во (предл.) - тој (зам.)

Слатко во златно лажиче да ѝ понудевте, во тој миг ќе одбиеше, сè, сè и беше отров.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На брат ми обично не му раскажувам такви работи, а и тој не покажува којзнае каков интерес, но во тој момент ми се стори многу близок и многу драг.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На едно такво воведување во машката геј-култура ќе морале веќе да биле подложени не само лицето кое го напишало известувањено што си го најдов во шкафчено туку и оние што, како мене, си ги отвораа шкафчињата и го читаа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Или, пак, некој ќе ми каже дека токму во тој дел од денот помислил на мене.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Пушти ме ти мене, - рече стројничката, и во тој миг ѝ блесна низ умот Атина...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Да се откажам од важните градителски работи и, во тој поглед, од своите пориви, заради една несполука?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не со банда, туку со илјада банди од најсилните тепачи нема да се осмелам да појдам таму.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пред сè, јавноста беше запознаена дека по ослободувањето Југославија ќе претставува федерална држава, со еднакви права за сите народи и религии.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа што го обзеде во тој момент беше восхит за движењето со кое таа ја отфрли облеката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе живееме во тој свет кој за нас ја поседува сета вознемирувачка необичност на пустината и симулакрумот, со својата веродостојност на живи фантоми, скитнички и симулирачки животни кои што капиталот, кои што смртта на капиталот ги направи од нас - бидејќи пустината на градовите е рамна на песочната пустина - џунглата на знаковите е рамна на шумската џунгла - занесот со симулакру­мот е рамен на занесот од прородата - останува уште единствено омамува­ чката заводливост на еден умирачки систем, во кој работата ја покопува работата, во кој вредноста ја покопува вредноста - оставајќи некој недопрен простор исполнет со страв, без проодени патеки, непрекиден како што го замислил Батај, каде што само ветерот го подига песокот, каде што ветерот бдее над песокот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За мене беше неприфатливо, она што со денови го нарекувавме заминување, или разделба, потоа последна ноќ, или смрт, наеднаш да се преточи или кондензира во тој несоответен термин: часот!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со поглед го барала својот врсник Лозан Перуника - тие веќе не биле пред неа, испариле под насилие на секојдневните промени во тој блед и магловиден заод со сенки слични на разводенета 'рѓа меѓу реткото зеленило на сувата плазика, непривлечна земја ни за орачи ни за грабачи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога би можел во тој миг да исчезне и да го избегне ова навредување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе раскажам дека сум имал љубовна врска со записничарката но во тој поглед ќе те заменам со некоја друга“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На широчината во тој миг ги кокореше очите Цветан и дуваше во мелодичното пиколо, а Андон, црвен од вобуда, рипаше како коњ и ја веднеше главата како некој да го трга со невидливи узди.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
За Британците федерацијата претставувала отстранување на дотагашниот одбранбен механизам, спротивставените интереси на Југославија и Бугарија кон Солун, со што Солун би станал исклучиво заедничка цел, т.е. „општојугословенски интерес“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И уште нешто: во сивото здание ниту еднаш не помислив дека треба да се скријат чувствата, или дека треба да ги избегнуваме насмевките и солзите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дојдоа првите соседи. И тие ја молеа Мајка да замине со мене, макар што соседите ѝ беа, во тој миг, најзначај­ниот адут за нејзиното останување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ако да бех знала, чедо, че зло ште го најдит, него немаше да пуштам, в тој ден клетиј, черниј.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Малечката разбушавена гејша со свеќа во проѕирната рака мрмори, претпоставувам: „кој би помислил, ај, дека во тој старец, ај има толку крв, ај“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Токму во тој така опуштен момент се јави Стомачето.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ве молиме обесхрабрете каков било понатамошен обид на партизаните да влезат во Грција и особено да се поврзат со еласовите цели како мостот на Писодерион169“.170 Во моментот кога започнал маршот на Првата македонско-косовска ударна бригада кон британските претставници да соберат: “што е можно повеќе политички и воени информации од делегатите од СКОПЈЕ“ кои во тој момент се наоѓале со мисијата Entanglement.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Дури втасав во тој момент да се присетам и дека ѓолот според големината што ја бев видел беше сосема мал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Постојавме сите за миг молчејќи, а потоа како во тој момент да се сетија на мене, ме внесоа внатре.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И токму во тој момент се случи она значајното - доколку, навистина, се случи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Две години подоцна, Артур Блис Лејн, амбасадор во Југославија (1937-1941), ги посочил германските намери да го прошири незадоволството во Македонија и предупредил дека комунистите исто така шират пропаганда и се обидуваат да го одржат „котелот на проблеми да врие“ колку што е можно повеќе.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ми се стори во тој момент дека таа жена знае сè... и за солзите и за празнината... и за прв пат ѝ дозволив да ме прегрне.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Татко ѝ приоѓаше со отворени очи, во кои имаше матна неподвижност и мртвило.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ова сакав да го сторам не за да го обескуражам во неговите несфатливи настојувања докрај да ја разоткрие вистината туку за да му укажам на мојата но и на неговата улога во тој ненужен кошмар.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Користејќи го фактот што во тој момент на островот Вис се наоѓале генерал Вилсон и Тито, Маклин и на двајцата им го изнел својот план.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Не прашувајте ме зошто и како.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нараторот -автор (на чудесната книга) без срце -книга, ќе си тргне од Стамбол, каде во тој миг се наоѓа, кон татковината.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Анѓа тогаш спиште и се фати за очи, а во тој миг ја грабна преку половина и ја крена в раце.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ваквиот заклучок е потполно во согласност со наодите од поранешните студии: кога дрогите им се даваат на неподготвени и некреативни личности, резултатот ќе биде убедливо негативен - иако личноста во тој момент може да се чувствува многу покреативно.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не можев дури ни да погледнам во тој ескалатор од премногу емоции што ме опфаќаа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Тогаш, во тој момент, се реши.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се чудев, зошто ваквото чувствување на нештата не го искажува со поконкретни примери и со појасни зборови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако е така, си помислив во тој момент, ако е така како што вели татко ми, тогаш не ќе можам ни на моите деца да им раскажувам поинакви приказни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
За да ѝ избегам на бучливоста и на задоцнетата горештина во тој град на Егеј, и јас и сѐ што живееше или беше дојдено во него под вршник на септемвриски ден, влегов во старинарница во која, слични на живи кукли стари Американки во невозможни шарени ткаенини(„пура лана“ што би рекле ситните венецијански трговци но од чиста синтетика) на кои им изгледав занимлив за разговори или достатно сериозен за совет во купувањето на триптохон од оревово дрво со Богородица насреде, попусто, навистина попусто ја вртеа кон мене иконата,
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За двете беше важен „животот во тек“ што тие го нарекуваа „животот како таков“ и, без да бидат доволно свесни за тоа, едната на другата ѝ беше катализатор на личното учество во тој и таков живот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со тоа, во тој момент, единствените држави на Балканот што останале надвор од рамките на Оската биле Грција и Турција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но тоа сепак беше бродски појас за спасување и тоа во тој миг кажуваше нешто.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Токму во тој миг автобусот ја отвори вратата, а свежиот воздух му го поврати загубениот здив.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во тој момент ти се тегнеш во креветот твој од здравје разбликан, мрзеливо стануваш, ја вклучуваш несвесно каферинглата и брзаш да не задоцниш на работа – некаде надвор од градов, којзнае каде?
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Во тој момент на влезната врата од ресторанот се појави пристар човек со бастун на левата рака, десната длабоко стегната во џебот од видено износено палто, со мустаќи над дебелкавите, малку опуштени посинети усни и дебели очила, со каскет наврен скоро до над веѓите.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тито, од своја страна, како што известувал Меклин, настојувал да остави впечаток на политичар што нема намера да ги промовира територијалните претензии на Југославија во тој регион пред одржувањето на мировната конференција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И пак: Во Жешов раскошно расцутеа дрвјата, а ветрецот расејува снег од латици низ просторот, поигрувајќи си со нив, а потоа оставајќи ги да паѓаат по крововите, по жирадоата, елегантните женски шапки на минувачите, по јармулките и црните рабински капи со широка периферија, на рамениците од старците што на пријатната пролетна сончевина забораваат на својата возраст и живо дискутираат на својата пролетна променада, во очите на госпоѓиците, и во нејзината душа која е смирена и иполнета кога е во тој питом предел за кој не може да престане да го мечтае и сонува... 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Маќеа сакаш татко да ни донесеш, сакав јас така грубо да му речам, но во тој момент ми излезе пред очи ликот на учителката Вера и не знам зошто тоа „ маќеа“ не можев да го поврзам со неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Батичко, да знаеш само колку те сакам – му реков.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го правеа во чест на мажот и жената, во чест на ѕверот, во чест на Бога.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Всушност таквата помисла и не е толку страшна: Си посакал значи да и го соопштиш она што те копкало, што ти било врежано во мислите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, залудни им беа сите обиди, и на вистинските интелектуалци, дури и на оние кои сами се нарекуваа интелектуалци, а пак оние што беа на врвот воопшто не се ни обидуваа да размислуваат во тој правец.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Од таа помисла се наморничавив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во тој случај доаѓаме до наједноставното решение што науката можела да го понуди во тој правец.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Знаев дека тоа ти е само една од многуте крпеници на нашите неврзани и изнасилени разговори кои требаше да го спакуваат некако она што го правевме и кое во тој период тебе можеби и ти годеше,“ му рече Деница.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
25. За несреќа, јас во тој период одев на работа во агенцијата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Да кажам и тоа дека во тој момент јас бев под дејство на алкохол.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Само знам дека многу те сакам - ѝ реков не само за да ја утешам туку и затоа зашто во тој момент почуствував дека и вистински ја сакам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа посебно се однесува на неговото сѐ поголемо ангажирање во решавањето на општествените проблеми што сѐ повеќе го одвлекуваше кон театарот кадешто сите работи се случуваат одеднаш.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Знаев дека, ако во тој момент почнам да ја распрашувам, мајка ми ќе се разлути и ќе ми рече да ја оставам на мира.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
33. Бев дојденец во тој крај, а сепак се собраа познаници.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Мамо! Тетка Ане! Тетка Оце! – викнав. Се одзва моето ехо, доаѓајќи од далечните ридови, и ми се пристори дека ми се потсмева.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во тој момент инженерот, со тивок глас ми рече: „За малку ќе заборавев нешто, драг Андре. Но, првин, треба да ми ветиш нешто“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дали во таа беспомошност викаше по нашата мајка, која одамна неповратно ја снема, или по Вера, во тој момент не знаев.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Затоа и било попусто што писателот Семјуел Дилејни – во обидот во 1977 година да си ја одгледува тригодишната ќерка во несексистичка средина во САД и очајувајќи што не можел да ѝ најде доволно сликовници со женски ликови во главните улоги – се нафатил да го менува со „бел коректор и со фломастер“ родот на животното јунак во некако андрогината сликовница што конечно ја избрал за да ѝ ја чита на малата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Натаму е јасно, се знае дека кога ѝ се јавил, сите нешта во тој момент, за Лена добиле друга смисла.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И точно се сеќаваат за сите подробности што се случија во тој ден.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- Токму во тој воз што не носеше тоа утро кон градот - му објаснував на Даскалов - за првпат од Огнена Гулева слушнав дека татко ми бил некој големец помеѓу партизаните што ноќевале кај нас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И во тој последен час на денот, во тој брз заод на замагленото сонце, игуменијата со малку потемни сенки во очите, непроменливо загатлива и стара каква што можела да биде пред десет години или каква што ќе можела да биде по десет години, кренала рака за удар или за благослов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Замислете си“, му рекол Господарот на соништата, „Замислете си, во тој ваш живот на Земјата сè да му беше потчинето на проклетото дишење.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Колку го посакуваше во тој миг.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во тој миг го здогледа бикот Чако, како со спуштена глава му се приближува, покорен пред послушноста, припитомено легна првин на предните нозе, потоа ги спушти наземи и задните и веднаш заспа, папсан од скитањето низ гората.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И сè додека Апачите не се вратеа да нè ослободат, а за тоа, според надворешните мерила им беше потребно смалени и уништени, имавме чувство дека минува цел век, и тоа еден век вон и без нас.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ми беше жал за него, навистина го жалев, раката му ја држев за да му покажам колку го жалам, и од каде да знам дека Даниел во тој момент ќе дојде таму.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По вторпат во тој ден пламна, сепак зачуден од една таква идеја слична на се што правеше во својот бестемелен живот. „Она со касата ви го простувам.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За да добијат дозвола, промотерите обично треба да преземат обврска дека нема да се дозволи никаква дрога да се внесе во клубот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа нејзина грижа во тој момент ми пречеше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Знам дека во тој период сè уште не го сакав, имав само некаква симпатија, а најмногу од сѐ сожалување.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Аргир во тој миг стана, го стегна војничкиот појас, на глава ја втисна капата, ја подигна јаката од шинелот и, наведнувајќи глава за да не удри на нискиот таван од земјаниката, молкома излезе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во тој ист вторник, иако очајот и плачењето не стивнувале, жените, дури и оние самохрани леунки и трудни вдовици наполниле неколку карти со ракија од диви круши, од грозје и од цреши и натовариле на две магариња дисаги со леб и лук, па една по друга, секоја со запалена борина во рака, пошле да ги пречекаат последните од дружината; да ја плашат со оган и писок чумата или улерата, болештина што им била позната на дедовците, еднаш, којзнае кога, додека и пците бегале од злото и се јазеле по врели карпи далеку од сите човечки патила, и побеснувале, и станувале гозба на волчи свадби или се здружувале во глутница со ревење да ги заплашуваат чобаните и бачовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не знаеше како да ја скуси здодевната безработност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Движењата во тој миг ѝ беа мешавина на местена сензуалност, која се граничи со вулгарност, карактеристична за повеќето ’комерцијални сексуални работнички’ и формализираните потези на службените лица, отсечни и строги, онакви какви што и би морале да бидат за да влеат авторитет, и да отстранат секаква можност за избор.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Мојот братучед Гистин Сабајо е одлучен во тој поглед: би требало да се променам.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Но знаеше дека во неговиот филџан виде уште нешто, нешто што го протолкува токму во тој миг, кога му се отвори сосема свесна дека ќе ја рани, ќе ја убие така закован во нејзината утроба.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А и тогаш погледна надолу со некое круто и непријатно поднаведнување на главата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Според Донован, во тој момент „Бугарија го имала клучот“ на одлуката, бидејќи таа во тие моменти преговарала со нацистичка Германија, односно сѐ повеќе и повеќе растел притисокот врз Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Г.С.: Стринг, Ха! (во тој момент низ сцената протрчува едно огромно дебело девојче, налик на Бодидармина кукла, која во рацете држи врвца со еден црн Џокер-балон што лебдее...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се разбира, не сметајќи го во тој број спахијата носител на титула.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зашто, во моментот кога се прошетуваш по долна облека, тој едноставно ја губи смелоста да ти пријде бидејќи те набљудува со крајот од окото, а во тој поглед се чита желбата како стопена топка од сладолед... и страв.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во заклучокот се наведува дека искуствата во тој поглед во ЕУ се различни.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Секаде ја имате истата перспектива, од Маркс до Вебер и Диркем, да не ги споменуваме политичките идеологии што настојуваат хаотичниот, несреден свет да го заменат со проѕирен реалитет.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мислам дека во тој момент бев подготвена да полетам, само за да ги земам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Прекрасно е да се биди во тој свет, таму, позади, кај манекените и моделите, во подготовките и претворањето на идеите во опиплива реалност.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ако се гледа во тој миг одозгора, тој прилега на фантастична, асиметрична пеперуга што слетана на сувата земја трепери од некаква непозната страст додека врз неа паѓа црвеникавата прав на времето”.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
На војводите им се олесни на душата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во мислите, оваа ноќ, сеќавањата на миговите од неговиот живот му беа зачувани како живи, како вакуумирани во некој вонвременски простор или длабоко смрзнати од студенилото на зимата, а годините што ги минал во тој живот беа исчезнале без траг.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А во тој венец понекогаш ја молевме да вплете маргаритка, јасминово цветче, темјанушка, кој како наоѓаше и нудеше.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во тој расказ аргатската врзаност за земјата и летот на душата кон небото дадени се со ретка експресивност.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Доколку работникот во тој период не примал плата, му припаѓа надомест во висина на најниската плата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Некои работи од сето тоа веројатно ќе можам да искористам во тој мој роман за деца.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кутриот човек, одвај да го распознаеш ѕвонарот-тиранин, невозможно, се колнам, во тој миг секое детско срце беше со него, се молеше за неговиот беден живот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И почна во тој правец да дејствува кај буљукбашијата. My го образложи овој план, и овој се согласи, толку повеќе што и неговиот паша од Скопје му пиша бунтовниците живи да му се испратат, до колку ќе се предадат живи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Истово и го бев забележал и на мајка ми кога за првпат го употреби овој збор во нејзиниот израз дека и наближил часот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе споменеме уште дека во тој условно наречен небесен простор поетот има среќа да живее истовремено во повеќе времиња.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Стоеше на прозорецот. Пред неговата постојана, судбинска осаменост и оддалеченост стапалките на луѓето во снегот, дополу зарамнети од врнежот, беа сега како секои Други стапалки; она време што стоеше во тој наврнат снег над дирите го правеше и самиот некаков безимен исконски ловџија, кој сретнал на својот пат нечии стапалки, трагови од некого, што поминал неодамна по тој снег, со таа разлика што според некоја карактеристичност на трагата успеал да распознае кој бил тој, што поминал пред него тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Добро мајка, рече Ласа Скендерова и го ислкучи телефонот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Плачев, си ја корнев коста и преколнував што прифатив да дојдам во тој град каде што немав никој близок за да ме утеши во најтешките моменти.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во тој момент нејзе ѝ беше сѐ едно: чупе дете за неа беше нејзина рожба, нејзина среќа и надеж во животот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За жал, во тој момент мина со голема бучавост некаков мотор, ја заглуши мелодијата, ја наруши тивката вечер.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Да, беше налик љубов на учител кон ученик, како љубов на уметникот кон своето дело ... по малку надмена, горда, од друга страна сервилна, бидејќи во тој однос не знаете кој кого го поседува. Брутално посесивна ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Кога се сврте зад себе го најде она свое јаренце исправено на високите, тенки ножиња, скаменето, како споменик на убавината и на невиноста на дивиот свет, несфатливо далечно од него и залушано кон таа ведра ноќ, целото потонато во одбирањето на сите нејзини шумови, настрхнато на нејзината белина, а во неговата стојка како да беше собрана и сета белина и сиот раскош и му ги носеше и во таа малечка собичка, во тој малечок заграб од белото пространство на дивината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А, кратко по ова тие потполно престануваат да ги исплаќаат платите на вработените.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
3. Градови Она што му дава препознатлив белег на творечкиот профил на Александар Прокопиев во целокупниот негов раскажувачки опус, тоа е своевидната опседнатост и безрезервната приврзаност за урбаниот сензибилитет.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Понесен од сопствениот занес, кога таа му се изгуби од погледот, продолжи да гледа во тој правец додека меѓувремено, во неговата умисла таа стануваше уште поубава и попримамлива одошто ја виде...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
ВГ: Не мислев дека на жените ќе им се допадне ликот на Моли.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во тој миг таа застана, се наведна, крена едно листенце што не го беше настапнала, а се жолтеше со сета своја убавина и му се зарадуваа.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Меѓутоа, во истиот момент се созедов и си велев ... не, тоа не е возможно... не сега... не мојата мајка...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ги втераа во тој круг и новодојдените, и по малку ги спроведоа во блискиот четврти участок.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Го правеа затоа што беа распуштени, дома на слобода, живи и интимни, затоа што повеќе не можеа да чекаат, не можеа да го чекаат одредениот час, точното време или температура, не можеа да ја чекаат иднината, месиите, мир на земјата и правдина за сите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Птиците ги има на небото, но не се гледаат – рече старецот, покажувајќи кон небото, каде што во тој миг прелетуваше јато птици, за веднаш потоа да исчезне во мистериозните далечини. – Птиците можеш да ги видиш само кога се блиску.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Не можев да се здржам да не залипам во тој свој прв ден на понижената машкост и ги слизгав прстите на десната рака по нерамниот ѕид барајќи нешто тешко и силно за одмазда но тој веќе одеше назадечки кон вратата и пушташе да му се издолжуваат забите во отворената уста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Борхес повеќе пати рекол дека животот за него претставува товар и дека на смртта гледа како на добродојдено ослободување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Господи, имаше, имаше и други такви денови, вредни за паметење, за кои бев сигурна дека никогаш нема да ги заборавам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оттука е исто така јасно зошто филмот ги изневерува нашите очекувања, зошто не е „хичкоковски”: недостасува за него специфичната внатрешна, вертикална удвоеност на ситуацијата, кога постепено се појавува грозната содржина, што се крие зад површинската идилична маска - во Чамецот за спасување е речиси од самиот почеток сѐ јасно, веќе самата појдовна ситуација е грозна и егзистенцијално заострена, единствената „тајна” е дека е Вили уште позлобен отколку што се чини, и дека ги водел во погрешна насока, кон германскиот брод за снабдување...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Можеби сето тоа беше создадено во еден таков светол миг, ете, во тој миг морничаво на ѕидот го потврдиле своето постоење, својот човечки живот, се „овековечиле“, слично на патникот што тргнал на туѓина, тој по патот на илјада места, - на дрво, на камен, на тенеќен патоказ туку гледате го забележува своето име.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во тој момент настана разорна експлозија, или барем наликуваше на експлозија, иако не беше сигурен дека се слушна каков било звук.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Спушти ме страсно, крени ме в рака милувај нежно, не вели збогум, остани овде, сотри ме нежно, ах, во тој оган вечно нека горам.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Јас и Илона заеднички, со повремено вклучување и на Деница и Ниротакис Алимакопулос, ја организиравме акцијата “Елитен секс” на јахтата “Зора” на Големото Езеро.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ајде, помогни ми да сфатам што размислуваше. Како си ја замислуваше акцијата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И имаше уште нешто, полускриено, во тој поглед.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Неколку зборови за македонскиот литературен јазик Во четирите горни статии во оваа книга јас сакав да им ги обрнам погледите на моите сонародници на нуждата од едно корено изменување на досегашниот процес на нашиот духовен развиток, како и на тоа дека моите погледи во тој случај не се нешто ново и безосновно, а се само чекор напред во досегашното развивање на нашето национално самосознание и дека затоа се сосем природни и основани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мајка, во тој миг, ја облеа милина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Или можеби паднал веќе в стапица како и тој еднаш што беше уловен во тој сив фак?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во тој извонреден јазик не постојат, значи, само зборови кои кажуваат како „јако“ така и „слабо“, или како „наредување“ така и „потчинување“; постојат и композитуми како на пример „стармал“, „далекублиз“, „врзувараздвојува“, „надворвнатре“..., кои - наспроти нивниот склоп кој во себе го вклучува она што е најразлично - значат само, во првиот пример „млад“, во вториот само „близу“, во третиот само „врзува“, во четвртиот само „внатре“...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И во тој ден се сметав многу богата. Најбогата...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Качи се пред мене или остани“, ѝ рекол војникот и го привел коњот под брегот на кој девојката стоела.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впечаток е дека “модернистичкиот” концепт за дом како засолниште од светот се напушта за сметка на домот-свет, една холистичка структура што плови во тој информатички хаос.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Знаеше дека е најтешко да се изддржи тоа, што во тој глас можеше да се сети, безмалку да се види, како волкот ја отвора устата, како грчот во празниот стомак му ја исправа главата, оптегнувајќи му го гркленот до крајната возможна граница на еластичноста и како секој мускул на него станува потврд од дрво, сув и истенчен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
25. Бев дојденец во тој крај.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Пред неколку дена во Истражниот затвор разбрав дека Ниротакис Алимакопулос развил плантажа и отворил фабрика за преработка на јужно овошје на Крит, а Андон Клековски бил назначен за началник на Центарот за анализа и спречување на трговија со луѓе, на местото на Крумета Волнаровски.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Живееле во тој мал микрокосмос какво што било маалото како во тврдината во која го бранеле својот опстанок со голема меѓусебна толерантност и солидарност во неизвесните времиња на балканската историја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Веднаш потоа неколку слични или наполно исти гласови да ја повторат таа самоучка и во тој миг измислена молитва или трепетливо каење пред суровоста на искушенијата - Господи, не заборавај нѐ, - и часкум им се сторило дека врз нив паѓа млака светлост, чудотворен оклоп на нивните верувања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нејзиниот поглед имаше продолжено траење и тоа само во дел од мигот по кој се враќаше назад со нешто одземено од мене како зрнце песок (скриена или заталкана мисла, спомен, копнеж, што ли?), а времето беше прекратко за тоа задоволство бидејќи веднаш потоа повторно го чувствував тој допир на погледот според ритамот на отворањето и затворањето на нејзините клепки (сфатив кога веќе станавме едно, дека таа знаеше да ме гледа и со затворени очи и ми велеше дека ме гледа не како што ме сака, туку ме гледа таков каков што сум, и дека таа таков ме сака) и сè така во продолжено траење, а јас бев сигурен дека ваквиот поглед беше упатен само кон мене и дека само за мене тој можеше да биде таков со нијанси на галовност во допирот кој во тој момент беше физички, или така ми се чинеше, кога веднаш потоа или можеби во тој ист миг ќе ја почувствував мекоста на нејзините ситни прсти во таинствена игра на моите слепоочници.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во тој случај, тој ќе им плука во бунарите и сите ќе ги зарази со чума и сите тие во претсмртното стенкање ќе заборават на рајот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Навистина, кога ќе погледнеш околу себе, мал е бројот на оние кои веднаш им се покоруваат на тешкотиите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога - во тој миг, сончевите зраци потрчаа по Галичица, се раширија по целото езеро и го вжарија: открај накрај зацари златнорумен сјај...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Веданче, - ми се обрати токму во тој миг.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Андон се саштиса. Толку му беше мило и радосно во душата што не би ја пожалил во тој миг и куќата да ја запали, само да ги види однекаде градот со кого седи сега овде.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Слуша, влегува татко му, ама нејќе да ги отвори очите... нејќе да си го прекрати будното сонување, блажно задоволство, престојување во тој, само негов, пејсаж - со мирис на мајчина душичка... до свеста му се пробива шепотен разговор: „Од жештинава двајцата заспале.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Можеби пак јаде чоколадо и не сака да ми даде, си помислив и тргнав пак, како тогаш, да си одам, но во тој момент Мони ја отвори вратата со синџирчето и ѝ ја видов бушавата глава.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И навистина: подоцна, под тој шатор, во тој совршен круг, јас го најдов својот душевен мир; го пронајдов центарот на светот, се пронајдов себеси во тој центар, израснав како маж.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мисли дека ја гледам таква задигната...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Да постои дел од животот доволно мрачен за да ја држи надвор од себе светлоста на уметноста, би сакал да бидам во тој мрак, пипкајќи наоколу ако е потребно, но жив, и мислам дека токму современата музика би била тука , во мракот, судирајќи се со нештата, превртувајќи ги и воопшто допринесувајќи неред кој го карактеризира животот (ако е спротивставен на уметноста), а не допринесувајќи стабилизирана вистина за убавината и моќта кои го карактеризираат ремек-делото (ако е спротивставено на животот).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Што прават облаците во тој крај? Дали врне дожд?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во тој запис, под реден број 12, стои: „Друг трговец, Никола Поцо, товарил бали волна на брод што го изнајмил од Михаил Карајани од Мисолонги“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во тој свечен чин на неможното, кога дури и кобниците ги забораваат проколнувањата со кои се родиле и со кои ќе умрат премногу изморени за да прослават еднаш во животот и благослов, во водите престануваат вражбите: над дебел опаш на видра се смирува рој бели рибички, водените полвови со очи ја пијат ѕвездената светлост: потоците ги појат разбудените коренчиња на дуњите и сливите, жугаат од нив сончогледи и пченки, и уште подалеку,
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Закони за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, Сл.весник на РМ - 30/14 и 180/14. 121 117 работодавачот не се јави на едукацијата во тој случај се смета дека истиот успешно ја завршил и дека е едуциран.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Но кој го гони зајачето? Се затскрив малку зад една смрека и гледам, во тој правец од кај што трча зајачето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Рада во тој период беше одлична домаќинка, зрела за поцврста семејна врска.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во тој домен беше и нејзината постојана идеја, митот за враќањето и за минувањето на границата која ја бевме преминале пред многу години и поради која останавме трајни емигранти на животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Иако речиси целото дејствие на романот на Хемингвеј Збогум оружје се случува на територијата на денешна Словенија, зборот Словенија во тој роман не се споменува ниту еднаш!9 Македонија е „реално” постоечка држава за сите на светот, освен за неколку свои соседи.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Чинела – нечинела, што да правам, јас во тој момент лошо се чувствував и мислев дека ништо не може да ме утеши..
