме напушти. Не знам. Што барам јас в црква?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Подобро оди в црква, запали свеќа, таквите нешта се за разговор со Господа“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој ден, за кој ти зборувам, татко ти не попушти. Не отиде в црква. Ниту тој ден, ниту многу други недели.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Бев в црква. Запалив свеќа. А до мене Анастасија, на Иван Степанович.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Не слушна што реков?“, го прашувам. „Рече дека татко ти се подготвувал за в црква“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И нему еднаш му го реков тоа : „Семјоне, недела е, велам, кај нас во недела наутро божјите луѓе одат в црква. Татко ми веќе се подготвува.“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
ТЕОДОС: Ќе си направам дома параклис... Икони, кандила...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: (По него, крстејќи се со широки гротескни движење.) Господе боже, кога овој будалест син не ме остави сам да си поможам, поможи ми ти, господе, дај ми кум каков си сакам, па ќе ти запалам в црква свеќа како греда!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Ме покапале в црква со свеќа... Си прават ќеф... Гледај, Параскево, влакненце...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ЦОНКА: (По него.) Поцко, синко, не прави такви шеги со господа! Слуша тој и кога шепотиш, знае и што ќе помислиш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ни в црква повеќе не одам.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
црвената: пламливи, избувливи луѓе: што на ум, што в срце - тоа на уста, за една болвосерка - туриваат каца со мед; им пререче ли нешто, им се пикна во зборот, не ги поддржа, не им одобри - повеќе за тебе не држат, те замразуваат; додека имаат мака на алтан-терезија те држат, кога ќе им помине маката, за старо тенеќе те даваат; само тие како да постојат во селото; соседите ги тераат да ги врзуваат кокошките, а тие кучињата свои ги пуштаат кај што сакаат; кога ќе се впипрат во лицето - запелтечуваат; ако ти е фрлена шега, подбив, мунѕа - од нив е; се зафатија ли со нешто, наумија ли нешто - или ќе го сторат или раката ќе си ја отсечат; жолтата: колебливи во очи, во држење, во однесување; многу сакаат да слушаат, да чујат сè, а ни трошка нешто од себе да речат; во расправиите бегаат, не сакаат тука да се најдат; дома глас не им се слуша, како да не се живи; за мала работа трчаат кај соседите за совет; кога ќе им влезеш в куќи, не ги фаќа паника, ниту брзаат да те почестат; ако дедо им бил говедар, козар, питроп, полјак - таткото и синот и внукот се тоа; по гробиштата кога сите лелекаат и плачат, тие ги гаснат свеќите да не се трошат до крај; секогаш одат со навалени глави загледани во земјата како да бараат нешто што изгубиле или пак што загубил друг; кафеавата: рано легнуваат, рано стануваат; тешки во одењето, тешки во зборот; само за себе живеат; што било, како било - во нив останува; дома со седење те пречекуваат: ќе те измерат: кој си, што си, па ќе станат; за многу работи се прават дека не чуле; она што е нивно не го даваат на друг да се послужи; устата им испушта мед, а срцето пелин; кога ќе им дојде невеста во куќата, или ќе ја претопат - табиетот да им го земе, или клоцата ќе ѝ ја удрат; имотни се, но со прсти стегнати, кајафлии не се расфрлуваат и не арчат многу: дури и кога дечињата наутро ги празнат мешињата, ги празнат во дворот - да имаат што и кокошките да колвнат; избегнуваат кај што не им е по ќеф или кај што шерепере се зборува; жените со плетиво одат в поле, в планина, в црква, на молзење, в град по купување; кога даваат совет, не ти кажуваат сѐ докрај - нешто и за себе задржуваат; ако те засакаат - виделе нешто во тебе што им се допаѓа; кога ќе им се случи нешто лошо во куќата, одмерено плачат; кога се болни, не ѝ веруваат на болеста; со неа шетаат, со неа работат, со неа по веселби одат; ја носат, а гледаат кому да му ја прилепат; розовата (шеќерлијата): чаламџии, фодули, самобендисани, а купи ден - помини; на оро први; те сакаат додека имаат мака; јајце да варат, надвор го варат - да ги гледаат сите; од надвор куќата чиста, паќна, што се вели: азна, а внатре празна; што да се случи во селото - први разбираат; во разговор ќе те префрлуваат од рид на рид, ќе ти тргаат фурки - в очи ќе те лажат; не држат многу до зборот: речи - одречи; ти даде ли нешто, сите знаат; новата кошула ја облекуваат врз старата: кој да види да завиди; први се за гости, за јадење, за пиење, а кога ќе им дојдеш дома - им поминал светецот!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И кога пак на грчки ѝ го читале писмото за двајцата внуци кои лани останале меѓу карпите на Клефтис во Грамос, дека и тие јуначки отстоиле за славата на Грција, тогаш нејзиното срце не дознало гордост, не почувствувало достоинство, туку се згрчило во непреболот и во навредата затоа што тие, имајќи своја земја, свои корени натопени со крвта на толку други јунаци, во писмата и пишувале оти загинале како Грци за Грција, а неа затоа што не го знае грчкиот јазик и в црква не го разбира попот грчки и не знае на грчки да му се моли на Бога, ја презираа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој в црква никогаш не отвораше уста. Ама ниту да зине.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Виде ли или си чул некој да ја моли власта за тоа што моли в црква? Не! А знаеш зошто?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За добрите денови - за црковни празници, именденови, крштевки и селски панаѓури, за гости и за праќање аскер и во туѓина, од чисто брашно, само пченично, се месеа погачи, кравајче, пред Велигден - леб наутлија и за в црква - прескури и пупчиња - жените им ги раздаваа на децата по завршената богослужба.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Албанскиот муслиманин често се женел со рисјанка, а таа со ќерките одела во џамија, а пак тие со мајка им муслиманка оделе в црква.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Петтиот ден татко ми се врати. Како што знаев- дојде право в црква, пред зајдисонце.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- В црква да ми го донесеш- рече Петре и тргна напред.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Братучедите се погледнаа, се пристеија дека по село се зборуваше оти попот в црква никој не го разбира зашто немечки пеел, велеа селаните. Попот Брезничанец, ама грчки учен.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- За утре, - рече Србин, - В црква ќе се одело. Во Богородица Коленовска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Таа знае дека Пелагија со болка се разбудува на тој ден, постојано како да ѝ е лута на Богородица, ама нели си простија една со друга кога прв пат ја однесе в црква?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)