Падот во адот нѐ стори инвалиди со душите пелин, заробени темни се спремаат ѕверови да нѐ јадат живи а ние гледаме ко сведоци неми
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Пеј и пламни, велам Дур во ад се селам И гаснам Продолжено. не сакам да знам Јас не сакам Да знам Каков сум Туку, Каков ќе бидам Тогаш Кога Не ќе бидам.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Целиот спор, сосе второстепената постапка, беше енормно скап и чинеше околу 100.000 МКД (1.640 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Доколку друштвото е осудено за кривично дело што го прави неподобно за стечаен управник, лиценца за вршење на стечаен управник може да добие по престанувањето на правните последици од осудата (чл. 20, ст.1, 4-5 од ЗС). 5. Од 1 јануари 2006, секој работодавач кој има над 25 вработени и кај кого процесот на работата се врши на една локација е должен да води електронско евидентирање на полното работно време и на прекувремената работа (чл. 116, ст.7 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Меѓутоа, според тврдењата на Авдиќ и неговите колеги, овој синдикат воопшто не се грижеше за правата на вработените кои, патем речено, секој месец даваа пари за членарина. 101
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Донесувањето на ваква пресуда ќе се одложи доколку е потребно, претходно, да се прибават известувања за наведените околности. Признанието на тужбеното барање, на рочиштето или во писмен поднесок, тужениот може – и без согласност на тужителот – да го отповика сѐ до донесувањето на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Лиценца за вршење работи на стечаен управник може да добие друштвото ако ги исполни следниве услови: – да има вработено најмалку еден овластен стечаен управник и да има вработено најмалку еден дипломиран правник и еден дипломиран економист; – управителот да даде изјава дека овластените стечајни управници и другите вработени лица во работењето ќе ги применуваат правилата содржани во Кодексот за етиката на стечајните управници и професионалните стандарди; и – друштвото да не е осудувано за кривични дела што го прават неподобно за стечаен управник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сѐ до 1998 – поточно до доаѓањето на К.Камчев на директорската функција, кој претходно работеше како инженер- програмер во истата фабрика – работните услови во АД „Киро Ќучук“ беа релативно добри и немаше кршење на работнички права од поголеми размери.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4. Инаку, нашето позитивно право остава простор, во случај на индивидуален или колективен работен спор, работодавачот и работникот да се договорат решавањето на спорот да го доверат на посебен орган утврден со закон (чл. 182, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работникот Љ Х од Велес (сега 50-годишен) беше во стален работен однос во АД „Киро Ќучук“ – една од велешките големи компании од градежниот сектор, со над 800 вработени кои, во транзицијата, неуспешно се трансформираа од страна на локални моќници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работничката Б. А. (сега 52-годишна) од Велес, која денес е невработена, целиот свој работен век го помина работејќи во АД „Порцеланка“ – Велес, како уметнички декоратер, најпрво во декорното, а подоцна и во украсното одделение.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По добивањето на спорот, Авдиќ продолжува со работа во АД „Киро Ќучук“ уште 4-5 години, но на пониски работни позиции и со континуирано вршење мобинг од страна на претпоставените.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)