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го сврти погледот кон влезната врата која не беше најдобро осветлена и дури тогаш успеа да забележи две- три сенки зад стаклото што токму во тој момент се раздвижија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Вечерта, по малку уморна, се враќав од работа во тој стан каде ме чекаше истата екипа. Пак како и утрото, варев турско кафе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тој сфаќаше дека во тој поглед, со кој ги бараше неговите очи, е целата нејзина надеж. Или нејзината пропаст.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Србин се сети да салутира и го мушна Шишмана со лактот в ребра од што тој се исправи како отпуштен федер зинувајќи да каже нешто, но во тој момент му ги снема зборовите од главата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Мамо и ова го излажав. - Има ли нешто што е вистинито во тој твој состав? - праша таа. - Има. Еве слушај.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сето тоа што го мислев во тој миг ми изгледаше и како возможна вистина и како најобична глупост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зошто не го сакам зборот “норматив” во тој контекст?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова да извиниш, Трајчеица го употребуваше само во ретки прилики, и тоа ѝ доаѓаше како да вели госпоѓо или нешто слично, но Рајна во тој момент го изумила ова.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Што му се случило на Марка?“ праша, мислејќи на Едо, праша толку неотповикливо што на Ирецот престана да му биде смешно и, за чудо, Су се сети на својот сон со пластичните конци за што беше сигурна, како што во тој момент ѝ се чинеше, дека конечно го има заборавено.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Софтверот е хардвер во тој момент.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И Кети воздивна длабоко како нејзината ќерка да умре во тој миг.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Игра која точи омај, убавина, не само во тој што учествува, туку и во тој што гледа. Вистински празник.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Што ли би било четврто во тој поредок и на кое место би биле горчината и чемерот?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Клинкаше поднаведен бившиот народен учител, впрегнат во тој штурински пат, со широко размавтани раце, со крвничка мисла да ѝ стапи најпосле на судбината на грло, и да гмечи, и да гмечи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но по капитулацијата на Бугарија, дистрибуцијата на жито и други намирници била можна од долините кон планините.161 По формирањето на Четвртата македоска народноослободителна бригада на Лисец на планината Плачковица на 24 јули 1944 година на 5 август истата заминала со мисијата Abbeville за да воспостави контакт со еден одред во областа Плачковица и да го прошири НОД во тој дел од источна Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Од осматрачницата се гледаше целиот двор, оградата, главниот објект, ресторанот, магацините, но директно свртена кон влезот во дворот на Центарот, таа обезбедуваше целосен увид на движењата во тој дел.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во тој момент ја сакаше далеку повеќе отколку кога било порано, додека беа заедно и слободни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Карал, бил, бисил, така поминавме овој сефер, та до реда ала што ќе поможе, ако се нафати некој да оди во тој змијарник – го заврши Суљо-ага своето правдање за неуспехот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во тој дел од мигот во кој насмевката го деконцентрираше вниманието на соговорникот, Ема го ловеше изразот на неговото лице, се обидуваше да му ја прочита мислата и од сознанието во тој обид зависеше текот на нејзиното натамошно однесување и кажување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но не можеше да ја изџвака, начнувајќи ја малку по малку, еднаш сосем да ја голтне - и неа и човекот, и сите болки во таа облека и во тој човек.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јас и Бистра живеевме во ист влез, а Мони живееше во тој отспротива.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дека на човекот му нема рамен во тој однос во природата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Со сето свое битие посака да е таму, во тој прекрасен пејсаж, да, така велеше професорот по ликовно: - Пејсажот треба да го почувствувате, па дури потоа треба да го излеете во акварел...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
За жал (повторно за жал!), исклучиво од просторни причини сум ограничен во преносот на сите форми што сатирата ги има во тој ран период од нејзиното постоење - форма на сатирички: посланици, писма, дијалози, кратки драми, новински известија од непостоечки весници, именувајте натаму што ќе посакате...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во тој затвор беше сѐ исто како и порано.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од 1987 до 1992 година беше главен уредник на белградското (Нолитово) списание Дело, кое во тој период (особено со петте дебели броја посветени на Постмодернизмот) стана култно четиво за поеманципираната публика во веќе распаѓачката СФРЈ.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во мај 2002 стигна известување за можност за преместување на ново работно место како проценител на штети и ризик – во Секторот за големи клиенти, каде му беше понудена и поголема основна плата (околу 30.000 МКД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Марша во тој момент се покаја...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Како добар аналитичар Еванс забележал дека македонскиот народ во тој дел на Грција, иако немал национална интелигенција, а исто така и организирана национална дејност, и покрај теророт што бил практикуван од страна на претставниците на државната власт, особено селското население во поголем број останало тука и јасно го дефинирало својот македонски идентитет.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Истрча во градината, се скри меѓу рибизлите и почна да размислува: млекото на неговото братче се згорче кога тој се налути дека не му го дадоа нему да го испие; забот на дедо му испадна кога за нешто му се караше, а Димче гледаше токму во тој заб и посака да му испадне; јазикот на мајка му се заврза кога тој утрово си помисли: „Да ти се заврзе јазикот!“ бабата си го поткаса јазикот кога му се караше...
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Во тој момент нему му се потребни програми од „високо-нивовска” визија кои ќе активираат перцептивни шеми кои содржат знаење за објектите што би можеле да се појават на фотографијата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Пустош во тој почеток и тој крај.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Раскажал по родои и пријатели оти ќе одел на аџил'к.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Творештвото не е само мајсторско умеење нешто да се соопшти туку истовремено и чин на соопштување (но и на прифаќање) на важни пораки: барем во тој поглед, поезијата е блиска до религијата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се разбира дека имам многу размислувано за моето заминување и за се она што се случуваше дента кога го сретнав човекот за кого помислив дека ќе ме усреќи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Азра внесе извесна свежина во тој живот. Покажа необична креативност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Наведи ги и зборовите што сакаше да и ги речеш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во тој непроѕирен простор, тесен и сепак бескраен, кружеше околу него лилјак - „Уште мислиш на неа?“ - брз, неподнослив.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ненадејно еден глас чудно издупчен од ветар и од уплав, и пак со дива вера во себе, брзо, побрзо отколку што може да се изговори, рекол - Господи, не заборавај нѐ!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Проститутките не се при свест. Не се сеќаваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бев прилично внесена во тој филм, продавав природна козметика, рачно изработена.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во тој момент во воздухот забрмче една зелена мува и прелета покрај Врапчо.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Имаше некаква судбинска големина во тој човек облечен во едноставната униформа на градскиот превоз, кој секоја вечер можеше да направи безвредни илјадници човекови денови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Да, не знајме...“ Во тој момент влегоа во чикмакот кој беше темен, а светлина допираше само од прозорците на неколку куќи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И тука, во судницата, тогаш, во тој миг почувствував дека јас и Ема сме ние, и знаев дека и Ема почувствува дека таа и јас како и секогаш и тогаш, во судницата, бевме тоа – ние, кое никогаш дотогаш, додека бевме заедно, не го изговоривме така.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Злокобноста од враќањето на тие две омразани црни птици, токму во тој момент, Кети не можеше да ја поднесе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И ви реков дека намерите Божји се вон човечкото сфаќање и оти ние не можеме во ограниченоста на човечката природа своја да ја спознаеме големината на планот Божји и затоа треба единствено да ја прифатиме неможноста на нашите земски очи да го видат она што го гледа семоќното око Божје, та да живееме со љубовта кон него и со вербата во вечниот живот, кој не би имал смисла ако не сме се родиле како смртници, со гревот на нашите прародители, од кого ќе нè избави само смртта и покајанието...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Волчицата почна да се прикрадува кон трлото, полека, нечујно, речиси не допирајќи се до земјата, за да не биде пак изненадена. Но знаеше, ја демнеа, и таа во тој час не можеше да ја разбере смртта, од која скоро ослепе и оглуве.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не би можел сега да објаснувам која беше причината што токму во тој дел од разговоров решив да спомнам дека посредно и јас имам учествувано во жалниот настан со Раде.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но мене ни во тој последен миг од моето умирање претседателот на Републиката не ме заборавил.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
За разлика од подрумот на Мики, од каде што се нудеше детален поглед врз женските долни екстремитети, бившата гаража на „Бетон“ беше во тој, а и во секој друг поглед, бесперспективна кон надворешниот живот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ти се изгуби негде со Аксја, и богами јас се вознемирив но дед Павал рече дека не треба да се грижиме; рече дека Аксја е голема и одговорна, дури и посовесна одошто на прв поглед се чини, а тоа се потврди набрзо зашто кога се вративте бевте фатени за рака; о, како ве замислив во тој момент вас двајцата!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Оттука не ни е веќе тешко да заклучиме дека во овие филмови вистинскиот трагичен јунак е остарениот, галантен, но „виновен”, „негативен” татковски лик - мора до крај да бидеме заслепени со холивудската идеологија (што Хичкок тука успешно ја минира), ако не забележиме дека и Дописникот и Озлогласената се изградени на контрастот меѓу „негативниот јунак”, кој е во суштина единствената човечки привлечна личност, и „позитивниот јунак”, кој е сосема банален лик - а во тој контраст секако не ни е тешко да ги препознаеме спротивностите меѓу поединецот на „автономната” етика и „хетерономниот”, „кон другите насочен” поединец.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И така, во тој топол јулски ден, Бојан се најде во Селиште.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој ја потсетува дека во „мултиверзумското“ читање на квантната механика на секој момент во кој неутронот би можел да се распадне му одговара универзумот во кој тоа се случува или се случило и a fortiori постои верзија на нас, посматрачите, која го разгледува распаѓањето на тој поединечен неутрон во тој поединечен момент во тој поединечен универзум. 76 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тие можеби би пуштиле еден лош да се сврти набрзина, ама секако не сакаат да отрујат никого, бидејќи во тој случај полицијата би била обврзана да примени многу поактивен пристап кон нив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Повторно се сети дека змијата изгледаше како да е вистинска и почна да се сомнева дека, ако змијата била таму подолго време во тој предел, ќе ја износела и соблечела својата сјајна кожа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
54. За таа борба меѓу христијани ние ја симнуваме од себе одговорноста на Грците и Патријаршијата, бидејќи ние во тој случај не напаѓаме, ами се браниме од туѓи напади.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го прогонивме Јан од тој свет, но остана мачното чувство дека ни недостига, оти со него бевме блиски; бракот меѓу Земанек и мене дојде како еден вид алиби дека тој свет е сепак реален: дека во тој свет на партиските состаноци, на маскирањата и лагите, на подметнувањата и притисоците, сепак имало и нешто човечко: љубов, здрава, нормална, телесна, духовна, дека од таа љубов ете, се раѓаат и деца.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
23. АКО ИМАШ ЌЕ ТИ ЗАВИДАТ, АКО НЕМАШ ЌЕ ТЕ КУДАТ - и обуен и бос, значи, ќе нагазнеш врз шилести клинци, биди ваков или онаков сеедно ќе си под тој удар - сѐ на страната обесчестена во тој морален лринцип...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Знаеше сега сосема добро дека ќе мора да има барем уште една средба во тој ден меѓу него и оној црн самјак, што беше на ова место само пред неколку мига; знаеше дека ќе бидат очи в очи со него барем уште неколку секунди, и сега мислеше само на тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури и да отишла во медицинско училиште, дури и во тој момент да отидеше, да се запишеше следното утро, таа пак ништо не ќе можеше да стори за Џони Мохак.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Па, - ја прекинав јас, - сето тоа не го напишав зашто во тој случај ти немаше да личиш на нормална мајка, а јас сакам мојата да е како сите други.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас и Добрила, која беше исто така од Прилеп, бевме членови на Пропагандниот отсек.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Дури и во тој момент, кога многумина ја сметаа за изчезната.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ова го реков бидејќи ми се причини дека во тој момент овој збор се најде на невообичаено место. Или грешам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потем во еден момент го сврте погледот кон него, погледите им се сретнаа, Едо стана свесен за сјајно пепелавата боја на незините очи и се најде во тој нејзин поглед како врз бездна во чии безпределни длабини тонењето е неизбежно...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во тој миг не можеше да ја разбере нивната поврзаност во свеста на Мајка. Очекуваше некакво објаснување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
В ред, в ред, можеби присутните во оние произволни тврдења на Николина Кралева што беа изнесени во форма на неуверливи претпоставки можеби согледале вина и грдо однесување од страна на мојата по малку чудна личност божем наклонета кон тривијалности и недолично однесување; можеби им биле прифатливи и таканаречените љубовни авантури со несоответни личности (ова обвинување всушност ми годеше иако спаѓаше во оние таканаречени голи измислици со оглед на моето сиромашно љубовно искуство кое во тој период сѐ уште беше сместено во одделот желби и соништа) итн.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Долго го врзуваше опинокот; најпосле ја зеде пушката и не гледајќи во тој, во чии зеници ќе сретнеше страв и омраза, му ја стисна раката на воденичарот. - Прости.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И јас сфатив дека Луција е главната во тој мал судски процес.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Детето со рака покажува на некоја куќа и Саздо се упатува во тој правец.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Во тој момент недостигаа само сестрата Љуба и батето Жучко да се прегрнат и јавно да мастурбираат.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во февруарскиот поход учествувале: Првата македонско-косовска ударна бригада, требало да дејствува во централниот дел на Македонија, задржувајќи се притоа на територијата на Азот и Порече со задача да ја разгори НОБ во тој крај.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Самиот во тој миг ја почувствува острината на својот глас во кој имаше неограничена строгост.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се виде себеси како стои таму, во нејасната светлина на ламбата, сред мирисот на бубалките и на евтиниот парфем, и со чувство на пораз и на отпор, што дури и во тој момент беше помешано со мислата на белото тело на Кетрин, смрзнато засекогаш од хипнотичната моќ на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, Филозофот кажа точно слово за Пелазгиј, и јас, иако во тој миг го мразев, а го мразев оти гледаше низ нас и во нашите срца и утроби како да сме од стакло, знаев дека Пелазгиј не веруваше во себе, и дека затоа не можеше да верува ни во Бога.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Според мислењето на Finkielkraut живееме во време на feeling, на општа ревитализација на вредностите и отстранување на разликите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На пример, ги претставува своите „Белешки за ‘кампот’“ како опис на „сензибилитетот или вкусот“.389 Но она што навистина го опишувала во тој есеј е стилот на однос кон разни културни предмети.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оваа определба на толеранцијата ни разјаснува зошто Французите и Италијанците јавните куќи ги нарекуваат “куќи на толеранцијата” (maison de tolѐrance, casa di tolerance): во овие куќи не се прави ништо добро, добро е само тоа што јавното иживување на приватните изопачености е ограничено само на одредени “јавни” куќи - ниту словенечкиот/македонскиот израз не е неутрален.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се разбира, тато и мама се вратија и ние бевме најсреќните деца на светот во тој момент, а тие најсреќните родители.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И тиа твои јатаци шо те вардат, те вардат оти му даваш бакшиш на децата, те вардат оти имаат извесен ќар од тебе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Превидувањето е разбирливо, зашто дојдов на уверување дека за Дишан било важно врската со Жари да ја држи во тајност, и дека неговото однесување во тој поглед фрла светлина на целата мистериозно-измамничка поза која тој ја негувал, толку поетично собрана во делото од 1959, With My Tongue in My Cheek (Со мојот јазик на мојот образ3).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Но, во тој момент ѝ беше потребно и таа да поверува во нејзините зборови.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако првата книга тоа го наслути, „Нова Пасквелија“ несомнено потврди дека со Чинго во нашата литература стапи автор кој загрижено и ангажирано го набљудува животот, бескомпромисно го одразува сето она што се одвива пред неговиот љубопитен поглед и дека таа загледаност негодува и се напрега до прснување, до иронија, до темен, мрачен хумор секогаш кога во тој живот пукаат нишките на хуманото и разумното, секогаш кога се расплинува и исчезнува правината, кога згаснува идеалот, кога зацарува глупоста и незнаењето, секогаш кога заблудите и грешките ќе ја изопачат и убијат убавината и човечноста.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во тој момент злобно ги протрив дланките, бидејќи знаев дека уште на многу луѓе, денот од рано сабајле ќе им тргне со нервоза.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Особено големо влијание во пропагирањето на НОБ на народите на Југославија, а во тој контекст и во Македонија, имала радиостаницата „Слободна Југославија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
УЛИЦА - Улис (т.е. Стефан Дедалус; в. Џојс - Ulissis) не е уличар туку момче што ули (напаѓајќи ги „светите“ нешта!) чар! И тоа е неодоливо заводливо. Тој оди по улица гледајќи секакви лица; ту со поглед ќе улови некаква улка (луда “; или: жена), ту некој улог (инвалид), длабоко улогорен во својата улога. За тоа всушност се работи во тој ултимативен („ултра- модернистички“) роман, клучен во 20 век.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Каменот на тешкиот прстен беше згусната капка на моите зелени соништа од ноќта пред тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сите почнаа во тој правец да стрелаат и псујат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Разбуричкав низ фиоките на сознанијата и го најдов фајлот кој беше потребен токму во тој момент.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тој ти е сѐ најлошо! За ништо не го бива! Само за да нѐ испусти! Да нѐ искраде!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Некои од информациите успевале да пристигнат и до претседателот на државата, но во тој период ниту еден од чиновниците во Белата куќа не се обидел критички да ги селектира и да ги анализира информациите што биле добиени.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во тој предел еден црн ветер расфрла ветер пренесува ветер таму ветер го однесува некаде и донесува ветер. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Би ги изневериле луѓено со својата здодевност и баналност кога ќе разберат дека во недела попладне одиме во супермаркети, дека си ги носиме децата на училишни претстави и дека гледаме филмови’“.456 Избирањето геј за претседател, наводно, не би сменило ништо: никој нема да ја види разликата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Аман ма, - веднаш ми рече Мони, - види колку рано си дошла.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Единствено што во тој миг ја исполнуваше беше заедничко даденото ветување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Старецот што стоеше пред него беше негова целосна спротивност.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во таквите околности, активирањето на прашањето за обединување на Македонија сигурно не влегувало во разработената шема за идната Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Грлото ми се стегнува и ми се суши кога ќе го видам, од што не знам како да постапам во тој момент.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Па после, ти велам, се искрадува Мисајле Ковачот, се истргува некако, никој не виде во тој прплец кога отиде дома и кога се врати од дома, туку еве го со пушка в раце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Влијанијата, во позитивна смисла на зборот, се многу битна и потребна работа. шекспир имал големи влијанија од своите претходници.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сигурно дека окупацијата на поголемиот дел од Западна Европа дефетистички повлијаела врз балканските држави, кои во тој момент биле надвор од "Новиот поредок".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во тој период повеќе бев книшки внесен во сложеното палестинско прашање, во драмата на блискоисточната криза, во комплексните меѓусебни односи на арапските земји, во силните влијанија на големите сили, во стратегиската линија на неврзаните земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тој неделен ден го тргна од тежок, опоен сон некаква улична расправија. Беше запарно и здодевно. Воздухот просто се лепеше за душник.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Гласот беше тврд и предивикувачки и можеше во тој час да се разлее во широка смеа - „Јас, на зајак. Избега.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Обично во тоа време од денот, лете околу шест попладне, има многу деца на скалите и на “Плавата” но тогаш, во тој момент како сите да беа отишле некаде.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Почнаа да се ѕверат низ честарот, погледнувајќи ги своите другари лево и десно, а селанецот го забележа Белчета во букашот, си ја поткаса долната муцка и подзина да викне, но во тој момент Толевци изрипаја од карпите со страшен натприроден вик и ги фрлија готовите бомби кон групите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бургиба во тој момент го погледнал својот часовник и му рекол на угледниот гостин: Побрзајте за да не задоцните за вашиот авион.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше во тој нејзин гест, во таа забрана да читам љубовни песни, нејзе посветени (а сепак анонимни, оти во ниедна песна што ѝ ја испратив јас не ѝ го споменував името, и таа добро го знаеше тоа), имаше велам, нешто нечовечко, нешто политичко, оти не можеш никому, со никакви, освен со средства на моќ да му забраниш да ти дава!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во тој момент нејќеше татко му да го венчава: да не му направи некој пакост, не ќе го довенча!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Фиданка Кукникова, змија, со презир но не и без восхит шепнал Адам Лесновец. - Била држанка, станала жена, сега е распуштеница.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Токму во тој период доаѓа до појава на „двојното алфабетско писмо” - комбинација на големи и мали букви во еден систем.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Паничеше пред неизвесноста на здравјето и болеста, а мене упорно ме притискаше главата од тежината на мојата професија која никогаш не успеав да ја утврдам сосема, но која, во тој миг, беше некако необично налик на лекарска...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
- Пред малку, можеби сосема случајно (а можеби и не), твоето поранешно уверување дека другарот Ѓурчин ти е татко го нарече фама.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа офкаше: Ај, сирота, зошто во тој месец...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ја кренав главата и се изгледав наоколу. Во тој миг се случи тука да врви Пере Катин, зетот на Сотира Лекоски.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се криела ли итречка игра на челникот во тој предлог да го придобие на своја страна бунтовниот имењак од прости сметки зашто верувал дека тој може да посегне со своите тешки шепи кон невидливата књазовска круна на кукулинската татковина?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Марија - Јана. Јосиф - Симеон! Ти си кретен, свети духу, мислеше и не знаеше што мислат за него сите оние од Нојовиот ковчег собрани како штаб за да го судат за дезертрство од човечката кожа, за ноќно `рзнување и обеспокојување на сѐ што е живо во тој библиски кораб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Очигледно, очекуваа дека наскоро ќе умрам или дека ќе станам жртва на некаква несреќа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Маклин му го пренел британскиот став на претседателот на НКОЈ, Јосип Броз Тито, за федрацијата, имено, дека одобруваат конфедерација меѓу сите балканските држави, непријателски и сојузнички, и по можност вклучување во тој сојуз и на Турција, и дека за нив не е прифатливо и би го спречиле секое "ексклузивно обединување или федерација меѓу Југославија и Бугарија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
„А ако... Во тој случај колку ќе останеш со мене?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Јас во тој момент не сакав да размислувам околу Прифатниот центар, не сакав да се сеќавам за ништо во врска со него, поправо, ниту можев да го правам тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се знае. Кој доспеал во тој затвор не ќе се пофали со добра постапка; нема да помине без тесни долапи, ситен синџир на гуша, белегзии на раце и тежок тумрук на нозе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пругоре одеше жената и ние онемени ја гледавме неа и во тој миг се ми се чинеше дека ја гледав мајка...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Подоцна, не тој ден, еден друг ден, сѐ ми стана јасно. Ама доцна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Душата твоја во тој миг мека стана како преѓа во која се сопре отровната стрела, се успокои, оти стрелите на зависта ништо не му можат на мекото, кое ги умртвува, а од тврдите, камени ѕидови на суетата се одбиваат како од тврдина, но во нив оставаат дупки.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А во тој случај, сосема би било нормално (според генеричките конвенции што ја раководат културата на општествената интеракција на Њутн) таквите ситуации да те засмеат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И му дојде сега наеднаш, нагрвали којзнае од каде од него, чиниш се породи некаква фурија во некои неочекувани длабини од него, заедно со едно беснило, што го обземаше, заедно со она лудечка желба да се издроби во тој снег, и сето тоа полека се вообличуваше во оној лик, оној одамна сретнат и чиниш умрен со заборавот ѕидар, воскресна, чиниш сега сретнат како нешто, што се случува веднаш тука, пред неговите очи, чиниш со неговото тело, и тој набргу се најде целиот себеси сегашен во тој одамнешен лик, а неговото тело веќе сето се завитка во она, што тој отпрвин го имаше само во сеќавањето за набргу да се најде сиот, и духом и телом, понесен и збеснет во тоа...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Еве ви ја ќерка ви! – рече брат ми. – Леси се враќа дома!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога ја отворив вратата, ме пречека насмевка, отсонувана, посакувана, а малото мое се пикна во мене гледајќи во тој убав човек што го изговори моето име со глас на рецепционер од хотел „Белви“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
МИХАЈЛО: Со чесно заработени пари. Во тој манастир сум крстен.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Не можеше во тој миг да го погоди текот на неговата мисла.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
17. Како претседател на Тајниот македонско-одрински кружок во Петербург (натаму: ТМОК), па со тоа и во ТМОРО, Мисирков не е и не можел да биде против револуцијата како метод (впрочем, тој и самиот смета дека резултатите можеле да се постигнат и „со вешти, мали народни движења“!), но категорички се изјаснува против Востанието во тој момент, како поради очевидниот неуспешен крај, со сите народни страдања, така и особено поради реалните опасности за распарчување и заграбување на Македонија од соседите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ова често е проследено со истражување на тоа на кој начин индивидуата била вовлечена во тој начин на доживување на работите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не сакав тие да ме видат да плачам и во тој момент ме исполни некаков пркос.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тие, преку интервенции и прашања до својот синдикат, сѐ почесто се интересираа да добијат било какви информации за новонастанатите проблеми во работењето, особено во тој кризен [воен] период.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И тоа беше токму во тој миг кога ти влезе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Првото излегување во дискотеката Елемент во која ме однесе постарата сестра која студираше таму, ми вдахна посебна љубов, специјално за ноќниот живот во тој град.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Со свој јазик им кажала што видела и бездруго мислела дека тие знаат колку што знае и таа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знаеше! Знаеше дека по сите марфиеви закони, по сите закони на силата на иронијата, кога ќе реши да фати некоја работа, шефот токму во тој миг ќе ги побара неговото мислење и помош.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Или, нешто подоцна, прво констатира - после перцепцијата на столот во собата, дека “вака секој би требало да ги гледа работите онакви какви што тие навистина се”, а веднаш потоа поставува сомневање: “...кога некој би гледал постојано вака, никогаш не би посакал да работи ништо друго...во тој случај, што со другите луѓе?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мајка ми се заврте накај мене насмеана и ми рече -тука се, во тој влез зад тебе.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
За тоа секогаш ќе биде премногу доцна. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 170
