Не сакам да бидам пион во ничии раце и жртвуван од некого ниту, пак, втор ешалон и да штитам нечии туѓи грбови.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Балканските народи во векот на падот на Османската Империја, заедно со клучните европски сојузници, не престанаа во историографиите да го искривуваат и сопственото османско минато.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не е во ничиј интерес тие да бидат згаснати!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И не е тоа поради статусот кој ми се промени од нечија во ничија, да речам слободна, ниту, пак, затоа што пропорциите на телото ми се „боли глава“, ами затоа што сега сум една обична распуштеница која може, ете, да биде сечија.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Пред таков еден ковчег од бадемово дрво и искитен со со нишки зелена и бела срма се најдов еднаш како повикан сведок при вршење потпис во ничија куќа.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
На стариот Језекил никој не можеше да му ја прости неговата слабост, разбирање за својата немоќ тој не можеше да се надева дека ќе најде во ничии очи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но Онисифор Проказник подоцна се сетил со каква надеж во премрзнатите прсти старчето му ја стискало раката во исчекување дека набожен и благословен од мајката Минадора ќе го спаси, ќе му помогне да стане и да зачекори по линијата на својот продолжен живот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Никогаш и во ничии очи Онисифор Проказник не видел толку страв: чудовиштето не се делело од видовитиот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)