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во тој момент и Рангел седеше замислен, опрен со лактите на маса.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А во тој нов број, на насловната страница се исцртуваше македонска куќа со напуштена тераса.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Кога во тој филм Кристијан Слејтер и Винона Рајдер убиваат двајца играчи на американски фудбал во нивната гимназија, а убиството го местат да личи на двојно геј-самоубиство, геј-сексуалниот идентитет на жртвите им го воспоставуваат како непобитен со тоа што, заедно со лажната проштална порака, им подметнуваат и неколку очигледни „хомосексуални артефакти“, како што ги викаат – меѓу кои и маскара, шише кисела вода и, најзначајниот, „разгледница со Џоан Крафорд“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Малку подоцна минаа покрај една куќа во една улица, покрај единствената куќа во тој град на мрачните куќи што беше осветлена со сите светла што продираа низ сите прозорци, без завеси.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во тој момент, Херман и неговите колеги може да ви кажат што е тоа што ќе го земете: „ова е МDМА од 90 милиграми“, ќе ви речат, или „МDЕА 120“ или „МDА 120“ - и во тој случај, јасно, остро ќе ви советуваат да не ја земете.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Осамен е тој во мракот, во тој прав без дно, сам е со своите желби и надежи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Меѓутоа, тоа во тој момент беше неможно, зашто сè беше сопрено на „Сен Лазар“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Порано се викаше „Свети Мартин во полето“, додаде старецот, „иако не се сеќавам на никакво поле во тој дел од градот.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И пак погледна на гранките и свежо израмнетата земја и во тој миг за грло јa стегна грч.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Поораа уште малку и бидејќи Силјан си одел по браздите сѐ близу, си зобал црвјето, чунки му се сладило, и му се чинеше оти татко му го милува, без да му текне оти е штрк во тој саат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ние сме симуланти, ние сме симулакруми (не во класичната смисла на “привиди”), конкавни огледала озрачени од општественото, зрачење без светлосен извор, власт без корен, без дис­танца, и во тој тактички свет на симулакруми ќе мораме да се бориме - без надеж (надежта е слаба вредност), но исполнети со пркос и занес.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Беше тивка и храбра, силна во својата величествена самота, во тој наш голем пораз, одвлечени на маргините од животот во кој секогаш имаме веќе спакувани одговори за нашите одложени знаци на возвратена љубов.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се колнам беше сѐ забележано, од првиот ден, од часот кога ги растоваравме дрвјата, нашиот разговор, капутчето, распараниот астар на капутчето, пазувата каде што го криел дрвцето, местото каде што работел, местото каде што ги закопувал делканиците, делканиците како факт, ножето со кое копал по дрвото, сѐ, сѐ имаше во тој реферат, семожни глупости.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Пропозицијата може да не се согласува со сите елементарни вистинитосни можности, па во тој случај се јавува контрадикција; ако пропозицијата со сите нив се согласува, тогаш тоа е тавтологија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Каква гордост, како некое благородно проклетство да имаше влезено во тој човек.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кога сум премногу радосна мене ми се случува и да скокам, и да рипам неконтролирано, а таквото нешто во овој случај можеше да биде и навистина опасно, оти јас седев на килимот врз мојата работна маса, таа пак е веднаш до прозорецот кој во тој момент беше широко отворен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми се допадна што некој се вика Огледало и тогаш, во тој момент, ми стана многу драго што и моето име не е од оние обичните, туку дека значи нешто повеќе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дедо Баџак го именуваа со бате Благоја, кога разговараа за него, и говореа дека е добар што тој не ја продал куќата во Влае, зашто мајка ми и сестрите во тој случај би се чувствувале како да се откорнати од родното огниште.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Чкрапнав и екна пукот. Во тој момент падна коњот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но во тој момент значењето на предметот сличен на маска, што беше прицврстен на неговиот преден дел, ненадејно му стана јасно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, поради отпуштањата кои се случуваа во тој период, реши да не презема ништо – освен, уште еднаш, да ги информира претпоставените дека треба да има дополнителна пресметка на додатокот на нето-плата за признат работен стаж (попознат како надоместок за „минат труд“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Признавам, во тој момент со сомневав дека таа ќе може да напише роман, од оние вистинските што јас со задоволство ги читам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ох, колку во тој момент сакав да му речам - татко, вети ми дека никогаш нема да доведеш друга жена за мајка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Последното што го најдов испишано од некоја книга, како потсетник за нешто, не сум знаела за што во тој тогашен момент, беше: “... недостигот на лична смисла и суштина го добива својот најсилен израз во едно судбоносно осакатување на животното чувство, на едноставниот секојдневен живот во неговата повеќеслојна и раскошна целина“.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Беше едно тешко чувство, една растргана тишина, од која нему устата сама му се искривуваше, не знаејќи дали да се посмее, или пак да се скамени во тој грч што одбива.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Раскажуваше полека како да се плаши да не се засркне од многуте зборови, го гледаше настанот и се гледаше себеси во тој настан, со жестока горчливост во гласот се исповедаше пред седуммина гости.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не знаеше: ја демнеа, и таа во тој час не можеше да ја разбере смртта, од која скоро ослепе и оглуве.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во тој простор сега лажен, костум сеуште крие некој навидум важен. Навидум важен сфатете.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Таа не разбира ништо од неговата возбуденост...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Да не очајував кога бев дете, неверството на Рајнер ќе беше само краткотрајна болка, нешто на што ќе му го завртев грбот и ќе заминев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Српскиот претседател - во тој кошмар од елементи, каде што злосторствата се прават во име на (православниот) Бог, масакрирањето на другите во име на борбата против фашизмот, каде што никнуваат концентрациони логори во името на стравот од сопственото истребување - се претвора во чудовишна икона од која секој миг беснее Хитлеровиот поглед, Садамовото мрсно чело.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но, јас точно паметам дека Дино ме погледна и престана да ја цица коската, бидејќи ме гледаше сериозно, а паметам јасно затоа што од крајчето на устата му висеше една жила и сигурно немаше така сериозно да ме гледа ако знаеше колку глупаво изгледа во тој момент.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Уште поголемо задоволство ми правеше палмата која ја чувавме на истиот тој балкон веќе две години, уште од самото вселување во тој стан.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Имаше натопено многу високи ѕидови, имаше соѕидано многу зданија со својот малтер, во многу градови по главните улици стоеја градбите во кои тој имаше соѕидано многу свои денови, заедно со тешките копанки, а од сето тоа имал само едно уште пониско рамо и само толку заработка, за едвај да може да дочека додека не се започнеше некоја нова градба во тој, или во некој друг град, сеедно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Така поседувањето на вистината за доброто брзо може да се преобрази во нетолерантно држење, затоа што кон нетолерантност се движи веќе самото поседување на вистината за она што се смета морално неутрално.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пред Арсо Арнаутче се отворала со омајност златна и сина и сочна синоличка, и тој, од името на својата машкост што му била дадена од господа, можел само да се наведне под пролетна месечина и со жед на пустински камилар да срка пелур, потоа пијан од цветно вино да се закопа со чело во треви и да ѝ ги шепоти на земјата тајните на љубовта; во тој миг можел да биде уверен дека од земјата ќе шурне сребрена вода со чии капки светот ќе си ги излекува и очите и срцата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најмногу страхуваше од помислата, инаку најблиску до вистината, да не бил пуштен Чанга едно време да лудува со козите во градот, да ги собере околу себе, во тој заносен марш, сите свои истомисленици, несудени припадници на козјата „работничка класа”, па еднаш засекогаш да се стави крај на козарското прашање во социјализмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- А кога те погребаа? - го прашуваше Чауле додека Мајката ситно се смееше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Овие ги нарамија пушките и пак ја запејаа омилената песна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бев сигурна оти во тој момент татко ти веќе беше поверувал дека поминало најлошото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но токму во тој момент толпата ги притисна еден кон друг и нивните раце случајно се сретнаа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Што се однесува до игрите во тој филм, нивното постоење има еден пророчки, еден амблематски и еден метафорички слој.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во тој момент погледот ми отиде налво од таа нејзина Блажена Девица Марија, кон една стара фотографија.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Така, индивидуите се okno.mk | Margina #4-5 [1994] 47 повикани да го скицираат влијанието што тие “погледи” или перцепции го имаат врз нивните животи, вклучувајќи ги тука и нивните интеракции со другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
ЖЕНА паркот во тој период беше преполн со МАЖИ осиромашени стечајци кои играа шах.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се гледаме в очи и траеме во молкот и во тој миг ми се пристори дека црните букви ме жежат и ми ја горат дланката...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Да го излаже Хелвиг, во тој момент.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но во тој миг таа немаше друг избор освен да остави тој да ја исполнува и да ја повреди со својата љубов, зашто вистинската љубов никогаш не може да се одбие.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но тоа го открив многу подоцна, а во тој момент сè уште имав прилично надеж и храброста не ме беше сосем напуштила.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не сфаќајќи дека е тоа мое паѓање од бездна од која враќањето ќе е долго и мачно, очајнички се обидов да го соберам од масата и од подот шарените парчиња боја, во тој обид трошејќи ги уште повеќе и намножувајќи ги до снемување под треперењето на прстите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Имајќи ја предвид лошата ситуација во фирмата и малата веројатност нешто да се промени во тој правец, таа се сложува на ова и „доброволно“ го потпишува решението за технолошки вишок, кое датира од септември 2005 и во кое се наведува дека од денот на престанокот на работниот однос нејзе ќе ѝ се исплати надомест на име испратнина во висина од пет месечни плати остварени во последниот полугодишен период, а исплатата ќе се изврши со денот на престанокот на работниот однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мишко постоја уште малку долепен до стаклото и загледан во тој правец.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Така и во тој навев од мисли Рада стигна до местото каде што се мешаа и слеваа звуците од двете џамии.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Многумина од луѓето, секојдневно се измачуваа за да ги одгонетнат тајните на мундологијата, да откријат зошто светот овде се движи во тој правец?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Имено, на тој ден во Битола се одржала конференција, во присуство на делегати од сите делови на територијата на Македонија под Грција, на која се „избрала политичка комисија за реководење на борбата“ на македонскиот народ во тој дел на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Или ако бевме спомнати како сведоци кои сметаат дека е најумно да го заборават она што го слушнале?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Стоев во претсобјето, мирисот беше ист како и пред да заминам, оној мирис кој го донесовме со себе кога се вселивме во тој дом кога имав единаесет години, и кој остануваше непроменет и откако Зигмунд се отсели кога имав дваесет и една година, и откако се мажеа и од домот заминуваа моите сестри, и по заминувањето од дома на брат ми Александар, тој мирис на нашиот дом остана ист и откако умре татко кога имав триесет и четири години, една година пред да заминам за Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Според разговорите што ги водев подоцна со старите жители на селото, во Маказар немало семејство Боте, та заклучив, што набрзо од хартиите и ми се потврди, дека учителот веројатно бил од друго место, донесен можеби специјално од Никола Поцо за да држи училиште на народен јазик и, во тој случај, можеби и живеел во еден дел од куќата на трговецот, та тука останал и неговиот ракопис, спастрен подоцна од семејството Поцо во лимената кутија која, очигледно заборавена, стоела во дупката на ѕидот од потонот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За нив, според информациите со кои располагале, уште било дискутабилно прашањето дали во тој момент (средината на 1944 година) се појавила, во кој било вид, „намерна ‘комунизација’ на Балканот од страна на СССР“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Бидејќи, во тој случај, делото Со оглед дека... би можело да биде прво дело кое престанува да биде „уметност” кога не го гледаме.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во тој миг занеме и Светлана. Сѐ уште ѝ беше во умот крвавата промашена врска со Ѓорѓе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сеизот на Назлам-бег, не втаса ни да ја сметне пушката од рамото, кога од пченките истрчаа десетина вооружени комити...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
За несреќа, во тој момент, пеењето на попот запре бидејќи и тој едвај чекаше да си ги земе петстотината денари маржа за пеење, иако тоа повеќе личеше на дерење млади петли, веројатно поради тоа што попот на нашиот погреб се трезнеше од претходната алкохолизирана и развратна ноќ.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Беше само еден миг, во кој беше сѐ загубено, наеднаш чиниш беше замрзнато, а Језекил можеше добро да го види она, што го имаше момчето во своите очи; беше еден толку кус миг, само колку тоа скочането момче да може да погледне во Језекила, но старецот можеше многу добро и во истиот миг да го препознае во тој поглед она, што го измачуваше самиот него целото тоа лето, и само додека зина да му свика на тоа момче, речиси со бела коса од сонцето, да ја пушти копанката, момчето се отпушти од талпата и потона надолу; провалијата меѓу ѕидот и скелињата просто го проголтна неговото тело и го понесе низ оној тесен процеп меѓу скелињата и ѕидовите, што се стрмоглавуваше сѐ до подножието на зданието, а по него и неговата полна копанка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На ред беше Дејко. Се упати накај ОПЕЛОТ.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
14. Во Полска или некаде во тој крај некој стар рабин одеше по олуја од едно село во друго.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Овој записник може да го разгледа само повисокиот суд кога решава по правен лек, и во тој случај записникот повторно ќе се затвори во посебна обвивка и на обвивката ќе се назначи дека записникот е разгледан (чл. 120, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но во тој момент и појдоа мислите пак во „бацето" на Нешка: „Ошче тамо да ме замеша господ, нишчо друго му неќу, — си рече за себе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„... Седнав јас во тој автобусот да одам прво до Велес, а после во Велес да го фатам камионот од Битола со боровинки да ме однесе до Врање.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дека нема да откриваш бројки, димензии, нема да оддаваш никакви податоци, цифри?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секој од вокалите/раздели во „Две тишини“ има автентичен есеистички влез преку кој читателот се спроведува директно во „собата“ на песните групирани во тој и тој вокал.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Се колнам, точно во тој тажен и многу жалосен час, во мигот на разделбата на топлото буниште видов како еден млад, бесен петел со премногу впипрен китик ѕверски налета на едно кротко коковче што ситно со ножињата си чепкаше по гнојчето и, ни пет ни шест, бесрамно го пови под себе, ама, за едно секунде, само окото што ми трепна, проклет да бидам, тоа не рече ни грк!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во тој момент, меѓутоа, О'Брајан се сврте од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некаква видлива агресивност почнала да им го полни настојчивото тврдење дека се толку здодевни, толку конвенционални и крајно нераспознатливи од сите други. ‌Неодамна во рубриката Мислења во Њујорк тајмс во напис за можноста Американците да изберат отворено геј-претседател, Морин Дауд го цитира Фред Сајнц од Кампања за човекови права, геј-организација за политичко лобирање со седиште во Вашингтон, кој „му се жалел на сопругот дека геј-претседател би бил антиклимакс. ‘Луѓето очекуваат бизарен тип и чудно однесување’ ми рече. ‘Ние секогаш сме ти оној смешниот комшија што се носи шарено и авангардно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некаде токму во тој период го сретнав Филип.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во тој момент куклата се истргна од нејзината преградка и рипна на отворениот прозор.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Пиеше таа сѐ, но ништо не помагаше: паѓаше со сѐ што во тој миг ќе ѝ се најдеше во рацете: слугарка со чаши, стомна, малите дечиња.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Човекот го спушти куферчето и во тој миг во неговите очи забележав искра на изненадување.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Живеевме во тој мал миг на одложената несреќа. А таков беше целиот живот на нашето семејство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Според постојаниот ритуал, Татко ќе појдеше во одајчето десно од чардакот, во тој негов минијатурен бал­канвавилон, кое беше приспособено во негова малечка библиотека и во работно катче и таму ќе се задржеше некое време.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Јас знаев дека таа девојка лесно се заљубуваше, ама во тој момент не можев да сфатам дека до таму дошла работата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
На импровизираната бина, каде што е ди-џејот, се искачува еден постар човек и со раката му дава некаков знак.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ова е толку симптоматично, што сосема е чудно како судијката (В. Каловска како претседател на советот) го вреднуваше овој факт како веродостоен и му поклони безрезервна верба, кога оди далеку од секоја нормална логика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Суровата игуменија Минадора рекла со скаменето лице неколку утешни зборови и го развеала манастирското знаме со извезен лик на маченикот Никита.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едноставно, хендикепирана сум во тој поглед.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Поради брзиот развој на настаните, информациите што пристигнувале од теренот и секојдневните анализи на британските аналитичари и експерти го принудиле британскиот премиер Винстон Черчил да заземе став дека е потребно позасилено ангажирање на дипломатските и разузнавачките служби, со што би можела да се реализира замислата за формирање балкански блок од Турција, Југославија и Грција, а по можност да се настојува и да се убеди кон нив да пристапи и Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И еве, кога Хелвиг мислеше дека собрал сили да му се спротистави на тој бесчувствен татко и нималку сентименталната мајка, се реши да дојде тука, во тој дом во кој порасна.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Беше тоа слично на илузијата на Винстон додека гледаше во срцето на стаклениот тег за хартија и си замислуваше дека би било можно да влезе внатре во тој стаклен свет и дека кога човек еднаш ќе се најде во него, времето може да биде запрено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За една недела, во тој и тој парк, на таа и таа клупа, во толку и толку часот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ја ништо не знам, викаше Трпе, кој во тој момент за малку ќе ги напунеше гаќите од страв.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
До него долета, во тој миг, и го тргна од занесот, познат глас. - Добро утро...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Тоа беше најдоброто нешто што можеше да му се случи,“ рече Далтон. „Тој беше на пат да стане професионален пијаница.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пред британските стратези, во годините по паѓањето на Франција во 1940 година и по германската инвазија на СССР во 1941 година, се поставило прашањето на кој начин Велика Британија, на која во тој период ѝ недостигале сила и војска за да се истовари на европскиот континент, ќе може да го ослаби Рајхот и како да му нанесе конечен пораз на Хитлер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во возот многу пушеше и размислуваше за геометриското решение на еден комплициран проблем.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Иако бев многу приврзана кон тетка Рајна и многу ѝ должевме, во тој момент како да ја отсакав.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Продолжуваше да живее само во тој дел од себе, со сите други делови од своето тело мртов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тој луфт, тој циркуски неон и сега не се познава каде е мојот живот, мојата скриена фалинка не сум крив јас виновни се оние кои веруваа полесно ми беше да бидам неограничен во слободата да грешам, одошто да сакам ја имав секоја имајќи ја безличната жена, не груба, не глупа, не грда напросто ефемерна бришаниот простор ме плаши, не празниот ѕвездената прашинка која светка под папокот на мојата скокотлива куртизана, судбината мојот детски инат, залудното препознавање во сѐ што не сум јас зар не сум доволно смртен за да бидам и жив, и со себеси соочен зар јас ќе го напуштам светот не тој мене, мила моја!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но не го симна погледот кон мене туку погледна кон докторот Јовановиќ бидејќи во тој момент докторот беше втрчал во просторијата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во тој изитрен, недвојбен момент, јас осознав дали промените зависеа од упорноста и истрајноста или, пак, од нетрпеливоста...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во тој момент наеднаш сфати дека се сосем сами.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
“ и во душата сети празнина наместо сеќавање, оти во тој миг му се причини како и едното и другото отсекогаш да биле само теми за кои пишувал, без да ги доживее.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Преку интервјуто, американската јавност беше запознаена со неколку проблеми што во тој момент беа од интерес за сојузничките и неутралните земји.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Целата сигурност е во тој краток збор - мајко!...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во својот изворен претстоунволски општествен и парадигматски контекст, како што го опишува Естер Њутн, кампот се појавил како оружје што машката геј-култура си го справила во еден очајнички, ако не и јуначки напор да ѝ се опре на моќта на убавината.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Потоа гласот му го поклопија испреплетените звуци на хармониката и во тој миг во куќата на вториот кум бабите запалија свеќа и ја определија првата тажачка со покорност и со сув плач - нивна врсничка им доаѓа, пред сите нив стои една и последна врвица по која се чекорилесно и нечујно, со насмевка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не и кажав, ама убедена сум дека знае колку бев радосна во тој момент и горда што сум со неа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ако му покажам колку ми значи, се плашам како ќе ми возврати, ако пак се правам „на удрена”, се плашам да не загуби интерес за мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Можниот југословенско-бугарски договор за федерација отворал нови простори за акција на Југославија и Бугарија во тој правец.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Токму во тој момент Раде пред прагот ги соблекуваше калливите рибарски чизми.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Излегувај ти... тии... - Кузе ја фати за рака и ја повлече кон вратата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во тој миг една од нив се јави во далечината со својот продорен писок и така ја отвори и вечерашната тажаленка на гладот, исфрлен среде тој снег, а сепак толку многу дома. Со тоа завивање сега заплака сета шума.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И замолкнаа старецот и детето, се преселија за малку во мислите во тој иден, убав летен ден, кога планината ќе биде најубава, кога ќе биде украсена со сите бои на ѕуницата, озвучена од грлата на сите птици и позлатена со сончевина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Записникот за советувањето и гласањето ќе се затвори во посебна обвивка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
НИША - Поовско-Кероловска приказна: „Нишај се!“, ѝ рекол таинствениот господин скриен во ниша на госпоѓицата занишана на нишалка. „Кон вас, да ве нанишанам?“, рекла госпоѓицата. „Ма, ништо“, рекол господинот. „Само се сетив на еден филм на Флајшер, за црвената нишалка.“ Во тој момент една нишка од црвениот фустан на госпоѓицата паднала врз господинот. „И сè како да се поништува!“ рекол, за крај, мистериозниот господин од нишата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Дури тогаш ја сфаќа емоционалната јаловост на тоа јуначко дело – неговата неможност да го надомести загубениот Патрокло и да му го ублажи чувството на одговорност за смртта на најсаканиот другар.302 Според Илијадата, човечката општественост зависи од одржливоста на чисто симболичните трансакции.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Да не згрешив нешто? - прашав и самиот изненаден од ваквото однесување на Катерина, но и од наметливата и заедлива насмевка на Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бев многу уморна од долгиот пат и од многуте впечатоци што немав можност во тој момент ни да ги средам зошто во мојата глава беше хаос.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Којзнае како изгледав затоа што тој ми удри една шлаканица за да се смирам, а во тој момент влезе мајка му, со Маци во рацете.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во тој миг се крена и се подистрани капакот од ковчегот и со тресок падна покрај колата. Попот и коларот подзинаа од чудо и се скочанија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Та нели некаде во тој свет се наоѓа уште еден бегалец како нејзе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И во тој случај треба да се реши прашањето за односот кон него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бојс имаше визија, имаше иднина, и со својата енергија ѝ вдахна живот на европската култура.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во тој момент, баш откако го изговорив зборот „гладен“, цревата повторно се побунија, но овој пат со полифоничен цвилеж.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во тој сив примрак рамениците на заробениот уште повеќе се подвиткуваат, неговиот нос го допира писмото. Не пишува со носот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ако некоја од жените се подналутеше, ако се скиселеше кога ќе ја удреа по газот, и ако во тој миг ги стегнеше усните на устата, тогаш и устинките на дундата се стегнуваа како некој да ѝ ставил стипца меѓу нозете.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Текстот е печатен во еден број на Heby магазинот од 1979. Dr. Ackerman ги прикажува и практичните појавности на dummy-змот и во тој број на часописот донесува фотографии на зборувачи од сто­мак со своите кукли, потоа фотки на „дрдорливи раце”, а претставена е и една група играчи со кукли под име Rhoda Mappo dred Radiophones.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не знам зошто но во тој момент ми дојде на ум мојот почитуван доктор Настев.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Можеше и да ме повреди додека се затвораше!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Одмавна со глава, потоа најде нешто страшливо во тој гест, нешто што нему не му беше својствено.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но во тој момент, Илчо ништо не можеше да го утеши.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Секој од трудот свој да има корист – тоа го налагаат и правото и правичноста!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Го потпрев челото на тупаница: ноќ е, месечината се спушта ниско и со ергенски занес се мушка меѓу трски и грмушки не чувствувајќи ги гребениците, дишат дрвјата од надојдено зелено млеко на пролетта и се поткреваат водите на прсти да ги наслушнат тишините на далечините до кои ќе стасаат по дождовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можете да си ги претставите детските срца во тој проклет час.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мислам дека во тој момент го почувствував причипчувањето на Катерина до моето рамо.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ете, во тој момент и вистински ја загубив самоконтролата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Како ќе се оправдаме пред одделенскиот раководител?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Колку што можеше да процени во тој правец надолу се опушта линијата на фронтот, заклучи дека селото на Тетинот е од оваа страна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Шепичка, другар, тоа е хуфта... хуфта. – повтори и ја подаде пред Василопулос својата мала шепа и во тој миг заличи на питач пред црква.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Обете крила се умножуваа, стрелаа бесцелно само да се јават, да не удрат на нив комитите, та за некое задржување никој не мислеше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зарем не се сеќаваш на жолтиот дожд од минатото лето?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но во тој момент се зададе пак овчарот со насмеан сурат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во тој процес на ‘калемење’ на вештачкото врз физичкото тело (нешто како Робокап) свеста сепак некако ќе опстане.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Учеството на Рајна во тој весел живот на Генералот би бил значи само беззначајно делче за кое не чини дури ни да се размислува а камоли да се преземаат некои непромислени чекори, и дека Рајна всушност и прави услуга на својата пријателка Трајчеица наведувајќи ја на вистинската трага, или уште поточно, на вистинскиот пат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Преку хоризонтот во тој миг пулсираа тивки топлотни секавици што можеби предизвикуваа пожари во плевни некаде во Индијана.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Милане, каде си? што си се искачил таму? - Дојди горе. - Слези ти, што барам горе. - Дојди. Ќе видиш.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А јас немав доволно храброст да ја присилам мајка ми да се исповеда пред сопствениот син.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Освен веќе споменатите дела, негова најчиста работа во тој домен е Театарскиот чин (1960), за 1-8 изведувачи, кој предвидува низа пропозиции кои наликуваат на игра (играта секогаш има општествен карактер!) низ која изведувачите треба да одберат работи кои потоа ќе ги фиксираат како улога, но така што улогата го отсликува нивниот статус во реалниот живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мене ме интересираа во тој миг други нешта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во големиот историски архив во Монастир, не успеав да најдам ништо што би ме водело во тој правец.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се исправувам, пуштам поглед на околината и во тој миг го слушам гласот на сега осумдесетгодиншната, партизанка, Мита: - Огромни се планините на Северен Пинд, реон познат под општото име Грамос.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Крајниот подвиг било да се оспори монополот врз достоинственоста што го држеле тие на чија жалост ѝ била завештана автентичност и, во тој степен, имунитет од обезвреднување и од подбив.194 Во својата потрага да создадат општествен простор и изразен јазик за претставување на сопственото доживување на загубата, италијанските вдовици од Фајер Ајленд се свртиле кон најблиското расположливо културно средство, кон модел на трајно, неутешно жалење што е тематски соодветно за нивната емоционална и етничка состојба, но крајно во расчекор со нивниот род.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во тој момент, од ходникот допре гласот на мајката, која, како суфлер, но повеќе како контролор го следи муабетот, но не сака да учествува во него зашто тоа се машки муабети: „И не само таа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Иако секогаш мислел дека светот со секое утро треба да се менува, не само закоравениот ред туку и сè во тој ред, од мирис до звук, од светлост до облик, сега се побунил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тој миг заѕвони. Откај домофонот се јави Нина: „Брзо слегувај! Дојдени се! Дератизација!!!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тука, во тој Ал-Шари, дојде Толе една есенска вечер и цела ноќ се преврќа и ги кокори очите под еден бор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Моите проблеми во тој момент беа токму такви и никој жив не можеше да ги отстрани, но татко ми ми се обрати многу нежно кога ме праша што ми е, и седна до мене со намера да открие, а не само онака, да праша и да си замине како што понекогаш прави.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се обидував да ја натерам да размислува како да дојдеме до одговор на сите оние прашања што ми се родија откако го прочитав писмото.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Освен тоа таму, во тој телефон, се наоѓаше целата моја охридска историја.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А штом некој ќе се обиде да ги покори, тие се дигаат со оружје в раце и спречуваат секакво исполнување на царските закони во тој крај.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
20. КОЈ СИ КРАДЕ ОД СОНОТ, СИ КРАДЕ ОД ВЕКОТ - спанковците би биле најчесните во тој однос, единствена грижа уште ќе му остане на секој пред спиење да си легне поудобно и згодно...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Но и во тој случај, како и при другите несогласија, ова недоразбирање заврши со внимателното приближување на нашите тела.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Меѓу таа македонска интелигентна емиграција има мнозина или што имале или имаат високи должности, пак и коишто се претенденти и кандидати за нив, во тој број и за министерски портфељ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не можеше тој тетка Рајна да ја спречи да зборува за овие работи, но, затоа тој со молчењето ѝ кажуваше колку тоа му е мачно, - си мислев јас онака како што мене ми беше потребно во тој момент.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во тој момент паднатото девојче му се приближи на Тарик и му ја помилува раката да го утеши. Престана да плаче.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
За него немало никакво двоумење или колебање дека „жителите не се ниту Грци, ниту Бугари или Срби или Хрвати. Тие се Македонци“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И, штом го добиеше исцрпниот одговор, заминуваше натаму. okno.mk 171
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Со погледот шеташе по покривите од околните куќи, во тој сплет од нерамни и испревртени кубови, ги гледаше низ измаглината на квечерината.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неколкупати дури, поведен од таа надеж, тој одеше по девојчето до гимназијата, мрштејќи се и неволно кога требаше некого да поздравува, зашто баш во тој момент може таа да загуби нешто, а тој и да не забележи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Верувајте ми, ја пресеков секоја можност, го потиснав секој нагон, туѓ или мој, што можеше намерно или случајно да предизвика било кога било каква живост во тој, од човечка гледна точка, ептен мртов стан.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Потоа попусто ќе настојуваш да се сетиш на сите поединости што си ги видел бидејќи нема да успееш да си објасниш што се се случувало во тој момент и што се си успеал да различиш и да издвоиш од сината светлина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На моменти почнав да се чудам од себеси. Како вака западнав во тој циркус.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во тој момент слушна брзи чекори по скалите. Џулија бувна во собата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не бев сигурна во што е работата, бев само радосна и тоа беше доволно во тој момент.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ема Ендековска, полицајка
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во тој миг Марко залипа: „И јас сакам да станам пионер.“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Почна да тоне во некаква млакост, во која сите работи добиваат некоја чудна извртеност, некоја лудечка испреметканост, а пред некој негов внатрешен поглед, кој остануваше постојано да дебне и во тој полусон, кој беше исто така негов и исто онака вистинит, тој се прегрнуваше со некои двајца луѓе, што требаа да заминат, а веднаш потоа ги гледаше оние двајца како застануваат крај патеката, како дрвјата, пренатрупани со окит, од кого веѓите им беа сосема бели, а со него се прегрнуваа сега и исчезнуваа полека по снегот нагоре, едно по друго, сите тие дрвја, а тој им намавнуваше ним со рацете, со сите свои десетина раце, од кои како бели перници се стреснуваше некаков окит, а за сето време некој некаде продолжуваше да го дупчи тоа, да го пробива, се мачи постојано да го пробие, со некаква долга шилка, бела и цврста како заб, како од слонова коска, но она се надига пред таа шилка и таа ниеднаш не успева да го продупчи...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Лугето во сите нешта и во сите појави се обидуваат да откријат дел од себеси, да наѕирнат во тој дел; ако е можно да дознаат понекоја од своите тајни па дури и да се протолкуваат себеси.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во моментот на носењето на одлуката не можеш да знаеш дали е таа правилна или не, дали си згрешил или не, затоа што во тој момент не ги знаеш последиците во иднината, ниту, пак, можеш да го вратиш времето во минатото за да ја промениш одлуката.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Но во тој момент се истури залп од десетина пушки од аскерот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Непосреден придонес во тоа секако имал недостигот од директен увид во она што се случувало на балканските простори.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Скапи глупости, си рече во тој момент во излогот, како да е тука ставен по грешка, забележа еден дебел блок со зелена хартија. Застана фаќајќи ја Летка за рака и задржувајќи ја.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во тој простор ја слушаш омилената музика и правиш работи што се прават само кога си сам. Кога си сам помалку се нервираш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Старата ја отвори вратничката но во тој момент се исправи пред мајка си Толе и му се овргали на Муарема.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И повеќето писатели, кои живееја од социјална помош единствено нешто што го напишаа во тој период беа нивните писма што ги испраќаа дома за пари... (Исто: New Week, Special Issue, Our Amerika ”A Self Portrait”, 4 Јули 1976 год.).
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ако може, мислев, да се проникне во тој општествен код и ако може успешно да се зафатат тие прашања, исходните пронигби би расветлиле многу аспекти на машкиот геј- субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дел од активностите ги спроведував во мојот стан, низ многубројни средби, разговори и анализи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Терајудри, аскерот им ги дотера овие луѓе на мудурот пред конакот и јузбашијата си го излеа својот гнев прв на нив, удирајќи им и тој по десетина грбачи преку очи и плеќи, та во тој бес не го заштеди ни самиот коџабашија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нашата хрватска културна традиција во тој поглед е страотно празна.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Можеби во тој момент, мислеше на актот на лудост што сакаше да го изврши.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Па така, ја подадов раката и реков: - Убаво маче тоа...
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Со други зборови, членарината за користење на мојана сала беше скапа, но не беше толку скапа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Еее, Братољубе, Братољубе, кој знае што паметен човек си ти, - воздивнав, и во тој момент немаше суштество на Земјината топка на кое повеќе му завидував одошто на тој умен и сезнаечки Братољуб.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Умрел ли туѓинецот во тој Онисифор Мечкојад, испарило ли од неговата крв сеништето со дамари на неспокојство и поттикнувач на бес и самоволност? Не, можеби тој нешто смислувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„ Татко ми, во тој миг, го слушам како излегува од клозетот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во моментот нѐ делеа близу триста километри и не можев битно да ѝ помогнам, ако воопшто јас можев во тој поглед нешто да ѝ помогнам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како и да е, во тој замок-каде-и-да-е, една од забавите на исто така (како и господинот Сенка) непоимливо осамениот Призрак се бес­крајните прошетки од скулптура до скулптура, од слика до слика, гледајќи го (осветлувајќи го!) сето она што, на некој начин, не може да биде тој самиот; т.е. доволно згуснат за да биде фор­ма, доволно собрани тие честички светлина (од кои е составен господинот При­зрак) за да биде целина, суштество, а не некој вид на вампир осу­ден на талкање меѓу мртви предмети.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Државата водеше сметка за тоа кој вработува во своите државни служби, а Александар во тој поглед немаше некои посериозни алтернативи.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Но во тој случај Маргарита, ако било што можев да предвидам, тоа е дека во еден момент расеано ќе се сврти кон прозорецот и дека тогаш, во тој случај, Маргарита ќе го види мојот одблесок, вкрстување на погледите на ликовите од тоа стакло врз кое темнината на тунелот става одлики на придушено огледало, го става својот виолетов плиш што се движи давајќи им на лицата живот во некои други рамништа, одземајќи им ја онаа ужасна маска на креда што им ја навлекува комуналното осветлување на возилата а особено, е да, тоа не можеше да го порекнеш, Маргарита, кое ве приморува вистински да го погледнете она друго лице на стаклото бидејќи во магновението на двојниот поглед нема цензура, мојот одблесок на стаклото не е исто нешто со оној човек кој седи наспроти Ана и во кого Ана не смее отворено да гледа во вагонот на метрото, 59 а освен тоа онаа што токму го гледа мојот одблесок веќе не е Ана туку Маргарита во моментот кога Ана брзо го тргна погледот од човекот кој седи наспроти неа бидејќи не е згодно да го гледа, но кога се сврте кон прозорското стакло, таа го здогледа мојот одблесок како демне на тој момент, за благо да се насмевнам, без дрскост а и без надеж кога погледот на Маргарита како птица ќе падне во неговиот поглед.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Што во тој момент чувствуваше и размислуваше Ема?” се прашав.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На пример оној ден кога, додека се качував по затворските скали наеднаш станав свесен дека токму во тој простор нашата сенка е секогаш со нас, не нè напушта туку се чипчи до нас, нè следи, како да се плаши да не нè загуби!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Клинците ги отфрлаа обичаите и облеката заради кои изгледаа како нивните родители и одненадеж сѐ се промени - татковците и мајките се обидуваа да изгледаат како нивните деца.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ми стана тесно и задушно во тој полумрак проткаен со реа на евтин сапун и боја за чевли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Препнувајќи се од нешто, падна во калта.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тие знаат оти во тој говор вистина се имаат особини општи со бугарскиот јазик, но исто така се имаат и особини општи со српскиот јазик, па и такви што се немаат ни во српскиот ни во бугарскиот јазик, а им се својствени само на македонските наречја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Херман сепак смета дека повеќето производители сакаат да снабдуваат со добар производ.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Страв ми е да погледнам во тој нерешен крстозбор што ги кочи сите можни сознанија, за тоа каков би бил крајот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ја крена раката но не одмавна – раката се запре пред лицето, не од некоја помисла за смислата и бесмислата, туку затоа што се загледа во својот рачен часовник.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Само во тој период Стејт департментот, поттикнат од претседателот Рузвелт, започнал да обрнува поголем интерес кон Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во тој миг, на овој одговор си поставив друго прашање: „А што е тоа што веќе го нема?“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во тој миг неколцина помлади луѓе скокнаа во морето и запливаа во пресрет на коњот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Мислам дека уште во тој момент, додека го образложував овој дел од мојот исказ, знаев дека ќе бидам погрешно сфатен; дека моите соборци ќе помислат дека се обидувам на нашата борба да ѝ одземам некои од нејзините основни вредности.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Здогледувајќи го татка си во тој секојдневен амбиент, на светлината на сѐ уште неисчезнатиот ден, Наташа одеднаш инстинктивно сфати дека тоа е стварност а не „халуцинација“ и онака истоштена викна со сета сила што ѝ беше преостаната: -Татенце, татенце, што правиш?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не во тој момент. И двете бевме многу збунети.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И уште една поединост: не го гледав само она што се случуваше во тој момент туку и она што допрва требаше да се случи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
– Не знам за вашето искуство, но што се однесува до мене, сè убаво што го имам доживеано навистина е плод на непресметливите случајности.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Имам и јас бегано во тој Пасаж дури и од осаменоста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зашто тие во селото имаа и одбор, по партизански комитет се викаше, ама во тој комитет Пандо не беше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Веќе имаме над десетина писма од читателките.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Такви беа нејзините заскитувања што неочекувано наидуваа, и јас бев речиси сигурен дека таа само посакуваше да ми наговести нешто во врска со размислите и расположението што во тој момент ќе ја преплавеше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Те замолив да ги соблечеш алиштата со кои беше на лов и да облечеш чисти, но ти се инаетеше и рече дека нема тоа да го направиш, во тој момент кога јас сакам.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Сега, стоејќи пред големата воена топографска карта, тој се потсети на непријатните зборови што пред неколку дена ги слушна од Захаријадис: - Маркос - му рече Захаријадис во текот на разгледувањето на дневната состојба на фронтовите - ти премногу си се внел во тој Клефтис.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дури и за облеката што ја носеше во тој момент Катерина знаев сѐ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се соживував со она што го пишував и како да се случуваше повторно, во тој миг, ја празнев душата, плачев на цел глас, па, ќе станев малку од столицата, да се соземам и пак да продолжам. 43.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во тој вакуум едни во други постојат сите преживеани очаи; низ новата болка болат сите претходни; низ мојот сегашен очај ме болеше очајот на моето детство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една мирна летна вечер се симнаа на станицата; ги дочека, измачена од солзи и чекање, седумнаесетгодишната сестра на Љубимов, Наташа - таткото во тој град живееше осаменички, само со ќерката.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Морам да обрнам внимание и на читателот и на самата себе, бидејќи сега веќе и ние сме вклучени во тој процес.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако во тој живот не сме научиле, повторно се раѓаме во ново тело и го поминуваме истиот процес сè додека не го достигнеме совршенството на вечната љубов на Бог.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И навистина, во тој миг птицата излета нагоре, како некој метеор, и се изгуби во воздухот потопен во сончева светлина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Најнови вести: постојат универзуми во кои се случува најдоброто од сите оние можни линии на светови, но само во некоја фикција внатре во тој универзум: во телевизиски филм, можеби, во театарска драма, или роман или кус расказ.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
На 4 и 5 март 1945 во Скопје е одржан првиот Македонски црковно-народен одбор на кој покрај свештенството присуствувале и преставници на Президиумот на АСНОМ и Главниот штаб и други структури од тогашниот општествен живот.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Мислев дека гласно се слушаше отчукувањето на нашите три срца во тој момент и никогаш во животот тоа не го заборавив.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Меклин ја спомнал и можноста за формирање федерална држава, која би била составена од Југославија и Бугарија, а кон која би се приклучиле Грција и Албанија и во која, според Меклин, границите на „идеална Македонија цврсто би се формирале“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се разнесе грмогласно „ураааа!“ од четиристотини грла и залпови од пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Никој дотогаш немаше ѕирнато во тој дел од домот, ѕвонарот беше целосен и единствен господар на подрумот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се сетив, ете баш во тој миг, масичето ме потсети, задржано од старата кооперација, можеби за да го избегнам барем во моментот неудопството, се сетив на онаа мала свеченост пред повеќе години, во времето на големата инфлација, кога парите добија многу нули.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Откако завладеал мир во тој дел од болницата прославениот командантот им рекол на лудите дека тој за себеси од поодамна знае оти е презреано јаболко.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Били сакаше и рефлектирачки површини - поставуваше скршени парчиња од огледало овде-онде и ги мешаше со сето наоколу.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не знам дали бевте стигнати уште овде, каде се најде во тој снег; од нивата на Коста Зидовски се зададе со трчање една мачка црна! и само за еден чекор препомина пред нас — не замина, и влезе во трњето од нивата... а (на Котета) твоја! (Сите се преплашени и очите им играат, додека Мара ја опфаќа страв и затоа тука гледа во Пандета, тука во Митрета.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Но, ако тој колективистички драјв - кој, мислам, е и резултат на вашата грижа на совест - се покаже како величествено промашување - колкава е всушност специфичната тежина на тој „скопски андерграунд“ што го глорифицирате?! -, во тој случај, пак ќе се вратите кон „индивидуалистичкиот проект“? Margina #26-28 [1995] | okno.mk 37
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тука можеме да се согласиме со Pascal Bruckner, којшто аргументирано (со набројување на големи историски грозотии, направени под маска на висока култивираност) го застапува мислењето дека врската меѓу културата и моралот никако не е сама по себе разбирлива, дека е илузорно развојот Margina #32-33 [1996] | okno.mk 101 на слободата да се условува со образованието и дека на пример читањето романи сѐ уште не нѐ прави потолерантни. 1 Finkielkraut спаѓа меѓу оние критичари на популарната култура (и како што му прилега на еден филозоф, критичар на духот на времето, воопшто), што нѐ восхитуваат со блескав, изострен стил и богата ерудиција (треба да се признае дека во тој поглед противниците на популарната култура честопати ги надминуваат поборниците), но и покрај тоа не можат сосема да нѐ убедат со своите судови. Finkielkraut се обраќа токму на оние што за мизерната состојба на современата културна, политичка и општествена сцена не наоѓаат убави зборови и при тоа никогаш не забораваат да го наведат единствениот виновник: популарната култура во сите појавни облици (би можеле да речеме дека тука се среќаваме со своевидна форма на нетолеранција!).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој мора да се избори за својот пат; во тој случај пациентот не се чувствува виновен.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Сите мислиме како логотетот“, рече Јулијан Граматикот. Само јас реков: „Сите мислиме како Филозофот“, и во тој миг како ровја ме шибна белото око на Стефан Лествичникот, до вчера Писмородец.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Салата во тој момент занеме.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И речиси во секој премин на цивилизатори или варвари не престанало да се убива, да се масакрира, да се владее...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А на Пандо во тој миг му се стори дека почна да се расплетува и расткајува заедно плетената и ткаена горчлива и чемерна судбина, сега небаре потсечена со срп.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не го тревожеше мајсторот што се победите во тој свет чиста илузија, зашто тој знаеше дека, ако се размисли добро, до тоа се сведуваат и многу работи што се чинат важни во животот и на кои им се посветуваат со сиот напор сериозни луѓе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Едо во тој момент се сети дека не се израдува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Подобро ќе беше да си останам во тој кошмар, отколку во реалниов - помисли таа.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И се влечкаше нагоре, на колената и на рацете; снегот како да беше направен од големи тврди скрупци, од чијшто студ набргу во неговите подноктици му се всади и една гола бол, но тоа не мораше да биде забележано со некакво особено внимание, додека заминуваше со лицето во тој снег, бидејќи дланките можеше секогаш да ги замени со лактите и да продолжи да чекори и на нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дино само набрзина го голтна последниот залак од ручекот и тромаво се стрча накај кујната.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сфатив во тој миг дека нему не му е толку многу до тоа да не ме караат за велосипедот, туку да не му ја расипам идејата што му се чинеше многу возбудлива, па решив во негова корист. Премолчав за велосипедите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во тој момент од другата страна на улицата се појавува пајтон. Арсо видува две лица.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Значи, строгиот сооднос меѓу жанровите на дискурсот, на чувствувањето, на изразувањето и на однесувањето, од една страна, и облиците на родот и на сексуалноста, од друга страна, веројатно ќе им биде на децата јасен и опиплив на едно инстинктивно, интуитивно, утробно ниво, дури и на мошне малите деца, а веројатно ќе биде формативен за нивните субјективитети, иако – како и повеќето возрасни во тој поглед – тие и понатаму се, главно, несвесни за тој сооднос и немаат никакви свесни и експлицитни начини да си ги артикулираат несозреаните перцепции и интуиции што ги произведува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Излегов порано од вообичаено, бидејќи мајка ми, свесно или несвесно, ме избрка од дома со смрдеата на запршка од кромид што ја подготвуваше уште од рано изутрината (МРФФФГГГРРРЈЈММРРГГ, ова беше пцофката што успеа да процури во тој момент, сега преведена на книжевен јазик).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
„Ќе се фрлам низ твојот поглед како низ скршен прозорец и ќе избегам во ноќта,“ ѝ велев.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Доколку сакаш. Орлен Шумков со недоверба го гледал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Клекнете. Онисифор Проказник ќе пее патем молитви и ќе внимава на постењето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Посакував во тој миг да сум токму една од таквите: сè да можам и сè да имам, сè што ќе посакам и веднаш штом ќе посакам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бидејќи и јас се свртев во тој момент, видов човекот со колкаво изненадување погледна во Вера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ги фалеше сите Акиноски - да им се умножат достоинствата - носители на спахиска титула, во тој контекст лично и него, Софорнија, - да му се зголемат гордостите - за успешното управување со Потковицата, за редовното и чесно исплаќање на давачките, за лојалноста спрема султаните и за нивното храбро учество во воените походи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Долги години потоа сонував како играм, како скокам среде таа прав, во тој пекол.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Стиснати се гнетевме еден до друг во тие камиони што нѐ однесоа во тој град што го викаат Дуреси.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Имено, после Девојките од Челзи, првиот Ворхолов филм што доживеа комерцијален успех (прикажуван е и во Европа), очигледно е авторовото тежнеење да продолжи во тој правец, т.е. настанува обид за додворување на публиката со постепеното прифаќање на правилата на комерцијализмот, односно во филмовите кои следеа исчезнува меценизмот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Што ти не реков за мачката, за нејзиниот склад на телото, за грациозноста на движењата и за вештината, за достоинството, за продорниот поглед, за тоа дека човекот со мачката се поврзува преку чулата, дека во тој поглед тие еднакво реагираат еден кон друг, за разлика од односот на човека со кучето, каде што врската е повеќе социјална и тн.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Малку појасно опишувам во тој расказ.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во радиограмата се истакнувало дека Германците се повлекувале спрема Елбасан, а дека секторот Кичево-Гостивар-Тетово бил “повторно заземен од прогерманските Албанци“279 и дека во тек се борби во тој сектор.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- Никако! - одбив. – Јас во тој дел од паркот во живот веќе нема да стапнам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ѝ напишав: Можам да си замислам, Аксја, како се чувствува еден ситен мал човек седнат на стол во самиот центар на земјата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Внатрешноста на колибата беше мала и од вратата се гледаше целата, сите нејзини четири камени ѕида, а сепак и во тој мал простор, тој толку се губеше со својата ситнотија што оној од вратата неколкупати заврте со очите лево и десно низ колибата пред да го здогледа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Со дозвола на турските власти во тој манастир од Божиќ ќе биде воспоставена грчка црковна власт.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Во Агенцијата каде што работеше, која функционираше како ДООЕЛ, во тој период, работеа 12-13 луѓе како „обезбедувачи“ – сите, освен управителот, со облигационен договор за дело и со статус приправници!?3
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој се смееше сосема лудо; мислам дека во тој миг дефинитивно изгуби контрола врз себе; „Знаеш ли Луцијо“, велеше, „знаеш ли каде е центарот на светот, Луцијо?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Важно ми е како е расположен.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но, јас не ќе можам да ја поведам во тој свет, да бидам дел од нејзиното полетување и лет ниту да бидам ковач на нејзината среќа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За што ќе се зборува во тој твој роман?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Земајќи ги предвид насобраните сознанија за животот и за луѓето дали и денес би постапил така како што постапив тие денови? Не сум сигурен...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа била исфрлена за да се поврзе со четничката група на Војче Трбиќ, кој во тој период се наоѓал северно од Прилеп.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- Еј, па сега, - почна да се буни Мони, - кој ќе оди до продавница?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој победите ги доживува многу помирно, скоро не покажува радост, но знам дека во тој еден поглед со кој ме мери, има исто толку триумф, колку и во моите извици.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Како дете од стоунволската ера, сакам да му се опрам на отсексувањето на машката геј-култура, дури и ако еден од резултатите на мојата пристрасност биде тоа што можеби нема праведно да се осврнам на страсниот, бессексен, неироничен обожавателски жар што оди со речиси религиозната посветеност на некои геј-мажи кон предмети со несексуална убавина и кој таквата посветеност ја озарува со аура на несебичност, аскетство и духовност.363 Буквалниот, искрен, некампски и дееротизирачки напор да се загуби себството во естетскиот предмет и да се надмине сопственото гејство во тој процес јасно е важна димензија на културните практики на некои геј-мажи. (Други геј-мажи можеби чувствуваат дека таквите искуства на опојна занесеност во несексуалните предмети, всушност, ги прави понастрани.) Во секој случај, ваквиот бессексен естетизам не е нешто што сум го нагласувал, бидејќи мене ми изгледа дека укажува на одредено отфрлање на гејството, одбивање на хомосексуалната особеност, бегство и од геј-идентитетот и од геј-сексуалноста.364 Повеќе сакам да ги разгледувам оние културни практики што свесно упатуваат на хомосексуалноста, исто како што повеќе сакам да ги истражувам оние машки геј-изрази на страсна посветеност на културен предмет и оние искуства на занесна восхитеност од неа што откриваат некаква иронична самосвест и што себе не се доживуваат сосема направо.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И во тој разговор дојде и псалтот Куле Кушо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А сите што по темно одат невидливи, без цврста нога ги обзема радост кога зад грбот на овој подан јасна алка брзо молска слаби сенките се веднат на сјајот од една свеќа гајтан парички во роса тајната на Здивот Сронат ја трепетат и ја вестат; таа тајна не е лесна- опседнати овде седат Вртисенка со светнат образ во милост на пресвет обрач низ сенките што ги снема отчитува јасна пошта: сам на себе кој се предал, нему мракот сегде простран- никаде од никој возврат. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 133
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако со овој закон или друг закон поинаку не е одредено, на работникот му припаѓа надоместок на платата во висина од неговата просечна 183 плата од последните 12 месеца.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ми се чинеше во тој момент дека од тоа што тој ќе изусти зависеше, се решаваше нашата судбина, мојата, на Ели и неговата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во тој поглед имаше топлина, мекост и голема желба едниот да подарува, а вториот да го почувствува импулсот на животот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На крајот на расказот на Кафка дознаваме дека сопствениците на циркусот подоцна во тој кафез ставиле млад пантер.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Додека механички чекореше и притоа се трудеше да се сети како се нашол таму каде што никогаш не сакал да се најде, сфати дека во тој миг не знае каде оди.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во тој момент затреперува сигналната ламба во специјалното засолниште. Аларм!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Исто така, еден вид театар, сличен на хепенингот, претставува музиката во која е тргната границата меѓу изведувачот и слушателот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Имаше генијалност во тој човек од кого се плашеа, опасен но и три четвртини скршен човек.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Знаев дека во тој момент дружев со себичноста!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Министерот за куродрвење во тој момент дебатираше со опозицискиот широкуран дали треба да се кастрат трошоците во образованието додека гуската од Битола го тестираше новиот римејл купен со парите од патните трошкови.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
„Може ли да им се верува на комунистите?“ - гласно ги прашува тој.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А во тој случај веројатно ќе ги отфрлиме, како што ги отфрла Ахил.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Колку и да ми фалеа пари, секој таков момент ме одржуваше во тој „центар на светот“.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Госпоѓа Мариела покажа инвенција во примената на својот метод надворешните фактори, што во тој момент ги чувствуваат нејзините ученици, да ги доведе во корелација со содржината на предавањето и притоа да го испитува психолошкото поведение на присутните.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Прошетавме низ градот и тргнавме кон Колежот на жан Калвин, кадешто Борхес одел на училиште помеѓу 1914 и 1919-та, додека семејството му живеело во женева.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бев по сосема друга работа таму. Во тој град.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Зора е веќе: гледа отец Ангелариј дека гаснат убавите очи на отец Лаврентиј, загледани в небо, пред летен дожд, и во тој момент, во одајата со тресок влетува празен креветот на отец Лаврентиј, паѓа на местото од каде одлета пред три месеци и знае отец Ангелариј дека отец Лаврентиј веќе нема да се врати.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Арно ама дуовникот други пат не бил во тој вилает, за да знае да шета сам и му рекол на анџијата за да му бара некој калауз, за да го шета по селата и по градовите.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Во тој момент го мачеше само едно: Што мисли таа? Дали ќе може да ја кандиса?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Необично е важно во тој период децата да се блиски со родителите и многу да разговараат меѓу себе за сѐ.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Потем, во тој наш смртен живот сега, кога осознаваме, спасението нѐ ослободува од ропството на гревот, за во иднина да бидеме избавени од Божјиот грев со нови воскреснати тела.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Па тоа е правец кој... кога сега би го дополнувал Дневникот, мислам дека би одел во тој правец: да се обидам, како порано, да ги истакнам револуционерните достигнувања, а во исто време да се обидам да ги истакнам и неиздржливите видови, статус кво...  К: Денес постојат две компании за плочи, едната во Милано, а другата 56 Margina #10 [1995] | okno.mk овде во Њујорк, кои во своите каталози ја поврзуваат од една страна популарната музика а од друга авангардата, и се обидуваат тие музики да ги соединат кај иста публика, истата млада публика.  Б: Дали тоа овде е “Томато”?  К: Да.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Прво ќе го прегледаме прашањето: во каков однос ќе станат комитетите и македонската интелигенција кон едно ново национално течење сред Македонците, коешто бара не само политичко, ами и национално и религиозно ослободување на Македонија, т.е. кон едно течење што прокламира „Македонија за Македонците” против сите претенденти на Македонија, во тој број и против Бугарија и Бугарите?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со таквото сознание на Ема ѝ бликна љубов во градите, очите ѝ заискрија со почит кон госпоѓа Мариела која во тој момент се павкаше со ладалото, канејќи ја својата гостинка во трпезаријата на мала закуска.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Поаѓам од себе: синоќа бев премногу меланхоличен, а одамна не ми се случило тоа, дури депресијата беше толку силна што прозаично се зачудив како се најдов во тој стадиум.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Замислете дека наместо наместо симболите кои ги внесуваме во компјутерот да поставиме камера, и влезот во компјутерот во тој случај е ТВ слика.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ете, во тој момент станав свесен за чудното, самобендисано, неодговорно дури и опасно однесување кон нашата иднина на поголемиот број мои пријатели, и помислив, не, не помислив само, туку и решив дека морам да ѝ се спротивставам на неодговорноста и на алчноста...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во овој текст ќе се обидам - ко некаков товарен лифт - да спојам неколку зони на прашања: за односот меѓу внатрешното и надворешното во светлината на односот меѓу два медија - во случајов наречени “архитектура/филм/”; освен тоа, во најкуси можни црти (молскавични ко потпис!) ќе се обидам да ги изложам проблемот на идентитет-легитимитет и улогата на потписот во тој контекст; на крај, како илустрација за одредени ставови наметнати во текстот, ќе кажам неколку зборови за филмовите со Бетмен.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но, тогаш попусто се обидував да извршам нужда - бев толку напнат дека пријателот ќе влезе во соба во тој момент или пак брзо откако ќе завршам, па ќе ја почувствува смрдеата како излегува од под вратата - што никако не можев да се опуштам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во исто време некаде стивнувала рапава песна на гладен и безнадежен гавран.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Една од ваквите внатрешни системски карактеристики на писмото претставува редоследот на графемите во системот и токму во тој поглед ерменскиот систем на писмо покажува неспорна врска со грчкиот систем на писмо: токму според моделот на грчкиот систем се издвојуваат соодветните звуци и се сместуваат во определен редослед, кој на почетокот го рефлектира редоследот на грчката алфабетска низа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Имав впечаток дека Илона постојано живее во тој свет, иако беше со нас, заградена со талпи во светот на Прифатниот центар.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа е малку контрадикторно со моите здравствени принципи и никого не советувам да ги следи моите стапки, во тој поглед. што се однесува до пушењето, паузирав една година.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И се насмеав на џинчестата птица: Го снема костурот, затоа ти благодарам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Имаше во тој негов поглед и морална поткрепа и заштита и радост и гордост...и пак во таа сала во која скоро половина од присутните беа мајки, ја барав, ми недостасуваше мама...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И во тој сон го носеше со себе проклетството за некој баран излез, за некој отвор, што мораше да постои во тоа небо, меѓу тие дрвја.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гледаше во тој светол сноп, гледаше наоколу кон местата што му беа познати, и срцето му трепереше од радост.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Отидовме да го гледаме на сцената на Ахмансон, прашувајќи се каде ли воопшто ќе го сместат оркестарот во тој малечок театар...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Коцките се наместија во тој момент, но требаше порано да се случи тоа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А токму во тој момент, можеби поттикнат од измислиците што ги бев изнарекол , Зрновски ја фати раката на Јана, ја приближи до усните за да ја бакне а потоа ја потсети: - Еј, заборави да ми одговориш, дали ти се допаѓа овој млад човек или не?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не греши душа, синко... Толкунѕаво гршче пченичка собрав.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јурнаа напред сите четиристотини востаници со еленска брзина, но во тој момент сета гора загрме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А во тој ден човекон што ја сретнал, младичот што и понудил да ја поведе со себе и што можел да ми стане и татко, бил облечен во војничка униформа и јавал бел, војнички коњ.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таквите размислувања на британските политичари и дипломати се должеле главно на тоа што на настаните на Балканот тие им приоѓале од догматско становиште, а притоа биле полни со предрасуди кои докрај им го замаглувале објективниот увид во тој многу сложен проблем.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Јас знам дека секогаш кога имам потреба од душевен мир и спокојство погледнувам кон небото, зошто само таму во тој безграничен простор, каде границите се вишок сетилата ми се слободни, живот без грев, ин оптима форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Заплака. Липти тивко и во тој липтеж е целиот очај и нескротливата болка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој истакнал дека би можел да го доведе Михајлов во САД каде што би можел да работи за британски цели.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Овде, на чардакот, во тој издаден дел на нашата куќа, чиниш готов да полета, добиваа најго­лем залет Татковите илузии по големите и задлабочени читања.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Само телата на љубовниците остануваа видливи под блескотот на молњите, распрскани како паднати на бојно поле, неколку од нив стенкајќи и чекајќи галебите да ги докрајчат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- А тој, стриче Лентен, - некое дете праша липајќи. Чичкото Лентен тогаш замолчуваше подолго; чудно изгледаше тоа мало човече во тој приквечерен час, среде децата, во пустиот, во глувиот дом.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Тоа е успех за целиот наш колектив во секој поглед, - искажа татенцето, а во тој миг Оливера Срезоска даде знак за аплауз.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Навистина, идат Евреи и во овој град како по сите градишта, но не во тој нивни празничен ден во кој што не работат, ами ја прибираат вересијата од своите многубројни муштерии.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За волја на вистината тоа е мекото ткиво на нашата земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И така, ќе ја загубат целата делотворност и ќе престанат да функционираат: веќе нема да можат да служат за испреплетување на луѓето во мрежа од општествени размени, ниту сега ниту во иднина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мозокот на Рада во тој миг престана да ги регистрира и да ги контролира чувствата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Разбра дека е откриена и и се присака гласно да викне, да заплаче и во тој миг слушна згрчено офкање и довикување на ранети.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во записот ја опишал својата судбина и го оставил аманетот, што во тој суден час и суден ден го прочитал (доведен од судбината) умниот и учен гостин од Индија, за да го одведе нашиот другар истиот ден и истиот час во палатите дедови, во одаите царски.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И во тој прплеи не можеш со прво да познаваш какви пилишта се.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па, така со оваа измена е предвидено дека Управниот одбор на Агенцијата за вработување на РМ донесува решение за доделување на средствата од Посебниот фонд во рок од 90 дена. (чл. 1 од ЗИДЗВИЛ/окт.11) По ова кон чл. 16, по ст. 5 се додаваат нови 17 става (6 – 22) кои најпрво нормираат дека доколку Управниот одбор не донесе решение за доделување или одбивање на средствата во тој случај подносителот на барањето може во рок од три работни дена да поднесе приговор до писарницата на претседателот на Управниот одбор на АВРМ, (ст. 6) кој пак е должен во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето да донесе решение односно да одлучи дали ќе го прифати или одбие барањето на подносителот. (ст.9) Доколку директорот не донесе решение во законски предвидениот рок во тој случај барателот има право да поднесе барање до Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена, (ст. 10) кој е должен во рок од десет дена да изврши надзор во Управниот одбор на АВРМ. (ст. 11)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Токму во тој миг знаев дека ќе ја видам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Изутрината истата Маци си лежеше во скутот на свекрва ми и си предеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Само видов како Б.С. станува и веднаш потоа ја имав во раката чашата со вода.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И еден тежок полусон и едно барање во тој полусон.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Како исфрлени стари предмети можеа да се видат на куп децата во тој предел крај ѕидот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Иако Зонтаг навистина повикувала на опис и на анализа на формата, таа претпочитала да го обрати тој критички протокол и да ја нагласи потребата „подробно да се испитува формалната функција на предметното прашање“388 Но нејзината приврзаност кон формата и кон стилот требало да ја натера да ја види нужноста на еден поинаков потфат, на една херменевтика на стилот – херменевтика на „површините“ што не би била сомничава, туку описна – и да ја согледа можната важност на едно испитување на содржината на формата што би ја нагласило тематиката, односно настраната противтематика, на самиот стил.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Знаеш ли, миличок, кој во тој миг може најубаво да ја почувствува суровата, единствена хармонија на Космосот?...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но за мене сепак остана тајна, што најмногу влијаело при донесувањето на одлуката: дали човекот- младич, неговиот пристап, начинот на кој и ја поднел понудата, неговиот изглед, или самата самата порака содржана во понудата да тргне со него кон планината бидејќи во тој негов предлог таа го открила наеданаш сонуваното небо но и поинаквиот живот што може да се случи таму негде, високо?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во тој поглед ѕвонарот беше господ. Се колнам, господ.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Филмот, во тој контекст, е голем синтетизатор на уметничките родови, а фактот што се појавува најдоцна во една историска смисла (време на развиена технологија)само ја потврдува неговата способност за еманципација на многу дејности дотогаш неможни за интегрирање во еден концепциски проект.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Или во тој проклет занес безживотен прав ќе станеш!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не можеше да се прибере во онаа своја колната притаеност за ништо на светот, не сакаше да се скамни пак во таа подлипната замолченост, бидејќи тоа сега би значело уште едно умирање во тој ужасен студ и во таа сивина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја снема бучавата: правот полека легнува врз шумата и калдрмата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ми рече уште дека вистинската прва љубов се доживува дури во тој период, а дека сето друго се детски работи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Досадни се и овие травеститиве преоблечени во авторитет...  Па, добро, Сашо, не е толку страшно, прашај го господин Страшо! (во тој момент во просторијата на Сашо, влегува еден негов пријател сликар, Чкртко-Шкртко Вртко Ртко ко „О“ што изгледа, а чие вистинско име Сашо ми забранува да го спомнам) Имаш стан, огромно дрво во дворот, другар што добро ги продава своите слики... (во разговорот се вклучува Чкртко-Шкртко) Чкртко-Шкртко: Ма, макетонецот е генијален уметник, само не го бидува за организација, за бизнис, за политика...  Не заебаај, Твртко-Вртко, ти мал маусдонецу ко мравка вреден!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Рацете знаеја што да сторат. Се најдоа во тој миг со оној огромен нерез, со она грамадно ѕвере, какво што Змејко немаше видено ниеднаш во својот живот до тој ден, така заедно, што тој ниеднаш не знаеше да каже сосема сигурно кој од нив се покрена прв; дали прво тој ја повлече ногата од пушката, или пак самјакот отскокна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вратени кон себе, некогашните колонизирани народи стануваат заточеници на својата припадност, вкочанети во тој колективен идентитет што ги ослободил како од тиранијата така и од европските вредности.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Ти си мислиш“, рече тој, „дека со оглед на нашата намера целосно да те уништиме, така што ништо од она што ти ќе го кажеш или ќе го сториш нема ништо да измени, - зошто, во тој случај, се трудиме толку многу прво да те сослушуваме? Тоа го мислеше, нели?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Впрочем имам искуство во тој однос.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како ќе дојдат луѓето од селото во тој голем студ да ме кренат со ковчегот и да ме однесат на гробишта...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во тој контекст тој истакнува дека името што се споменува во коресподеницијата сигурно е „Ванчо Михајлов, бугарско- македонски терористички лидер“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кога мајка или баба ќе ме замиеја, веднаш чувствував олеснување, како некое пролетно ветре да ми поминуваше низ телото, ми го однесуваше огнот и јас во тој миг се чувствував веќе оздравен.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Затоа пред собраните зеници прскаа жолти тркалца, затоа устата однатре му ја збираше горчината на сите испушени цигари во тој ден.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Иако се немавме видено од вчера изутрина знаев дека таа го имаше навлечено на дебелите меса она нејзино мини здолниште стегнато со кожен колан.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Гласот на Андон се задушуваше во бучавата на камионите кои во тој момент донесуваа материјал на градилиштето за подземната гаража, веднаш до ресторанот од страната на Градскиот парк.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Често пати кога ќе ги видам поклопените стрелки на часовникот, паѓам на суеверие дека во тој миг некој помислил на мене. Не е тоа суеверие, како пример за црните мачки.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Бев уверен дека немам од што да се бранам а знаев дека нема поголема глупост од онаа, да се бориш со замислени ветерници.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа појдов од условно речено, номиналната сатира, а точката на одбројување беше XVIII век на руската литература.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Метакот во тој период го снимаше неговиот нов албум и до доцна во ноќта заглавуваше во студиото.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во овој прв бран масовни отпуштања Божиновски, за среќа, останува во компанијата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Колку е тој поразличен од сите што ги знам, колку е сѐ полесно и поедноставно со него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Отсекогаш мислев оти не смее да се растура туѓата среќа на таков начин. Подобро речено, од каприц!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Овие чудни замени, помислив, ги прави само за да ме поштеди.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во тој момент влезе тетка ми Ана: - Леле, - списка, - ќе се задушите! Што се случува овде?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И еден ден, гледајќи од кој кат излетуваат птиците, и низ кој прозорец, луѓето се искачија во станот на Љупчо, тропнаа на вратата, им отвори лекарот кој во тој момент беше дојден кај Љупчо да направи визита и да му ги даде потребните лекови, и тие почнаа да викаат по Љупчо гледајќи го како држи в рака неколку направени птици за да ги фрли низ прозорецот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Очекувам дека во тој простор уметниците треба повеќе да работат во иднина. ñМожеме ли овој нов стил да го наречеме “интерактивна музика”?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Зарем навистина во тој момент му заличив на ѕверка, скршена од железото на стапицата, која нестрпливо очекува да биде докрајчена?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Така, во тој дигестивен стил, се набројуваат квалитетите и слабостите во желудочните дејствија кај четворицата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во тој момент Турчинот секавично го извади револверот. Се чу истрел.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во тој момент истрча од продавницата за зеленчук продавачот што ние го викавме „Пиљарот“ и се развика: - Што правите, копилиња, само ако ве подграбнам, пердуви ќе летаат од вас!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А во тој центар никогаш не се греши!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Напролет, на годишнината од смртта на првиот од дружината, додека жените ги орале здружените ниви на секоја глава во Кукулино да ѝ припадне по толку жито или пченка колку што е доволно да се одржи голиот живот, преостанатите мажи навртеле планински поток кон земјиштето на еден од неколкуте манастири во тој крај и под големоглава сенка на кубе од пред неколку стотици години почнале да ѕидаат воденица, сега една и заедничка за сите во Кукулино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислиме дека во тој простор, што Поетот го нарекува небесна сфера, еднаш или двапати тој го има донесено и она чудно, за многу неупатени поединци суетно решение, дека таму никогаш нема да дозволи да се чувствува приземјен.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И во тој вик не се слуша ниту име, ниту презиме, туку само “о–о-о-а-а-а-!!!” и плачење, и молење, и колнење, и проколнување, и пцости, и лелекање.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Бегав колку можев подалеку од маглата на безделничењето, сивиот чад на катадневието, неподносливоста на монотонијата, затоа што таму во тој загушлив простор губев парче душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Државата и војската имале формирано свои сопствени сигурносни и контраразнавачки процедури, а армијата и морнарицата формирале одделни служби за дешифрирање и читање на информациите што пристигнувале од дипломатските претставници на САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Порано Бојан често ќе се вовлечеше во плевната, па ќе лежеше во сеното или ќе се катереше по гредите и одозгора се ѓувкаше во тој дебел, зелен мек душек.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во некој град отвориле муабет во некое каве неколцина чорбаџии помеѓу себе за кадијата во тој град дали зема рушвет.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На чардакот на нашата куќа, во тој издаден дел, над реката, готов да полета со сето семејство, како во некој облак од сликите на Шагал, Татко, при читањето, си ги потсилуваше илузиите, готов секогаш некаде да заминеме, во потрага по излезот од балканскиот лавиринт.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во тој недостаток како при трагички хибрис прозборела сликата. Значењето е смислата на уметноста.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ниту шлаканица, а камоли повеќе, но во тој момент бев спремна на сè и немаше уста да отворам и да ме згазат, само да стигнам на сигурно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Инспекторот на противпожарната заштита усрдно бараше во куќата барем едно аголче, што ќе претставуваше опасност во однос на противпожарната заштита, но во тој поглед сѐ беше добро.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Хелвиг молчеше. Можеби во тој момент мислеше на лошите услови за живот што ги виде кај неа дома. Материјални.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во тој момент во ходникот гласно зборуваа собарките Кристина и Мери.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ајде, заборавете го мојот лош предлог.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во целосната, несебична задлабоченост во бочно прилепените куќи од осумнаесеттиот век или во музичкиот театар или во сувенирите од Џоан Крафорд – во сите тие „исечоци, кутии цигари, ретки стари фотографии, писма, филмски ролни и колажни споменари“ во збирката на Нил Мачијевски (како што е опишана во списанието Аут травелер) – некои геј-мажи можеби гледаат можности за доживување силен занес каков што самата сексуалност, од која и да е причина, не им го овозможува и не може да им го овозможи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Шетавме, божем незаинтересирани и чекавме продавачката да се сврти, да услужи некоја купувачка од страната на тезгата со панделки и разни конци и во тој миг да мавнеме по некое копче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се колнам, видов како душмански го погледна во тој миг, да можеше со вилата ќе го избодеше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Британците биле свесни оти Грција не може да ѝ се спротивстави на германската воена машинерија, уште повеќе што тие немале никакви можности да ѝ помогнат.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сигурно ќе продолжеше да мисли само на ножот, ако не се случеше она, што најмалку го очекуваше во тој миг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Лабаво струеше низ него и го оддалечуваше од започнатиот разговор, од темното струење во тој разговор. Водата го разблажуваше неговиот мрак.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Така е сепак подобро - дошета уште еднаш до мене непознатиот глас и во тој час тресна некоја врата која изгледа стоеше пред мене; зјаела пред моето лице а јас дури сега ја видов, и тоа затворена; некоја врата која изгледа висеше обесена во воздухот!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да влезеше во тој момент некој намерник во келијата сигурно ќе му го поставеше она судбинско прашање: нели надвор врне дожд?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Знам дека во тој ѕид има заѕидано речиси пеесетина ако не и повеќе белутраци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во тој поглед се читаше ужас. - Бахтијар-паша!... Во Прилеп...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Е нема веќе саглам врска, да се пофалиш!“ - вели мојата сосетка мислејќи при тоа дека во тој куп не спаѓа нејзината, која е од оние што траат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во Цариград на Сандета му било издадено решение парите да се исплатат во Монастир, меѓутоа, во тој момент во Монастир касата немала доволно пари, та се решило парите да се платат откога ќе се продадат на лицитација турските чифлици Кале и Каменци.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оценката на Тито за неавторитативното дејствување на Апостолски во Македонија, што им ја предочил на шефовите на британската и американската воена мисија, во тој момент може да се разбере само како чин со кој Тито настојувал да ја оправда својата немоќ во однос на контролата на настаните во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Децата уште од рана возраст се изложени на жанровите на дискурсот, однесувањето и емоционалното изразување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму во тој момент, застана со профилот кон шанкот, ја имаше кренато десната рака да извлече чаша од над главата па така протегната како од страна да му го покажуваше своето десно цице.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Некогаш одамна, вели тој, имало еден пар сопрен во слика на простор-време, или како да беа стопирани во сликата, како што ти и јас би биле пак да летаме преку земјата, од исток на запад со брзина од 600 милји на час додека САД пролетуваат под нас од запад кон исток со брзина од 1000 милји, носејќи ги со себе Земјината атмосфера и нашиот DC-10 со нето брзина од минус 400, додека нашата планета збивта околу Сонцето со брзина од 66 илјади милји на час а нашата галактичка локална група заеднички трча кон Големиот атрактор отприлика milion und so Weiter, но за нас ефектот е како да седиме во темница со пластични чаши со шабли од Мендосин на 32 илјади стапки над Мисисипи, да речеме - што е точка којашто за нас во тој момент, како и било која друга точка, би можела да се смета за Stillpunkt во средиштетето на нашиот космос и сите други, од која релативно се сметаат нивните вртоглави движења и контра-движења. Маргина 34 79
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
А малку потоа посака да рече дека само своите знаат да те суредат така што никогаш повеќе да не се разбудиш; но во тој момент вниманието му го привлече белутракот во калдрмата и веднаш оцени оти по десетото зрно, што веќе длабеше во него, ќе удри на белиот камен токму со челото. ___ * блуза **чета
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Аргументите што ги изложив неодамна против идеите на Бојс (1) и од коишто денес многу малку би одзела, сами од себе се распаѓаат во мигот кога тие идеи се потиснати во втор план (како да се работи за грешки од младоста?) и кога во прв план испливува грижата за јасноста на делото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Јас мислам спротивно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Теоријата за односот на душата и телото, една флексибилна теорија што би можела да се надоградува и усовршува, што природните науки со право ја очекувале, филозофијата не сакала или можеби не умеела да ја даде.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Го прашува Гита Корец со нем поглед во деновите без транспорт?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но игуменијата знаела дека во тој миг земјата испушта влажни воздишки, дека се напрега да се разбуди.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во секој случај моето неочекувано признание Катерина го сфати како покана да легне покрај мене. (Чувствувам потреба веднаш да објаснам дека ние не ги употребувавме зборовите за да изразиме приврзаност еден кон друг; користевме други средства).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Според информациите што му биле достапни, тој сметал дека на Балканот, во тој момент – крајот на 1943 година, имало две чувства, едното проруско, а другото прозападно.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој истакнува дека „Овој човек не е во Истанбул, но ми е познат неговиот привремен престој“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тој терен се овозможувало и преземање на оружени акции кон Полог (Тетово-Гостивар); Втората македонска ударна бригада да дејствува во реонот на Тиквеш и Гевгелија со преземање офанзивни акции во правец на Кавадарци и Демир Капија; Третата група баталјони, составена од баталјоните “Стив Наумов” и “Христо Ботев” добиле задача да ја преминат реката Вардар и да се пробијат низ источна Македонија и по пристигнувањето во реонот на Куманово-Врање-Црна Трава да се спојат со јужноморавските и единици на Космет.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
За такви утврдувања, неопходно е разгледување на посуштествените внатрешни карактеристики на системот на писмо, што би послужило како основа за претпоставување на зависноста на определен систем на писмо од определен извор.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Демократијата овозможи сите да имаат слободен пристап до културата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Одеднаш почувствува како ѝ се зажари и вратот и лицето, го слушаше топотот на срцето на сите страни, приближувајќи му се на парот кој во тој момент ги здогледа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Мислеше дека би можела да му биде една само малку подолга прошетка, заради таа прекрасна белина на денот под високото небо, заради огреаноста на Белата Долина во тој ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По говорите на градоначалникот Димитриј Рупел, претседателот Милан Кучан и гостинот, естонскиот претседател Ленарт Мери, непосредно пред свечениот почеток на концертот на Лајбах со кој почнува Европскиот месец на културата Љубљана 97, се појави на сцената ненајавено, неочекувано, како туѓо тело и паразит во ритуалот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- да го споменеме само следниот духовит пресврт: еден од јунаците се обидува од колаборантскиот татко да изнуди признание за неговото делување со тоа што ќе го излаже дека ја грабнал ќерка му (за којашто знае дека во тој момент не е во градот); таткото попушта и пишува нешто на лист, очигледно признание, и му го дава листот на јунакот, но кога тој ќе го погледне листот, гледа дека 154 Margina #22 [1995] | okno.mk на него пишува: „Жалам, но штотуку го чув автомобилот на ќерка ми...“.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но, тука беше и купчето сено, и трошките леб, беше и црпката со вода, и прозорецот, и уште толку многу работи, што требаше да бидат откривани во тој ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тој миг само изусти. - Е ова нека биде нашата идна песна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ме убиваше нивното лицемерие, бидејќи во секојдневната работа, во тој сложен и необјаснив сплет од околности и соодноси, сите ние се проституиравме на различни начини.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Останал истиот и без мене овие седум години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој е како мое дете, ама сепак, не можеше од кај мене да ѝ се јави, сакаше да се прибере и да биде во тој момент сам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Воопшто немам намера во тој момент да ѝ раскажувам како се чувствував и колку многу ми недостигаше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Можеби токму поради оваа нејзина приказна ја имам прашувано мајка ми за тие борби зад Сина Скала и за борците што престојувале кај нас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Стоеше колебливо еден миг, правејќи несигурни движења со рацете, а јас во тој краток момент, со онолку прибраност колку што беше можно, успеав повторно да го навлечам фустанот на себе и да си ја вратам сигурноста.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Надворешниот образец (на пример експресивните квалитети на некоја територијална ознака) во тој случај може да биде препознаен од страна на животното, без да се формира експлицитен внатрешен симбол.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во собата, рекоа двајцата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во тој поглед на првиот дел од „Нова Пасквелија“ би можеле да му се стават примедби за пренаглености во оценките, недоволно уверливи проекции на некои состојби, но и такви тие се дел од една визија на деформациите на селото што поради нејзината внатрешна логика и хомогеност мораме да ја почитуваме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Никогаш повеќе во тој дом, во таа глува куќа. Никогаш, никогаш!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Лежејќи замавнав со нога. Отскокна и го бутна триножецот со празен чанак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од тогаш, од тоа доба се тутули така трогнат кајшто сенките се топат во последна рамна пропаст. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 132
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во тој двор кадешто стоевме, токму под тие лакови и сводови, Борхес минал еден дел од својот живот учејќи латински, германски и француски, и всушност поставувајќи ги okno.mk | Margina #32-33 [1996] 208 темелите на својата легендарна ерудиција.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Ти си презаситен од слобода?!“ ме праша или можеби ми кажа нешто, не знаев во тој миг што сакаше да ми каже, ниту знаев што јас да и речам додека го чувствував нејзиниот показалец како ми минува по средината на челото, бавно спуштајќи се по работ на носот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во текот на наредните седум месеци (од март до септември 2005) тие постојано истакнуваат дека плата ќе почне кога-тогаш да се исплаќа и дека моменталната ситуација набрзо ќе се надмине.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Затоа и уследи онаа отровна забелешка: -Белки не мислиш дека можам да ти верувам оти пред продавницата си се нашол случајно и тоа токму во моментот кога девојката излегувала, и дека во тој момент ти се родила идејата да и пријдеш и да и го соопштиш големото откритие дека таа ти е сестра, или нешто сосема близу до тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се гледаше дека сака да каже нешто, но во тој миг не можеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во таа политичка неизвесност, Донован на бугарскиот министер му го поставил прашањето "што ќе прави Бугарија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Те осветлив и ми се стори како да сум те разгорил за некој што беше присутен во тој мрак.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во тој случај, ендокрините програми и програмите на однесување се актуализираат во пубертетот независно од недовршената психичка сексуалност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Реаѓираше како да открила во тој момент некоја опасност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го ставав, значи, пред нивните очи под сомнение нашето авторство на идеалите за кои се боревме, што секидневно ги проповедавме во настапите пред несреќните граѓани повикувајќи ги да соработуваат со нас и да ни се придружат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Магија што пулсира во тој, за мене непознат свет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во тој миг му беа далечни најмногу со тоа што не се покриваа и не замолкнуваа, кога тој нивни разговор беше сиот изрешетан од она.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не си спремен дури ни да наѕирнеш во тој зачудувачки свет на сладоста - го заврши запенет својот кус монолог Жолтко!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од Златиборски или од Равногорски? (Пијаниот во тој момент длабоко заспива).
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Додека ги набљудувам актерите или сцената - како тие играат или каде се наоѓаат - всушност гледам во филмско платно, не ми пречи ни декорот, ни движењето на луѓето во тој декор.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ем слушајте вамо и вие мазлич - алари - му рекол на мезличот - еве ели јашана сторив и он јаша кадија кај сум, нели ферман сум видел, иља ваков ферман до рака не ми дошло.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Го гледав со љубопитство и со болка но не забележав дека ужива во резултатите на своето дело.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сега беше многу потешко да се чекори, при секое пречекорување пропаѓаше до половината во тој мек снег, беше заздишан само по првите стотина чекори, но тоа беа правилата на таа игра и она, што можеше досега да оди по дирата, беше само една олеснителна околност за него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Лудвик!“, викав. „Слегувај, Лудвик!“ Тој се смееше сосема лудо; мислам дека во тој миг дефинитивно изгуби контрола врз себе; „Знаеш ли Луцијо“, велеше, „знаеш ли каде е центарот на светот, Луцијо?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се врати в село по неколку дена, терајќи пред себе карван коњи, претоварени со сите оние работи, што можеа да се присоберат по џадињата во тој април.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сметал дека тие две чувства треба да се обединат, а тоа единствено би можело да се постигне ако балканските народи се слободни.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кога дојде газдата да ги расчистиме сметките, да му го вратам клучот, баш детално ми раскажа што се случувало таму во тој еден месец додека јас не бев присутна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Може да се случи меѓу првите да загинам... Го определувам за свој заменик Онисифора Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ме погледна низ полузатворени клепки и знаев дека ја совладуваат чувствата и дека можеби токму во тој миг ќе ми ги подземе рацете, ќе ме повлече и дека двајцата ќе полетаме за, конечно, да ја прелетаме оваа долга, бескрајна ноќ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Само уште еден тип живее во тој крај.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Таа инсталација е значајна и на симболно ниво, бидејќи задржувањето на окото (погле­дот) во рака ја имплицира парадигмата на денешниот вистинскиот господар, кој има моќ, бидејќи моќ има пред сè оној што е сопственик на погледот, кој што просудува за тоа што смее во сликата а што не.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Токму во тој миг еден хеликоптер во минување затропоти и во собата се затресоа прозорците со кристално ѕвечење.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- дали и тогаш, и во тој случај, ќе слезеше во онаа кобна вечер, да им ја каже вистината во очи?!
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во тој момент тој ја прекина. - Нема потреба мамо, јас овие луѓе доволно и добро ги познавам! Томо е мој пациент.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го завлекле по зандани, кон мачилиштето на прочуениот пекол Беаз-Куле или кон арапски пустини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Според предвидениот план на ГШ на НОВ и ПО на Македонија бригадата требало да дејствува во централниот дел на Македонија задржувајќи се на просторот на Азот и Порече и во тој крај требало да го разгори востанието.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
ТЛ: Види, ние живееме во тој простор. За тоа и се работи во Неуроромансер, ние живееме во таа консензуална халуцинација.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во неговата најнова книга, најпарадигматични во тој поглед се расказите „Утрото во ‘Ексцелзиор’“, „За малечките сложувалки“ и „Мравки“; во првиот, раскажувањето е во функција на самото сиже, вториот расказ е автопоетички (се работи за поетика на обичното, секојдневното, миговното), а третиот ги проникнува и поетиката на авторот и конкретното вообликување на сижето, нешто како созвучје меѓу теоријата и креацијата (со конкретна демонстрација на творечкиот чин, кој се раѓа од сосема случајно слушнат разговор).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Татичко – му се пожалив – тажна сум без бато. – Кога ќе се врати?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
“Град”, зборуваше подоцна за женева, “во кој ги прочитав сите големи книги, од Верлен до Вергилиј”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За последен пат добро се препотив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потем се врти кон Езерото: оттаму, како божји здив да надоаѓа, здивот на отец Лаврентиј ја мрси масната коса на отец Ангелариј.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во тој предел пустошат ветровите на Мандељштам.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Среќа што во тој момент тука некаде се згодил и кралот на подводието, големиот Вок со едно око, со кого Дедо Мраз при враќањето од далечниот југ, еднаш во Ледената палата беше се запознал и склучил верно пријателство.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Во тој манастир се пеани сите што ми умреле. Како тоа да го мачкам?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ја знаете таа потреба на телата во меѓусебен допир да ги надвладеат недоразбирањата произлезени од зборовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тетка ми со шамиче ги бришеше солзите, а јас во тој момент, веројатно поради начинот и содржината на сето тоа што го нареди не можев да заплачам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не може и сепак сака да се намести на коленици во тој воен акшам да стори метание за последна молитва на денот и на својот живот. наеднаш му е жал, има жена и неколку деца, животот ќе ги сомеле без старател.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Потоа, сопственикот како тужена странка, пред судот повика и двајца сведоци кои во тој момент беа вработени во неговата компанија, но овој пат тоа беа постари работници кои беа пријавени во АВРМ и беа на повисоки надзорни позиции – кои под притисок или можеби и со согласност, бидејќи се директно зависни од сопственикот за својата материјална состојба, сведочат против младиот Јакшиќ кој критичниот и кобен ден кога се случи несреќата, во име на пожртвуваноста за доброто на фирмата, а со цел „работата да не трпи“, изгуби најмногу од сите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Милиони и милиони луѓе секојдневно стануваат и го заземаат своето место како шрафови во тој огромен механизам.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И тогаш, подзастанувајќи малку, овој меѓу вас што во тој миг ме засени со својата речитост и разбирање на Словото Божје што ви го пренесував, рече: ’Јас, татко, како што гледаш, го следев и го разбрав секој збор што ти овде го кажа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Една вечер во Гњилане бев на стража, од 10 до 12 часот, навечер, не знам зошто секогаш ме ставаа на стража во тој термин.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во тој страв, сам од себе, од грлото на жена му излетуваше глас: „Помош! Помош!“ Но во бучавата на брановите ништо не се слушаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од своите седишта, гледачите го гледаа цервиксот од друг агол: широк план на цервиксот како претстава.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
8. З-ум-ирање  Во тој миг прелетува пред з-умот избезумена птица листовите затреперуваат сенките ја подотвораат устата како да сакаат нешто битно да кажат  тој збор е дошепнат независно од тебе фотографијата го памти шепотот има сопствен слух лична архива своја база на умирачки.  Меморијата е во чудна несразмерност со пикселите, асовите: тие не ѝ се доволни ѝ треба око, окото на Господ 31посебна состојба на духот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Како желка што ја пика главата в корупка кога ќе ја чалне некој, а после претпазливо ја вади надвор, иако можеби во тој час напаѓачот стои над неа со кренат стап и чека да ја трасне по глава, така и Пискулиев, по првиот уплав, почна да поднаѕира зад рамената на другарите и да се разгледува по дворот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И во тој момент завриска така што се слушна низ целата шума, уште посилно и погласно отколку тогаш кога бегаше од синот; завриска како жив човек, во длабок страв за својот мртовечки живот; ја протресе ногата, а по лицето веќе му течеа лешински солзи, и одеднаш низ неговите неживи, заматени очи, ококорени од ужас, се искрадна сеништето на човечка свест...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Го гледав Ангелот кој сјаеше врз хартијата, а во тој миг и самиот почувствув спокој и небесна леснина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дали и мајка ми знаела по нешто за коленцата на нејзиниот живот?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Вие се знаете од училиште, така?“ рече татко ѝ, на кого во тој миг му стана по малку непријатно.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
— Јалнаш, бре комито, бре, јалнаш од аскерите, бре, синко, бре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Твоата работа да биде во тој правец, во кој шо е и работата на Организациата. A тоа е: да се буди целиот народ и да се спрема за востание.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во тој момент тоа беше пресреќно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Еднаш Парнаџиевата го оставила прозорецот отворен, и во тој момент дотрчала ветрушката, се качила по скалите, втрчала и во собата, и сѐ испревртила.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сите ние што во тој момент бевме во The Kitchen и го избравме стоењето во ред во очекување на ‘театарскиот миг’ кога на местото каде што е цервиксот името на уметноста ќе се поклопи со името на порнографијата, го доживеавме тоа преклопување на сцената на телото на проститутката.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тргаше од својата цигара - гледаше откосо и лукаво во несреќната, избезумена мајка ѝ, ненадејно и за неа, ѝ се роди и ја обзеде, во тој момент, некакво чудно задоволство да почека со својот план и да се насладува колку што може подолго на чувството дека ѝ се во рацете мирот и спокојството на оваа богата, чорбаџиска куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Влатко гледаше возхитен. Ваква глетка само во сон: поначесто сонува како лета над некаков непознат предел, гледа надолу, а таму сивило, магла - како во сон што може да биде... се плаши одд таа глетка и замижува - како во сон што замижува - се плаши да не пропадне во тој неидентификуван просор.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Токму, во тој миг во собата влезе Рада, облечена во народна носија од стариот крај.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По овој збор Суљо нареди, та речиси половината сејмени се накачија на мостот и првите веќе беа на другиот крај, кога од врбјаците под мостот и над мостот се заорија бесни викотници и залп од стотина пушки, а во тој момент мостот се урна надолу и пропаднаа во длабокиот вир.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се раѓаат во тој напор на мислите и во враќањето на настаните нејасни излези, посакувани решенија, пророштва чуени некогаш во цигански шатор, стереотипи на гледачка на дланка, во кои, еве, во некој дел од животот, човек сака да поверува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И покрај тоа на филмот не му недостигаат хичкоковски потези; така веќе самото ограничување на случувањето на чамецот за спасување среде море не е никаква површинска екстраваганција, туку е втемелена со типична хичкоковска драматургија, кадешто напнатоста од ширината на случувањата се пренесува во „длабочина”, во 156 Margina #22 [1995] | okno.mk заплетканите, удвоени меѓусебни односи - драматичен контраст на некој настан е неговата сопствена темна, задна страна, а не надворешната противигра.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Трепетлива врелина под клепките, леплива крв под дланката и оддалеченост од сѐ што станува во тој ден. Се сети на некого од едно румено и зажарено лето, во една блага западна смиреност и скоро 'рѓосан сјај на 'ржта, бојата на класјата го пренесе на нејзините коси.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Каква утеха беше тоа што таа жена се врати дома во тој момент.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Маќеа - уште еднаш колку грубо ми прозвучи, иако кажано со шепот, како нешто навредливо, и во тој момент такво нарекување воопшто не можев да го поврзам со таа нашата нова мајка, со Вера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ми беше јасно дека немам никакви шанси во тој момент да разговарам со неа за случката со дедо ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сето тоа го правеше амфетаминот, но најинтересно беше тоа што Били умееше да ја пренесе атмосферата на оние кои воопшто не беа во тој фазон: обично луѓето на спид правеа нешто што им беше само на нив интересно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Доколку инспекторот на трудот по повторената контрола утврди дека работодавачот не ја отстранил неправилноста за која еднаш веќе му е посочено дека ја сторил во тој случај инспекторот е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред прекршочната комисија согласно закон. (чл. 6) Со измените на Законот за минимална плата од 10.02.2014 година е прецизиран износот на минималната плата и е предвидено дека истата ќе изнесува 10.080 денари во нето износ која ќе започне да се применува од 1 јануари 2016 година. (чл. 1 и чл. 6 од ЗИЗМП/фев.14) Со оваа измена на законот е направена своевидна дискриминација на работниците кои работат во текстилната, чевларската и кожарската индустрија, кои важат за трудово-интензивни дејности, каде е предвидено дека минималната плата во овие сектори ќе биде во помал износ и тоа за 2014 година минимлната плата во овој сектор ќе изнесува 7.500 денари, во 2015 година 8.050 денари, во 2016 година 9.000 денари, во 2017 година 9.590 денари и во 2018 година нејзиниот износ ќе биде 10.080 денари. (чл. 4 и чл. 5 од ЗИЗМП/фев.14) Со измената на Законот за минимална плата од 05.12.2014 година дојде до измена на чл. 7 со што е направено своевидно поострување на глобите за работодавачите и за одговорното лице во правното лице, доколку не му биде исплатена минимална плата на работникот утврдена според закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Колку сакав можев да пребарувам низ неговата соба и да ги споредувам непречено моите лични истражувања.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во тој случај, пропишано е дека вкупниот износ не може да биде повисок од правото утврдено при првата исплата (чл. 9, ЗИПРМ/94).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во Женева, кадешто доживеав откровение, не на Калвин, се разбира, туку на Вергилиј и Тацит?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А К.Мисирков, не само како член – основач и еден од раководителите на една значајна филијала на ТМОРО во Петербург, туку и како личен учесник и набљудувач на овие настани, имаше морално право и општествена одговорност да го изнесе своето мислење за најважните прашања во тој историски момент.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во тој миг Рада ја жегна срцето. Можеби и ќе доживееме стотка, но ќе бидеме сами, а таму некаде, не знам каде, други ќе играат со нашите внуци.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во тој спонтан порив да споделам, при таа егзалтација, бев го напишал и следното: „Ќе им докажам. Ќе видат тие кој е нивниот бог!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Исто така, во тој период се воделе и интензивни разговори меѓу претседателот на кралската Југословенска влада во емиграција и Националниот комитет за ослободување на Југославија, што непосредно било поврзано со меѓународното признавање на нова Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Така Камилски сега можеше слободно да му ја препушти иницијативата на Татко, кој во тој период ревносно ги читаше делата на балканските книжевни класици, особено оние од првата половина на XX век.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во тој момент вратата тропна. Трајче отвори и влезе.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Всушност, бегал од себе како човек што ги знае туѓите намери и што ги претчувствува изгубените битки на човекот со жена и со три деца. Не, тој човек никогаш не отстапувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Така е, - ѝ одговорив, и мислам дека во тој момент почнав да сфаќам што сака да ми каже.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Најпосле, дури четвртиот ден од заминувањето за Алма Ата, Ивана се јави.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во тој случај, ако Бојс бил, како што вели печатот, „контроверзен уметник“, тешко е да се замисли дека тој сѐ уште може да биде контроверзен со една изложба која вешто го стопува она што е различно, а суптилно го брише она што дава место за дискусија. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 83
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Токму така: во тој миг, додека траеше доскокот, таа неочекувано ме прегрна околу вратот и одеднаш, дури, ни се допреа образите; веќе следниот миг таа ја сврте главата кон мене и погледите ни се судрија; се гледавме, нејзиното лице беше на една педа од моето; ѝ ги гледав носниците како ѝ се шират забрзано, како кај уморно коњче: и го чувствував здивот; таа гледаше во мене како да е понижена, како повторно да сака да каже: „Доби шанса, нели?“, како да е поразена, како од бес и самата да прави една безвредна блискост (тоа гушнување со рацете околу мојот врат), како да сака да каже дека блискоста ја дава таа, а не јас; дишеше забрзано, со јазикот ја квасеше долната, сува усна и одеднаш ми рече: „Слегов, можеш да ме пуштиш“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Татенцето беше редок во тој поглед, мислеше со рацете.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Толку многу чувства во тој свеж мирис од островот на неговото детство – љубов, тага, прекор, сеќавањата, му се туркаа во главата без ред.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Гледачот ќе треба со едно посветено внимание, постепено, низ духовити, морбидни и хуморни наоѓања, да влезе во тој систем, направен од нешта што се преди­звикани и создадени од сите (зборови и) нешта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Знаеше дека во тој миг не само што ќе ги однесеше до Бечеј, туку ако е потребно ќе ги возеше и на северниот пол.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во таа мека розовост една друга розовост со нечуен чекор се оддалечуваше од мене и јас за последен пат ја здогледав љубовта на мојот дух или на некој дух во тој дух и го запаметив нишањето ан нејзините колкови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Хм, да“, развлекуваше Дипен, неколкупати повлекувајќи од лулето, „навистина... мислам, Г... не сте се потрудиле... доволно во тој случај.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И во тој срам, вели, го слушам само клоцањето и првкањето на добиците, вели, само претањето на кокошките и чукањето на моето срце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сестрата која во тој момент се најде зад Рада, прва притрча зад омлитавеното тело.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во тој случај колку ќе останеш со мене?“ ја праша еднаш другиот - млад и сит и безгрижен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Меѓутоа таа, во тој период, немала точни известувања за обемот и природата на партизанскиот отпор.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Знаеше дека токму во тој автобус се наоѓа нејзината внука.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Подоцна понекои од присутните тврдеа дека во тој краток момент се стемнило, зацарила темнина, а дури потоа се слушнал ревот, силниот глас на тетка Боса.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Му се чинеше дека е сосем загубен во тој огромен и недофатлив свет, но одеднаш слушна викања а потоа одвај чујно брмчење на камиони.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нив ги садеа во пролетните утрини во стотина огништа околу пиланата, се хранеа од нив преку целото лето, а наесен ги откопуваа (тие што ќе останеа и ги сместуваа во тој агол, да се најдат за некое вакво предојдување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Меѓутоа, таквиот чекор Министерството за надворешни работи го сметало за непромислен бидејќи во тој момент се воделе преговори меѓу југословенската влада во емиграција и НКОЈ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но во тој момент, самиот тој беше преокупиран со друго.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Николче во тој момент, како Мартин да не е тука, подбивно им рече на другите деца: - Капнато е јатачево, ќе седне да почине.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во тој момент настана страшен тресок.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А таму, зад темнината во моите очи, Господ со гласот на исушените лисја продолжуваше да размислува: - Замисли си што ќе се случеше некој од командантите да се впуштеше да им го опишува на другарите сѐ она што се случуваше она пладне, а во тој исцрпен опис да нѐ спомнеше и нас двајцата како сеирџии.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ранета сум? - исплашено изусти и во тој миг ја облеа страв.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во тој видлив обид да ги надминат стрејт-луѓето во лотаријата на нормалноста и да ја избегнат заканувачката дамка на стигмата, геј-луѓето во последно време почнаа да се гордеат со својата здодевност, обичност, просечност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јас дури не ни бев во состојба да забележам сѐ што се случуваше во тој час, но паметам дека, кога се затемни, еден по еден или во мали групи, вревејќи, заминуваа, а јас останав сам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Можеби не би се сложиле дека тоа што сте го чуле е музика, но во тој случај овде е вмешана уште една преобразба: она што сте го чуле ја придвижило вашата свест да ги повтори дефинициите за уметноста и музиката кои можат да се најдат во застарените речници.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Се загледав во парченцето ткаенина што во тој миг се наоѓаше меѓу нејзините прстиња.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И сфатив дека за нас други патишта веќе не постоеја освен патиштата што водеа кон нашето искоренување... и во тој миг се слушнаа гласови и викања да продолжиме кон Албанија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
За сето време на појадокот, сè додека двајцата браќа не станаа да одат на работа, Милан и Кети не престанаа да зборуваат, како што се плашеа дека, ако не го прават тоа, нешто недобредојдено ќе се случи во тој миг.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Многу се служев со младештво во тој филм.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„... Таму, во тој затворот во Идризово, јас најдов и други познати, ама таму го најдов и ова струмичанчето Еда Бранов.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога поминаа седум дена, Хаосот умре. 184 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Успеав нагло да свртам и во тој миг камионот удри во џипот, ама странично. Јас останав закован за воланот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ама гледам таму во тој автобусот еден од тие агентите мерка нешто.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Квир-движењетo од почетокот на 1990-тите, кое го разработи тој поглед, само го преоткрило она што претходните зналци на бродвејскиот мјузикл веќе го знаеле, а што моите геј-студенти некако самите го скопчаа: некои негеј-културни облици, како што е мјузиклот или големата опера или поп-музиката или дневните женски телевизиски програми, овозможуваат многу поцелосно ослободување отколку што може да даде геј-политиката, бидејќи вторава се стреми само да го подобри светот, а не ти ја менува состојбата во тој свет или твоето покорување на него – барем не веднаш.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За личност која беше толку срамежлива, толку на дистанца и далеку од сѐ лично, ова физичко покажување на топлина и блискост претставуваше претерување, или можеби премолчено простување, но јас тоа во тој момент не го знаев. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 210 Иако уште 1980-та, во песната со наслов “што ќе биде со уморниот патник...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Знаев и дека Фискултурецот носел ќулафка во џипот, и дека Луција ме мами; во тој миг, со крајни сили се воздржував да не ѝ ја смачкам главата со остатокот од шишето што ми беше на дофат од раката; се препуштив на играта што таа ја водеше на еден совршен технички начин, како машина; се извивавме во прегратките; во еден миг ѝ го повлеков здолништето, и потем гаќичките, и ја видов: гола, легната пред мене, со затворени очи, сосема совладана; требаше само да легнам врз неа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во тој момент одзади наближи една мала селска кола, која што подзапра кај раскрсницата, за да заврти по другиот пат.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Моите очи останаа живи само за ток експонат во гробницата на ненужните стари мечови и наџаци, кубури, клопотарци, икони, лажни Буди и Шиви, црковни книги, евзонски носии, светогорски бројници, сребрени пехари и фајански ламби, кандила, беговски чибуци, во тој калеидоскоп во кој вчерашното време умрело под 'рѓата на механизмите на секаквите дрвени и порцеланени часовници и го нема зад правливоста на старите огледала тоа време од кое испариле и кросниците и творците на сета излитеност. Рубина - но дали Фаин?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Чудесни му беа реката, мостовите на неа, вревата на минувачите и чудесно му беше и неговото присуство во тој градски простор.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во тој момент ми заѕвони телефонот. Му се јавив.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не сакав да верувам дека и дошол крајот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тогаш и Трајко Сирмев го запиша поп Јаков во тој тефтер.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не сосем во тој момент, туку дури некаде наредниот ден, му се роди идејата да ја изнајми собата од г. Черингтон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тој момент музиката престанува. Старецот го зема микрофонот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Фимка избриша солзи со крајчето од црната шамија и во тој миг на нејзиното лице Циљка забележа одвај видлива ведрина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во целава книга согледбите за машката геј-култура си ги врзував со разни теми од машката геј-еротичност и со околностите во кои геј-мажите се издигнуваат до субјективните искуства на желбата и на љубовта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во тој случај примателот треба да се затвори, за да се одбрани од нив. Тоа е големо учење.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ја истераа надвор со она секојдневното што десетици луѓе го слушаа во Прењес: “Ние ќе ти покажеме”.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Трепетлива врелина под клепките, метална болка во градите, млака, леплива крв под дланката и оддалеченост од сѐ што станува во тој ден.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сејмените што бегаа бркани од селаните во двете посоки на улицата ги забележаа Турците, кои во тој ден, петокот, го празнуваа и ја разбраа работата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Очекувам музиката, туку системи со кои луѓето дека во тој простор ќе можат да ги обликуваат своите уметниците треба повеќе слушателски искуства како што самите да работат во иднина. 138 Margina #17-18 [1995] | okno.mk сакаат.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ако се огледуваш во водава секое утро со зборовите “јас сум најубав и најмоќен”, го запираш стареењето на ликот во тој ден, ја зачувуваш својата сила да го поднесеш заморот на денот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Понекогаш во тој звук се славеше и ѕвоното од старата црква во центарот на градот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
ТРОШЧЕЈКИН: Прекрасно погодив - можеш во тој однос да бидеш сосем спокојна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Навистина имав среќа во тој поглед, бидејќи како млад човек и сценограф бев догматик.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А и јули беше веќе стигнат до втората половина и многу од нив се веќе на езеро, на планина, по селата... Здодевно!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не беше друга. За мене тоа беше прва и најпрва работа на светот во тој момент.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ете тогаш, во тој час, по Градишки Пат се зададе еден коњаник и на жителите од Потковицата им го сврти вниманието на себе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Замисли си дека во тој сон ме гледаш како лежам покрај човек кој веќе негде и некогаш ме искористил.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нуне Волта во тој миг на восхит, уште повеќе се свиткал, се задумал и вака сам себеси се прашувал и сам си одговарал.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Задржи се малку повеќе на секоја поединост: какви биле твоите размислувања во тој момент; евентуалните желби.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ние имавме полна куќа гости, но по ручекот се разотидоа така што во нашиот дел од куќата во тој миг никој немаше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не можев а да не забележам дека со едната рака како да затскриваше средство за чистење.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Секако, нови стилови на хипермажественоста се имале појавено кај геј-мажите многу порано, по Втората светска војна; изгледа во тој период се популаризирале преку новите друштвени мрежи што не сакајќи се создале благодарение на масовните мобилизации во војната и на баровите во крајбрежните градови што ги опслужувале припадниците на војската.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За прв пат јасно како острица на нож блесна во неговата глава - жив закопан, и се виде во тој блесок како се задушува, како попусто завива за помош, како по неколку дни, избезумен и гладен, ги забуцна забите во својата измршавеност и се кине залак по залак.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сите во тој миг помислија „отиде човеков“, но за среќа, заради навремената реакција и бргу вградениот стент, се извлече.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во моето сеќавање сè уште се движеа необичните слики од сонот а помеѓу нив можев да ја распознаам и решеноста дека во мене воопшто не се јавува желба да обвинам поединци, или да сочувствувам, а ако е потребно дури и да страдам поради моето однесување во тој проклет сон иако во него се најдов не по своја вина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И, на некој начин, самиот си свој господар, во тој камион.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Го стегнав фустанот пред себе на градите и отидов да затворам. Во тој момент Симон ме пресретна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но во тој случај, како може да биде вистина дека О'Брајан е луд? Лудиот мора да е тој, Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
— Е, коџабаши? Бидна овој работа, а? Како излезе? — почна Арслан да го праша Трајка од кого пред тричетири дена подразбра и се спреми да го дочека нападот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Колку помалку беше годна за работа, толку повеќе запаѓаше во тој свет.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но на 26 февруари 1941 година СО2 добила информација дека шефот на бугарската фабрика за тутун, кој му бил пријател на Михајлов, истакнал дека Михајлов во тој момент бил во Рим каде што соработувал со силите на Оската и покрај тоа што тој не го сакал тоа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
1 Само малку, ден неполн, поточно една ноќ по зачекорувањето на Лозан Перуника во староста што дошла по многу видени погубности, по оние умирања што се случиле во куќата на некој селанец со глува и нема ќерка, преостанатите дваесет и деветмина од дружината по изгревот стасале со двоколките во Лесново.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Би било тоа „ненастан“. (А во тој случај, што има да се мачиме?) ‌Особено бележит пример за ваквиот став даде Патрик Калифија-Рајс во фељтонот за Настраното издание на Вилиџ војс на 27 јуни, 2000 година.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Обиди се да објасниш што точно чувствуваше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислатa му луташе низ главата наместо да се смири и да му го даде одговорот што го сакаше, одговорот што во тој миг му требаше за да не биде толку проклето изгубен во овој туѓ простор.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ваквата новонастаната обврска за странскиот работник е во контрадикција со веќе утврдената домашна легислатива, која утврдила овластен орган (Управата за јавни приходи), кој ја потврдува околноста дали некое лице ги намирило своите обврски и ваквата обврска не може да им се наметне ниту на домашните работодавачи кои вработуваат странски работници, ниту на странците што бараат вработување во РМ, со што ваквата формулација чекори на работ на неуставноста; б) дополнително беше утврдено дека при истек на дозволата за работа на странецот не смее да му се издаде дозвола за вработување или лична работна дозвола без тој привремено да престане да ја извршува работата во државата, а доколку барањето се поднесува пред истекот на важноста на дозволата за работа и странецот ги исполнува условите предвидени во овој закон, во тој случај издадената дозвола за работа ќе биде укината, а новата дозвола за вработување т.е. личната работна дозвола ќе биде со рок на важност на претходно издадената дозвола за работа (чл. 3 од ЗИДЗРО/фев.14). 4.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Партнерот со кој што ја водел модната агенција и секако бившата девојка со која седум месеци живеел во тој стан.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Уште во детството, имаше малку луѓе во селото, што беа останати живи за да го паметуваат тоа, заминал Језекил првопратено на туѓина со некоја тајфа, сонувајќи и тој, како и сите други мажи во селото, со својата детска главичка, дека во тој свет, што пукнал пред него под пролетното небо, ќе изнајде и за себе нешто што ќе му биде доста за да го израдува и за да го прерани, дека ќе успее да сработи со своите вредни рачички за себе и за своите дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не се сеќавам што правев во тој момент.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Големите инсталации, скулптурите и витрините се дела на голем скулптор со вистински осет за материјалите и идеите коишто го надминуваат духовното, антрополошкото, и алхемичното, приближувајќи се до архитектуралното. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 89
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ја разбрав љубовта твоја кон Христа и кон Бога и твојата посветеност кон нас, Македонците, и поверував.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Полетуваше по неа, полн со топлината на таа своја тивка игра, во која потреперуваше и некаков безшумен лет на преперуга, некакво бело танцување, и некаков безграничен устрем на галеб, во таа бес тежинска собраност на сѐ, што постоеше од него, само во тој поглед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако се наведнев, ќе видев во тој камен мртви покриви на пусти куќи и зелени трупови на една треска. Отстапив еден чекор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така што, во тој случај станува проблематична идејата внатре да има луѓе кои ќе нудат да ја тестираат дрогата која, нели, божем ја нема.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како трн во око во тој момент ми падна државниот грб со првокласен афион кој патем беше комунистички рецидив.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
А јас, во тој момент, без да навлегувам во причината, токму Бојка си ја замислувам во снежнобел фустан пред олтарот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И во тој миг, мене почнаа да ми се ројат мисли необични низ главата. Зошто ми го рече тоа?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаше нешто перверзно во тој нивен однос: тој да мора да ја засмејува, сосема неинвентивно, а таа да мора да покажува дека ѝ е смешно затоа што тоа се очекува од неа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Одевме така, не знам колку, оти времето стоеше во таа светлина; брзината беше бесмислен поим во тој пејсаж, во таа атмосфера на гаснење; веќе одевме кон еден од последните свиоци, пред Велес; отприлика беше некаде околу седум или осум часот, и пред нас веќе се појави мостот, а веднаш зад него тунелот; тоа беше класичен железнички мост, со метална конструкција од левата и десната страна, како коридор што веднаш се влеваше во утробата на тунелот, во неговото темно устие; и, во тој момент Земанек зад мене рече: „Гледај“. „Онде, долу“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тужителот кој ќе ја повлече тужбата е должен на спротивната странка да и ги надомести парничните трошоци – освен ако до повлекување на тужбата дошло веднаш по исполнување на барањето од страна на тужениот (чл. 152, ст.1 од ЗПП). 288 Мушаланов против Агенција за обезбедување Спор за неисплатен надоместок за извршена работа1 Ut labor suus cuique prosit, aequum ac ius iubet.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оставени сами на себе, Британците морале да реагираат брзо, имајќи предвид дека и германските разузнавачки служби работеле интензивно на анимирање на балканските држави да им се приклучат на силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ме прими срдечно, топло, како да сме се познавале многу одамна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- во тој град пристигна ревизор со мал раст, се побуни, стори што требаше и постигна да го осудат овој, впрочем, сосема достоен човек.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Пијаже зборува и за асимилација, способност смислено да се интерпретира ситуација со користење на множество достапни шеми во тој момент, како и за акомодација процес во кој множеството шеми може да се менува кога не се исполнети очекувањата базирни на очекувањата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Слеговме во Стоби; тој ме држеше за рака; немаше во тој допир ништо сексуално, ништо еротско; ме држеше како да е светец и како да сака да ме воведе во света тајна; одевме, и набргу се најдовме на местото каде тој се имаше опиено, пред толку години, на екскурзијата, крај мозаикот со паунот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Затоа ноќна мора, лузни, момчето во срцевата градина, податливи тивки дувкања на спомените, не да се замине, туку да се наслика неповратниот сон на постоењето, да се сака и кога се нема, да си надвор но и внатре, доволно податливо во тој немир, да се биде со срцето кога се сака како жена, кога се сака Македонија, кога се сака внуката.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Толку бев збунет што се најдов во ваква нова средина, што дури во тој момент ми текна дека моето не толку далечно семејство е нешто невообичаено, дека дури и мајка ми и баба ми, кои дури двапати годишно ги чистеа ѕидовите од станот, не беа толку чисти, уредни и вознемирени околу чистотата на куќата како што беше тетка ми.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
5. Во тој крај бев дојденец.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И каменоделците дишеле шумно. Во таа шума на запалени човечки стебла, во тој оган што вивнувал од секое машко влакненце, ни Доце Срменков не останал неначнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Претходно преполната плажа беше напуштена како за време на полициски час.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се чувствував прејадено и сонливо, но се надевав дека ако се концентрирам можеби ќе ми олесни тежината што почна да се претвора во далечна, тапа болка. Но, ништо не се случи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Што сакав можев да гледам на телевизија, нема кој да ми ја менува програмата и да се кара со мене што ќе гледаме во тој момент.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се чинеше, во тој миг, чичкото Лентеноски како да старееше за илјада години наеднаш неповратно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во најдобар случај, токму тоа е она што успеала да го постигне Зонтаг, иако склона да го помати.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Многу сакав да одам со нив, оти веќе сме летувале заедно во тој состав во Маврово и ептен убаво сме си поминувале.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Слушај, вели, јас во тој случај, ќе го продадам коњот и ќе го убијам Гаро. Ќе го убијам песот, што ќе ми е!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Беше зима и дефилето, бундите што се движат како на модна писта, беше ретка глетка во тој дел на градот, каде се знаеше за лажна астраганка во црна боја и толку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не знам што сè велеше попот во тој свој говор, ама чинам дека срцето ми имаше чуство дека добри зборови слушам.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Треперењето изразуваше несогласување но и страв од она мое тврдење дека времето е бескрајна празнина: и она време, во кое таа има намера да замине, а и другото, моето, во кое во тој момент ќе се наоѓам јас.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За да можеше таа алузија на Аида да им значи нешто на своите читатели, во тој свој општествен контекст, многумина припадници на локалната геј-заедница ќе морале да се имале здобиено со значителна претходна културна наобразба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
ПИВКА - Некоја пивка (т.е. мирна и блага) Мивка си пивкала пиво во една пивница, чекајќи си ги нарачаните пивтии. Кога во тој момент се слушнало „пи-пи!“ како пиле да пивка. Дошол пивничкиот детектив и од под капутчето на сиротата Мивка извадил едно пиле. „Бриши одовде, Мивко!“, рекол детективот. „Кој видел пиле да пивка во пивница?!“
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Навистина бев изненаден што многу жени ми рекле: „Моли е супер. Навистина ми се допаѓа.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
По сѐ изгледа згрешив нешто, ама во тој момент не сфатив баш најдобро.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Почнавме да му ги кршиме нозете за да го пикнеме во сандакот, и во тој момент човекот се поврати од шокот, оживеа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сандре Самарија, човек со изглед на тромав гусок, ја извлекол главата како од под крило. Очигледно штотуку се разбудил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој никогаш не дозна дали тоа се случи поради појавата на Бил кој потсетуваше на самовила - неговото минијатурно тело, светкавите зелени очи, густата бушава и замрсена коса - или пак тоа беше само случка што придонесе идејата да дојде сама од себе и токму во тој миг.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А и да престанам не смеам зашто оној момент кога ќе се смирам на едно место, тоа некако сигурно го знам, во тој момент ќе почнам да тонам како во живо блато.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Го набљудував: кога почна да џвака, подзастана како да се обидува да мисли - во тој момент се исплашив - но веднаш потоа продолжи како ништо да не било и пикна уште едно парче месо во уста.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Толеранцијата е во тој случај пермиссио негатива мали, негативно прифаќање на злото, како што ја определи Summa Juris Publici Ecclesiastici (Capella, 1928).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Откако замина, настапија они прекрасни, спокојни и само мои денови.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ех, откога таа ке помине, веднаш во следниот момент, ама токму во тој нареден момент- сегашноста станува историја, па тогаш трчаме по неа, назад, за да ја анализираме.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Закон за изменување и дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица, Сл.весник на РМ, 136/11. 57 62 барателот во тој случај подносителот треба да поднесе приговор во рок од пет работни дена до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат, (ст. 15) кој е должен да го разгледа приговорот во рок од три работни дена и доколку утврди дека инспекторот постапил спротивно на позитивните законски прописи во тој случај е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот е должен да изврши надзор во Управниот одбор на Агенцијата за вработување на РМ. (ст. 16)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со раце ја исфрлува земјата од дното на ровот и во тој миг во ќошот забележа врапче.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Наднасловот на написот го резимира она што го прави баш настрано семејството на Калифија Рајс: „Двајца татковци со една разлика: Ниеден од нас не се родил како машко“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кире му стана близок и сега, кога не може да го види, неговата осаменост уште повеќе го мачи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- А зар е можно туку-така да се замине од дома и тоа со непознат човек - ја бев прашал?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Мене судбината ми одреди да одам на југ, и во тој правец ќе тргнам, кон Солун - се јуначеше со тенок глас човечето Крсто.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Оф, проклето брашно, - воздивна гласно и се помести, зашто во тој миг спроти него полека доаѓаше ноќниот чувар.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тогаш, во тој ден, на ручекот, за првпат ги видов мајка ѝ и татко ѝ, братот, снаата и двете нивни машки деца.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа пак што не ми се чинеше, туку бев сигурна дека е така како што гледам, беше Игбал, седнат крснозе, Игбал за кој јас во тој момент уште не знаев ни кој е, ни дека така се вика, ни од каде доаѓа, ни каква значајна улога оттогаш натаму ќе има во мојот живот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нашите имиња се напишани таму во тој извештајот што го поднесе стрико Борис.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Па затоа и Крсте и Ѓуро поминаа на тој ред и одлежаа по десет дена во тесните ќелии, стенкаа под тешкши тумрук и сите други стеги, но по десетте дена веќе беа во една од широките темни одаи, со уште дваесетина како нив, и почнаа да кркаат од тавите печено бравско месо и кисело млеко што им идеше од градот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го одбутнувам и во тој миг брутално се одалечувам...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ме убиваше нивното лицемерие, бидејќи во секојдневната работа, во тој сложен и необјаснив сплет од околности и соодноси, сите ние се проституиравме на различни начини.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И во тој миг и таа ги спушти рацете од мојот врат. И тоа беше сѐ.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во моментот, значи, во кој деконструкцијата се изјаснува, во кој стапува во пресметка со Кантовиот текст, со научна парадигма или со помош на лингвистика, во тој момент ја акцептирам критиката, бидејќи тие подрачја поседуваат правила за аргументација и квалитет.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Кога ќе ја најдат онаа што точно одговара, знаат со што си имаат работа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Никогаш не сум била толку лоша, озлобена, како во тој момент.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во едната од поволшките околии имаше градоначалник од три и нешто аршини висина, и што?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
По 1984-та поголемиот дел од луѓето се повлекоа во илегала или исчезнаа во медиите, додека ADILKNO се префрли кон истражувањето на магичниот свет на медиите работејќи врз картографијата на медискиот простор и на феноменологијата на многуте тајни катчиња и фигури загубени во тој простор. 1992-та ја објавуваат книгата “Medienarchiv” - собраните есеи за теорија на медиите, а 1994-та излегува книгата “Datendandy”.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Секој се бори, секој настојува да се искачи на брегот на спасот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
За многу работи во животот не можеме да се разбереме, секогаш има вина и виновник, но никогаш не може да биде погрешно ако ја кажеме вистината, ќе излезе од нас и не мора да се враќаме назад, на крајот човекот е светлина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ако ова вие го изјавите за време мојот престој во Њујорк, би можел, на еден или друг начин да се повикам на вас...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Верувам дека тие се наведени во тој документ кај нашиот раководител и секоја од околностите е објаснета со посебно упатство.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во тоа е дека, во тој миг си сакал да подадеш рака.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Инаку немаше да ја крене чашката за да се чукнат и да му посака многу здравје.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зарем сметаш дека и во тој случај ќе останевме неизвалкани?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа му го подзеде јазикот, му го исцица, стегајќи го одоздола со својот и, кога доби чувство дека губи здив, дека се задушува, му ги врати двата стуткани во неговото грло кое во тој момент беше широко отворено и чудно кркореше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Обично кога патував, а не возев самиот понесував по некоја книга која во тој период ги пленеше моите мисли.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Што да кажам, како се чувствував во тој момент на откривањето на кутијата? Јас, значи, еве, имам длабоки корени.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во идеален случај уметноста треба да се слее во животот, сфатен како космички природен процес, и изгледа во тој правец треба да се бара смислата на Кејџовиот натурализам. 36 Margina #10 [1995] | okno.mk jazi~na poezija - partitura 3 Кејџовата употреба на јазикот е проследена со анархичност, споена со обидот во него да се внесе нешто од конкретноста и ликовноста на Кинеското писмо.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Подоцна, во тој ист разговор, ја беше спомнал и мајка си.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И во тој миг се слушна растеажениот глас на Кољо: - Е, ре, Трајко, шо работа нѐ чека...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За време на тие прошетки господи­нот Призрак многу често размислува за огле­дала и за она што стои од другата страна на таа вселенска врвка, и што некако, со некого, го прави ком­пле­ ментарен...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Низ книгите ги откривавме и нејзините сликари, Карпачо и Белини, Џорџоне и Лото, Тицијан и Веронезе, Тинторето и Тиеполо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од друга страна, Маргина сепак доби шанса и во тој сплет на амбивалентни чувства околу сѐ што ни се случува, јасно се издвојува чувството на голема благодарност како кон тој фантастичен, долготраен и макотрпен Сорос-проект (кого го демнат милијарда гадни опасности, од кои бирократизирањето е една од најстрашните) така и кон многу конкретни луѓе во македонскиот Сорос центар.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Циљка почека да секне смеата, а потоа, продолжи: - И во тој миг, вели мајка, да ти стани судијата, та да ти се развика: - Ексо паљогрија, гамото Христо су ќе тин Панагија су!!!... Пендакосјес драхмес простимо!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По истекот на овој период, дозволата ќе се обнови до една година без проверка на условите согласно овој закон, ако ниту работодавачот ниту странецот не ги прекршиле одредбите на овој закон во тој период.“
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Всушност, ако има некаде ноќ тогаш таа ќе да е најмногу во тој полн, низок месец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Велеа дека и онаа чешмичка во горниот дел од Маказар, единствената во тој дел од која се служат луѓето за пиење и за домашни потреби, ќе секне, зашто и таа била носена, дамна, од оној предел горе над патот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
ТЕМЈАНА: Маноиле! (Паѓа на канабето и плаче.) Во тој момент на вратата се појавува Димо, баба Ленка и Вета.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Малку поблед отколку што мислев во дворот, и не блед колку варовничав или изветвен од подмолен јад на човек со товар несреќи на срцето, домаќинот ги потпираше тешките дланки на софрата со секакви трошки од вечерата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со дланките си ги стегаше ушите за да не ги слуша лелеците и викотниците.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во тој миг Зигмунд застана, ја поткрена раката за да одмавне со неа пред своето лице како да брка мушички, како секогаш кога мислеше дека она што му е кажано не заслужува одговор од него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дени е цар! Нему никогаш не му е досадно да нè забавува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, во тој случај, ќе беше изоставена убедливата истражувачка метода на Тортон Вајдлер во книгата „Мостот на светиот крал Луис“ (The Bridge of San Louis Rey) - една скрупулозна студија на биографиите, напишана со цел да ја оправда случајноста кога пет личности што не се познаваат страдаат при рушењето на еден висечки мост во Перу.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тие стигаа прободени, никогаш живи; нивните тела составени од мали прстени бакарна прашина којашто јас во мракот на долниот кат воопшто не можев да ја видам; а биле мртви и превртени на грб кога се материјализираа, бидејќи токму во тој момент нашата мачка, и самата темна, невидлива, ќе скокнеше и ги спојуваше шепите околу вистинската душа на бубачките: душа толку статична и снажна, толку бесмртно уредена, чувствував, лежејќи како школка превртена наопачки, терајќи ги мислите, исто онолку мрачна како душата на самиот свет - и токму од тоа прекрасно и застрашувачко чувство што конечно ме обземаше, изигрувајќи господар на моите соништа, се втренчив како да сум просец крај својот маж.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Само во тој еден единствен момент во целиот мој живот, јас поседував вистински конкретен доказ после настанот... години по него.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се сеќавам дека во тој момент реков ми се лоши.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И додека на село никој не носел ништо под својата облека, луѓето во градовите, кои токму во тој период доживуваат експанзија, почнале да користат долна облека.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Значи острото око подразбира правилно поставена- точна – прецепција, вистинска согледба на нештата, точно во тој момент- без тоа не бидува ништо.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во тој момент и јас се насмевнав за да ја поддржам радосната искра во очите на Роман Гигов Грофот што наеднаш почна да трепери.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа што се случи сѐ така брзо, беше производ од склопот на околности во тој момент.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Да, жално е денес да се констатира, но во тој наш разговор Ѓурчин не беше спремен да ми помогне.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од друга страна, во тој ред на мисли го расколебуваше ситуацијата дека во државата имаше повеќе републики и ништо оттука не беше јасно!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ми рече дека штом го предлагам тоа јас, дека мора да има смисла, дека тој во тоа не се сомнева, дека јас сум му бил гаранција, дека слушнал оти сега сум бил во тој крај, дека весниците пишувале за тоа и дека и тој ги чека моите големи и градителски, но исто така, и книжевни дела.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но тие барања, во тој момент, беа осудени бидејќи според југоловенското раководство не одеа во прилог на општата југословенска стратегија и политика за иднината на Југославија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во таа смисла инстала­цијата Поглед со рака се обидува да загосподари над видното и воедно го огра­ничува, бидејќи како-божем-сопственикот на погледот може во тој пример да манипулира уште само со веќе создадениот, дефиниран програм.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во тој план можат да бидат јазиците, границите, митовите... Те разбирам прифати Камилски каде те води мислата!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Трошчејкин не е господар во таа своја измислица и останатите од другата страна “реалистички” фигури на гостите (во авторската ремарка се дава директно укажување да се спушти во тој момент меѓу двата плана на личностите полупровидна завеса), почнуваат да се претворуваат во болни марионетки, во “свински муцки”.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Постојат два ограничувачки случаи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ако сме логични, тогаш треба да признаеме оти автономијата на Македонија, за која досега револуционерите се бореа, има смисла само во тој случај ако револуционерите согледуваа во нашиот народ такви квалитети и особини што се немаат кај другите балкански народи, а се само наша карактерна црта.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Борхес и Марија и се преселија во тој извонреден стан, но само три дена пред неговата смрт.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нема ништо за тоа како ѝ е таму, туку наместо тоа тирада за животот воопшто дека ти е како совалката во разбојот додека се ткае, те турка низ конците на деновите еднаш наваму еднаш натаму како што често знае да каже мајката Роса, ама каде е таа, Пелагија, во тој разбој, не кажува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога ќе забележеше дека не можам да го следам во она што ми го кажуваше, правеше еден гест кој ни беше како поздрав, а и како знак да ја смениме темата за која разговаравме: со врвот на показалцот ми го допираше челото, па врвот на носот, па усните, и започнувавме да зборуваме за нашите мечтаења – посакувавме да заминеме за Венеција, само тој и јас, Венеција, која во копнежот по нашето заедничко постоење во тој град трепереше онака како што замислувавме дека трепери Месечината во водата на венециските канали, Венеција, со архитектура налик на тантела, која видена во книгите за тој град, пред нас во нашите замисли постоеше пореално и посилно отколку пред очите на многумина од оние кои биле таму, Венеција, секогаш кога ќе ја споменевме, како во некоја игра си ги приближував поддланките, спојувајќи ги местата на пулсирачките жили од двете раце, ги извивав малку прстите, правејќи така гондола, и запловував со гондолата- раце по воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Парадигматските односи во појдовниот систем на писмо се рефлектираат во парадигматиката на новосоздаденото писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Го чув неговиот трепетлив глас, стравот во тој глас, поразот во тој страв.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Помислата на Агна и на нејзиното скоро доаѓање, ме успокојуваше, Низ мене во тој момент врвеа настани и слики, слики на нежност, на подавање на рака, на галеж.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Притоа, во јазикот L може да постои поголем број на фонетски единици отколку во јазикот L1, во тој случај, во новосоздадениот систем на писмо се воведува поголемо количество на графички симболи за означување на дополнителните звуци, кои не постојат во јазикот-прототип.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се случило што се случило, се случило во април-ли-ли свилен: Лена мисли на Коста во тој април син...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Брзакот тргна во тој правец и веднаш потоа во влезната врата се појави и втор милиционер, изразито дебел, како подуен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Керадер тоа го зборува како вистина по ѓаволите сакам да речам тој ја уважува таа свиња - дури беше еден од главните педери заборавив како ги викаат таму преку со оние Италијаните после големата војна замисли ги само тие дибеци кога го здогледале како го мота тоа црево долго пет стапки еден ден - само сакал да го извади проклетиот боздоган вели Керадер - па тие помислиле мора да е педерски бог-на-боговите или такво нешто и сакаа да го вработат или како тоа се вика добога е па Морт сфатил дека тоа не е толку бедна работа знаеш подобро отколку со него да вадиш нафта по Арабија или да затнуваш дупки по холандските насипи како што досега правеше таа свиња останува таму некое време и тие момичиња таму во тоа италијанско место го мачкаат со ежова маст и маслиново масло и сите заедно работат како весталки девици го соблекуваат таму на полињата и ги прскаат нивите и го истакнуваат Морт вели дека тој вели тогаш најмногу се приближил до онаа вистинската работа жими сѐ! да умреш од смеење! и тие му носат сѐ некакви остарени тетки и пензионери тој ги распорува како со некаква зачудувачка еутаназија за стари госпоѓи и ги благословува сите нивни ебани раѓања гмечејќи го својот член дури по малку и копајќи од страна на бунарот но ќе се распичка со римокатолиците затоа што не е обрежан па тие сакаат да го млатат но Морт вели не и тие не можат да му пријдат кога го има тој огромен овен па со него изведуваат чудо и му го збрчкуваат стариот стојко со света водичка и му го загреваат семето па тоа ги спржува полињата а еден ден дури запалува некој проклет вулкан и тој мој боже! не губи време стварта да ја префрли преку рамо и оттаму фаќа магла жими сѐ! но сега ко што велам таа ситна лирика е покојна и отпеала и тој се вози горе-долу со лифтот како и сите ние еве сега влегува во тој проклет кафез покрај нас куп гадови што се заебаваме со онаа малечката што управува со тој смртно опасен лифт некако чешајќи го својот набрекнат задник кобојаги случајно и мил боже како само се унервозува и пренемага белки пола од нас се брани пола привлекува играјќи се со тоа зуење на рачкат и летејќи угоре низ тоа зградиште и баш тогаш стариот Керадер жими сѐ тој понекогаш стварно изненадува таа шизната свиња ја мерка нејзината пурпурна сукњичка и што велиш! малечката воопшто не носи гаќички! нешто преубаво батка сакам да кажам слатка праска распукана пред туѓ овоштарник и кутриот стар Морт тој кобојаги малку се клешти малку навредува и за момент ние другите не гледаме во што е работата околу што целата узбуна меѓутоа тогаш таа неверојатна работа одеднаш испаѓа и се ниша токму под неговата брада како ебено божјо око жими мајка а тогаш ете тој голем откачен боздоган и мој батка се грчи тој и кине како проклетата секвоја кога паѓа богаму и го погодува стариот Керадер трас! и тој паѓа право на подот! неговиот најдобар пријател и таа мала бедна момичка таа фрла поглед кон тој невозможен член што кружи наоколу и удира по ѕидовите па таа сосема паѓа во несвест и жими мајка се струполува право врз онаа рачка на лифтот и за секунда батка помислив сите отидовме по ѓаволите 15
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Било сосема јасно дека партизанските водачи на ЕАМ и на Народноослободителното движење на Албанија "се комунисти и како такви ги шират нивните идеологии во реоните под нивна контрола", но тоа, според нив, многу се разликувало од "систематскиот обид, од страна на делови од некои централни организации, да го комунизираат целиот Полуостров".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И така, се трудевме да си ја нагласиме заедничката припадност во разни општествени и етнички идентитетски категории и гледавме да ги потстивнеме оние субјективни димензии на хомосексуалноста, како и оние особени одлики на машката геј-култура – збор да нема за емотивните и за еротските особености на настраното постоење – кои во умовите на многумина беа најодговорни за ширењето на ХИВ-от. ‌Ако геј-мажите не се чувствуваа страшно стегнати од тоа ставање во загради на емоцијата, на сензибилитетот, на афектот и на почувствуваната различност на нивните проживеани искуства, ако претежно политичките претставувања на гејството како колективен општествен идентитет во тој период не им изгледаа особено угнетувачки, тоа беше поради еден втор, посуптилен фактор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Малку воздивнав, едно мало олеснување во тој момент.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во тој момент налетаа двајца цигани со мотор на три тркала и го запоседнаа преполниот контејнер.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
А она што се обидувала да го конкретизира е точното значење на тој стил.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како во тој момент да ѝ објавија војна. Како да се ракуваат со непријател.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Подлец! Никаквец! Мрза! Сѐ!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во тој миг зад зградата дојде некој човек. Дејко се подзатскри.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Денес, трагите на пепелта водат точно во тој предел во кој лесно се распознаваат запретаните, (неизгаснатите!) огништа на првата средба со видливото.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во Како ја запаливме Хрома, дечкото вели дека оргазмите се како мали сребрени пламенчиња, баш на работ на просторот, и тоа е...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мајка ми ужас ја фати од мојата приказна и рече дека ќе побудалела од страв да знаела каде сум и што ми се случува, а татко ми додаде: - Наша грешка е што имаме премногу доверба во нив и не ги контролираме построго.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Делумно токму преку таквите жанрови, најпосле, децата си ги пронаоѓаат сопствениот глас и сопствената личност, си наоѓаат пристап до субјективниот израз, се здобиваат со карактер.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сѐ ќе стапне во мирување кога ќе стигнеме во тој рационално организиран, совршен свет.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Посакував да се погледнам себеси и во тој миг на обид за визуелна саморазгатка ме фаќаше ужас.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И за Македонија биле експлицитни, максимумот што можеле да го добијат Македонците бил федерална Македонија во рамките на федеративна Југославија и дека со сите достапни средства би се спротивставиле на формирањето "голема македонска држава, која има аспирации кон грчки територии".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Секогаш кога ќе видам изулавени птици, раскрвавени луѓе, спржена вода, пожари, испустени полиња, мртви напуштени села, пусти, глуви патишта, бела, кратка секавица, знак за суша, редици луѓе, строј, проклет да бидам, мислам, во тој час некој се дели, човек од човека.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
ПАТУВАЊЕ СО МИЛА На Мила ѝ го прочитав писмото од Ивана од збор до збор.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го истегнувам само вратот, и во тој улав час ми иди да ја одвртам главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Црпнав со лажичето и во тој момент помислив дека можеби е тоа од оние јадења што само вештерките умеат да ги подготват и со нив ги претвораат децата во камења, ама веднаш се сетив дека вештерки во вистинскиот живот не постојат и ми падна жал за старичката на која рацете ѝ се тресеа од старост.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Одеднаш нивниот разговор престана, бидејќи во тој момент поминуваше погребната поворка, а потоа се слушнаа истрели од митралез.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Девојките од Челзи претставува кулминација на неговото дотогашно творештво и успева да ја заинтересира пошироката публика, но истовремено и да го обележи крајот на неговото занимавање со филм.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во моментот кога Лилица почувствува дека јазичето на Азра ѝ се лизга првин сплоснато и плавно во движењето по широко отворените залисци, а потоа собрано, зашилено и тврдо како кучешки кур се вовлекува меѓу нив, најде начин да се повлече по креветот наназад, ја потпре главата на ѕидот, си ги фати со двете раце нозете на задниот дел од колениците, ги крена високо и почувствува како Азра многу полесно влегува во неа со јазичето зашилено и тврдо како кучешки кур, за да го лизга нагоре и надолу и во исто време почувствува како најдолу, уште подолу од распенетиот дел по кој скокаше јазичето, показалецот и средниот прст на девојчето со брз ритаам и длабоко се вовлекуваат во неа, додела Андон офкаше од сласт или од тегоба држејќи ја Азра со рацете од по страните за да не се одвали, бидејќи во тој миг таа беше потпрена или, поточно, обесена на неговата машкост, беше закачена како торба на закачалка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Оти човечката душа е единствениот дом на неговото битие и нема таква поплава што тој дом ќе го однесе, или земјотрес што ќе го срамни, и нема таков оган што ќе го изгори, оти во тој дом живеат оние нешта што се направени од тули кои никогаш нема да се сронат пред забот на времето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Ѝ одговорив на ќерка ми дека веројатно би се загубил во тој испеглан простор.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Првото на што ја поучила мајка ѝ, таму, во тој град Одеса, било она: Ако случајно ме загубиш, трчи на првиот брод што ќе го видиш. Таму е татко ти!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Отпосле се свестив што кажа, дека има петнаесет години и тогаш, во тој момент се почувствував многу горда, многу значајна во сопствените очи и многу задоволна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За’ржа и тој, врисна како пастув по кобила, носејќи ги двајцата низ стрмните урвини.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тогаш, во топлината на селските куќи во какви што никогаш не живеел, тој сфаќаше колку во тој миг му треба да ја слушне музиката и колку многу му треба да ја сети жената што ја љуби.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Работната атмосфера во фирмата, особено по промената на раководниот кадар, стана доста напната и непријатна – се доцнеше со платите, не се работеше со ентузијазам и вработените беа почесто со лошо расположение.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За реализирање на таа цел, британските експерти одбрале тројна стратегија: поморска блокада, постојани воздушни бомбардирања и „субверзии“ на нацистичката управа во окупираните држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Зашто веќе седев во тој воз наведнат над воената покана, стиснат над безоблични силуети што патуваа со мене провлекувајќи се низ железни голи ребра на непознати мостови.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Таа како во тој миг да се подготвуваше за своето патување во Италија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Вие сте каури-рисјани и како такви ќе можете тептил да одите во тој змијарник и да разберете само две работи: кои се водачите освен оние поповите и два-тројца што ги знаеме веќе и каде е нивната слаба страна за да ги победиме.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Британските ветувања не биле примамливи во тој момент за СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Зајакот остана неподвижен. Се чувствуваше како во тој миг да скинал некој единствен и прекрасен цвет од таа ноќ; од тоа дури и раката му потреперуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Хелвиг ја погледна. По изразот во тој негов поглед, Марија виде дека тој сфати што се содржи во таа нејзина реченица. Таа нејзина воздишка...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сите гласови во тој момент се наоѓаат точно за една октава повисоко од почетната ситуација, и тука сега делото може да се оконча со таквиот пријатен музички ефект.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Ја најдовме Загорка Пеперутката! Долу, покрај реката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се појавуваат идеи дека еден ден веќе нема да бидат потребни технички средства за пренос, туку и мислите и идеите ќе се одвиваат низ чиста размена по пат на мозочни бранови што ќе пулсираат низ целиот свет, секој пронаоѓајќи ја својата цел во тој „организиран хаос”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се чини како оној најслушаниот Бојс кој исчезна низ прозорецот да се вратил низ рамките и присуствува на оваа изложба, Бојс-дијалектичар и оратор-бранител, Бојс на перформансите и екологист- кандидат на европските избори, оној кој ја подр­жу­ваше идејата “секој човек е уметник”, оној чија концепција за проширена умет­ност немаше ништо заедничко со “таканаречените пластични дарови”; се чини како тој, Бојс, теозоф и гуру, да се обраќа до ѕидовите, но само со неколку зборови педагошко резиме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Којзнае што се ќе ѝ изнаречев да ми излезеше во тој момент пред очи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Раѓањето на Снежанка беше еден силен повод за затрчување во тој свет на непознатото и таинственото, па Бојан, и покрај желбата да биде попрактичен, долги минути остана покрај овцата и јагнето, поставувајќи си во мислите стотици прашања на кои не им го знаеше одговорот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Вртисенка паднал подан и потонал во тој мрак.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кампот и убавината дејствуваат во строг меѓусебен сооднос, а кампот најдобро се разбира кога се гледа во тој односен контекст – како начин на машката геј-култура да се обиде да се одопие од сопствената еротска и естетска страст кон мажествената убавина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа не успеа да каже ништо, не успеа ни да се помрдне пред неговата рака, иако тоа беше првиот импулс што го почувствува во тој момент.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но во тој момент му падна на памет есеношната случка со Толета во Мечи Дол, та реши да ги испратат со мифтишот шесте мина колџии, по двајца в село, и тие, како свои луѓе, да им донесат извештаи за положбата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се обидував да му објаснам дека тоа не е нормално, дека е целосно лудо; дека не би можела да издржам, дека ме скокотка, а тој рече: „Да не те понижува, можеби?“, и јас, во тој момент знаев, бев сигурна дека Јан Лудвик не е дојден туку-така и дека одмаздата, без разлика колку тој се преправаше дека е рамнодушен кон сѐ што му се беше случило, сѐ уште тлее во неговата душа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се сврте кон мене и ми се загледа во лицето обидувајќи се да каже и да чуе повеќе од било кој нејзин или мој збор што би бил изречен во тој момент.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На едниот од екраните се појавува необичниот лик на Призрак, поправо точки светлина, би помислил човек пречки, снег, видео-арт...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И во тој напор на уловена ѕверка, бараше причини и ги дробеше пцостите под јаките заби борејќи се за здив - тој лекар, тој проклет љубоморен лекар - но горилата го влечеа со себе, мирни и со животински разум во очите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Едо, меѓувремено,неколку пати погледна во полиците преку целиот челен ѕид со трите диференцијали некаде во средината и при секое сеќавање со глетката му се чинеше дека во тој миг ќе се сети на што таа глетка го потсетува, но не му успеваше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ги советува луѓето, по ставањето на грозјето, шест недели да не го пијат виното, зашто тоа е во тој период уште „леунка“ и не е за пиење - боледува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Притоа, во тој воведен дел професорот го беше навел како потврда местото, (предел околу Пчиња), и името (Наум Светиев) на самотникот, сопственик на мала куќарка, надвор од градот, во непосредна близина на викендичката на професорот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се паркиравме пред една голема бела куќа на два ката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таа налага откажување од сета надеж дека некогаш на светов ќе се најде соодветен објективен корелатив на она што го чувствуваме и задоволително средство за негово изразување.303 Ако општествените посредства отпочеток не се сфатат како нужни (и само) симболични, а не изразни, ќе се смета дека се крајно недоволни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Самиот не знаеше зошто во тој момент не се спакува и не си замина. Со Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
“ - Александар (токму во тој миг, кога сакаше да им даде знак за напад на своето крило): „Слушам добро што ми порачува Пармениотн, ама тоа не ми се допаѓа.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
„Да им се одмаздиме!“ - викна зајачето Џипси. „Така е! Да им се одмаздиме!“ повикаа сите и во тој миг се стрчаа кон чантата на Благица.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Од паркот излеговме многу подалеку одошто мислевме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И за прв пат во тој ден во мижуркавото светло на автомобилската лампичка на Ернстовото лице јасно можеше да се забележи сенка на несигурност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Го гали отец Ангелариј тажно празниот кревет и плаче; потем излегува на конак и погледнува кон Галичица; сонцето сепак свети, а по тажните падини на испуканата, сушна земја надоаѓаат многу, многу скакулци.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го правеа пред огледала и притиснати на стаклото во туш кабини, го правеа на ѕидови и на мебел на начини кои наметнуваа претходно незамисливи акробатски вештини што тие во тој момент ги измислуваа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од оваа радиостаница биле преземени голем број информации за борбите во Македонија и тие биле пренесувани до читателите на многутиражните американски весници.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Навистина не размислив...“ му беше многу непријатно.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Камилски настојуваше да му предочи на Татко што му недостига на духовен план на Балканот во однос на Европа, сметајќи се во тој домен за супериорен.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Иако уште 1980-та, во песната со наслов „што ќе биде со уморниот патник...“, запиша: „Во кој од разните градови ќе умрам?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Да беше тоа некоја обична ситуација, секако ќе му вратев или макар ќе спискав, но во тој момент ми беше важно да ги видам татко ми и мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се уверив дека тоа што го слушав било вистина: жените и горе и долу беа исти, каква уста таква дунда, и обратно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Да не би да нѐ запише поради недисциплина?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Од 1960 г. кога Поп Арт- от прв пат се појави во Њујорк, овдешната уметничка сцена беше толку во тој фазон, што дури и тврдоглавите европјани мораа да признаат дека сме дел од светската култура.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Членовите на мојана тогашна вежбалница не може, сѐ на сѐ, да се опишат како крајно култивиран свет – како луѓе од кои нужно би се очекувало да ги знаат уметностите воопшто, а поконкретно класичната музика, а камоли да ги знаат изворно на италијански сите либрета на Вердиевите опери.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сонцето е во тој момент прикриено зад едно мало облаче, тиха сенка го милува дворот, претчувство на онаа сенка што ќе ја шири крушата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Го гледавме Чанга во парчето долина, замислен, крај своите разиграни кози, во тој чудесен пасторален пејзаж.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На сè уште неизбледениот венец од пластични цвеќиња, на една долга лента под која стоеше фотографијата ( се сетив во тој миг дека насликаната жена се викаше Света Марија Девица) во стаклена кутија, пишуваше: „Вечен спомен на баба ми: Чавка и домците“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ме збуни острината на нејзиното кажување и тежината на кажаното, но во тој миг најдов повод темата на разговорот да ја свртам на друга страна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Затоа и не сум спремен да ја обвинам дури и под претпоставка дека таа од некои нејасни причини намерно го потхранувала сомнението што Огнена Гулева во купето во мое присуство го изрече.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Исто така, беше регулирано дека доколку работата предизвикува ризик по здравјето на мајката и детето, согласно прописите за безбедност и здравје при работа кои се однесуваат на бремени работнички, работнички кои неодамна се породиле или дојат, во тој случај работодавачот е должен да ја извести работничката за овие опасности при склучувањето на договорот за вработување (чл. 3 од ЗИДЗРО/јан.13); б) забраната за работодавачот да го откаже договорот за вработување поради бременост, раѓање, родителство или отсуство поради нега и чување на деца, освен за работничката, со новата формулација се прошири на секој работник, што од аспект на родителството е позитивна промена, бидејќи ниту еден пол нема ексклузивитет во подигањето и воспитувањето на детето и двајцата родители (онаму каде што ги има) еднакво придонесуваат за неговиот правилен раст и развој (чл. 23 од ЗИДЗРО/септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Веќе чувствуваше дека сосема ќе пропадне во таа длабочина. Во тој процеп. ...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дедовото коњче со чезата китна, и Марко го сакам магарето стројно, и сѐ ми е мило во тој роден крај...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Мртовецот не стигна ни да се присобере, самоубиецот веќе беше скокнал врз него; старецот се сепна и одеднаш осети дека остар, огромен нож му влегува во градите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во тој миг на неизвесност и штама стана Мира и рече: „Наставничке, Ташко добил сестричка!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Што ми фали пак мене? - Ништо, ама не знам зошто сте вие машките такви, кога некој ви се допаѓа, не го кажувате тоа отворено, јасно и гласно, туку сѐ нешто изведувате – реков и во тој миг се сетив на Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во таа разоденост и во тој сѐ поблизок и сѐ посрдечен разговор со својот побратим напред тој и не забележа кога ги помина трите огромни долини, што ги знаеше и како се префрлува постојано од една во друга шума.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- И потоа неочекувано ми падна на памет дека понекогаш е поедноставно да живееш во тој Дом за згрижување на деца без родители, одошто со ваква мајка што ти се плетка во сè и ти ги расипува плановите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Оти во тој јуриш од двесте и педесет души од мојата чета, останавме само триесет.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Веќе нема да има раѓање и смрт - само поправки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- При овие зборови Смокот подзастана веројатно да земе воздух, а потоа продолжи - И во тој напор да ја изврши докрај задачата се случи твојот син да доживее да стане херој, мајче Босо - ја извести со траурен глас другарот Ѓорѓи Смокот и силно ја гушна!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Недостасувало уште само да ѝ предочи па дури и да ѝ предложи еден вид договор или соработка во тоа вразумување на Генералот, бидејќи сепак е подобро тие двете разумно да ја поделат меѓу себе неговата љубов и да пронајдат начин како да ја спречат дарежливоста што Генералот ја растурал, како што рекла Рајна, на сите страни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тогаш ја чу жената како го вика од терасата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Си пиел ли некогаш, другар брат? се сети пред тие клепки на млаката вода во бокалот и сфати дека во тој миг пука во него бездна на рамнодушност. Во неа, како лавина, неотпорно се тркалаше отпорот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Она што му паѓаше најтешко во тој момент беше свеста за сопствената интелектуална инфериорност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зашто во тој миг спукоте нешто како небото да се истури врз нас.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Најжалното и најрадосното во животот на Аксја ѝ се случило во тој единствен ден.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Шишман прво му се насмевна на ефрејторот и во тој момент ги отвори очите. - Спиеш? - рече ефрејторот. - Не, - рече Шишман.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Еве, синко, излегува, - со изгаснат глас му рече таа не одделувајќи го погледот од чардакот, каде што се раздвижија сите и ѝ направија пат на Викторија, која излезе во тој миг од одајата со една постара жена.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Треба да се потсетиме дека во тој момент американската култура и уметност беа доминантни; да се почувствува нов европски дух надвор од Турин или Дизелдорф беше огромно откритие и нешто што му даваше нова надеж на нашиот стар континент.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ја бранеа добро границата, излегуваа на крај со италијанските напади во таа рана пролет, што опснежуваше, се гонеа по спиндилиите на Албанската граница во тој април, но наеднаш станаа свесни дека веднаш во нивниот тил се веќе германските тенкови и дека тие продолжувале сето време да бранат една земја, која била прегазена одамна пред тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Фелоус прекрасно го доловува оној вид неиронична, религиозна посветеност што е карактеристична за некои машки геј-културни практики – посветеност што не е ни отворено кампеста ниту имплицитно сексуална, што никако не упатува на гејството и што повеќе има врска со целосната, сериозна, духовна внесеност во естетскиот предмет, кој се почитува и самиот по себе како апсолутна вредност и како бегство од сопственото јас, вклучително и од сопствениот сексуален субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
ПИЈАНИОТ: (одеднаш почнуе во тој момент да блуе).
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
И нашата дипломатија, која постигнуваше големи успеси, на политички и економски план, освен во Движењето на неврзаните, може да одигра посебна улога во тој правец...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бил доста еклектичен во тој поглед.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мачката ѝ беше на поголемо растојание па откако пак изврти со по едно око на сите страни околу себе, пак погледна во мачката па во гранката под неа и брзо слезе на гранката под себе, ѝ се приближи на мачката и во тој момент мачката се собра назад и се фрли нагоре кон страчката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Бам-барам! Бам-барам!“ - тропна Џипси и во тој миг од сите страни почнаа да пристигнуваат играчките на Благица.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Во тој миг, забележав дека најмалку пет деца, што машки, што женски, застанале крај мене и ме гледаа раскикотени, како сатирчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
БАРБОШИН: Контра-клиентот може во тој случај да си го скрши вратот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сите помислија дека пашините гавази, во тој миг, ќе ја растргнат со коњите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не е важно, дали сме спремни за коренити промени, важно е дека ваквите промени мора да се поттурнат напред, да се движиме во тој правец!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа биле поцрнети и исушени луѓе со опаки очи и без насмевка; некои од нив, со завиткани шамии и крпи околу главите и рацете како воскреснати чкулави Лазари што знаат дека само двапати се живее, се сеќавале на вчерашниот живот и на мракот во тој живот потежок и од умирачката, на тоа химерно џвало на кое ни стробјак ни џуџе не му бега, но светлоста на утрото обилно доаѓала од исток и ги бришела од очите на призраците суровите сеќавања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тој момент заѕвони мобилката на Азра, таа се изви наназад за да го прекине повикот и да го исклучи телефонот, но не успеа, па мораше да стане од креветот, го зеде апаратот и со него отиде во купатилото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ако дозволам да бидам уништена во витлите на осудената беспомошност да го избегнам крајот, да извршам предавство врз телово и душава, тогаш тоа е пораз кој ќе го носам како пехар на страмот и во пеколот, а Хермес ќе ја води мојава душа во тој подземен свет.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во тој момент, на пример, во 1984 година ( ако воопшто беше 1984 ) Океанија беше во војна со Евразија и во сојуз со Истазија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И наеднаш водичот ја крева раката свртувајќи им го вниманието како да крева меч: „И во тој убав и безгрижен живот, некој од луѓето во крчмите свикал: Погледнете, луѓе...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Готова бев да се карам и да почнам да викам дека јас не ја згазнав мачката, туку дека таа прво ме гризна, па што сака нека е со мене и со Дино и со киријата и со станот, но во тој миг влета Дино со шпиритус и со завои и ме фати за рака да седнеме на каучот да ми помогне да ја исчистам раната.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но смислата на овие нејзини зборови Соколе треба да ја сфаќа веќе буден, зашто таа му мина во тој миг како проѕирна измаглица меѓу лозите, тој сега ги гледа пред себе само мирните зелени лози и гледа дека сето ова што го доживеа било само сон.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И во тој вик не се слуша ниту име, ниту презиме, туку само “о-о-о-а-а-а!!!” и плачење, и молење, и колнење, и проколнување, и пцости, и лелекање.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Често ќе ни речеше: ”Знам, душичката ви сака женско; и јас кога бев помлад, кога бев на вашите години, не можев без женско: во секој град каде што скитав имав по некоја: и во Атина, и во Анкара, и во Рим, и во Мадрид; ќе ми се прилепеше некоја или јас ќе се врзев за неа, но никогаш повеќе од една година не ја држев: ми стануваше здодевно само со една жена да живеам; штом ќе оставев една, наоѓав друга; се лепеа како по мед; ми ги мереа со педи раменава и градиве и велеа: јаки мажи сте вие, Грците; и можеби - затоа тешко го доживуваа оној момент кога ќе им речев дека ги оставам, дека во друг град одам, во друг крај на светов, и во тој момент или паѓаа во несвест или како диви мачки ми се нафрлуваа со ноктите да ми ги ископаат очите; или ќе ми се обесеа со рацете на вратот и ќе речеа: и ние одиме со тебе...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Моралните дилеми се заменети со секташки дилеми, исто онака како што метафизиката крахираше во тој первертиран спиритуализам на „трупот како Севишен” (што е, како што наградениот писател вели, помнење на возвишената епска слава).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Маргина 35 53 Овде, во тој сегмент на неформална контрола, национал-социјалистичката уметничка политика пронајде нови патишта и тргна по нив.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Истрча во градината, се скри меѓу рибизлите и почна да размислува: млекото на неговото братче се згорче кога тој се налути дека не му го дадоа нему да го испие; забот на дедо му испадна кога за нешто му се караше, а Димче гледаше токму во тој заб и посака да му испадне; јазикот на мајка му се заврза кога тој утрово си помисли: „Да ти се заврзе јазикот!“ бабата си го поткаса јазикот кога му се караше...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Притоа во позадината на овој неозвучен слој од неговите размисли како да се движеше и рамномерното брмчење на златниот инсект; мислам дека во тој момент ја сфатив таа неодминливост: дека ниту една неочекувана појава на инсектот не може да се замисли без придружба на необичната наметлива мелодија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во тој миг Цви Корец длабоко во срцето почувствува дека судбината негова, на семејството, советот, заедницата, на целиот овој град, сѐ посилно се заплеткува во големо клопче што се намотува, се пласти и стега околу сите нив заедно од некоја огромна сила спрема којашто секој отпор е слаб, оттука и излишен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Иако пред некој ден бев таму, одново ме обзеде возбуда и долго останав простум загледан во тој прекрасен и незаборавен пејсаж од кој тешко откинувам очи и чувствувам неизмерна тага.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)