во (предл.) - бег (имн.)

- Што сторивте неранимајковци! - списка вештерката. Ние се дадовме во бег.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Нивниот живот бил како патувањето во лавиринтот на арабеска, секогаш во бег во потрага по излез од лавиринтот, споменот за нивното постоење можеби завршил во точката на минијатурата, којашто можеби никој нема да ја протолкува.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бикот подзастана, затресе со главата од која шуркаше крвта и во бег го фати косиот пат кон реката, кон спилите од задната страна на Калето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мнозина ги подвиткаа опашките и дувнаа во бег.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Па и овие пусти јагули, кои во мал број се спасуваа, во бегот ја избираа судбината на другите...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На Катето од Стевана Толе не се задржа, бидејќи тоа веќе беше во бегови раце, та немаше нужда бегот да бара начини да го втерува во неговата мрежа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во нивното разидување се наѕираше стратегиската разлика: и Татко никому зло не беше сторил, но во бегот, од тие што можеле зло да му направат, го бараше спасот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Оној кога со класот беа во золошката, кога дојдоа кај гулабите, тие како испадени полетаа накосо нагоре во бег, но еден гулаб се одвои од јатото, изврте околу целиот клас и неочекувано му кацна на Еда врз бујната кадрава коса.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дали во центарот си чиста како росата наутро, како солзата на срната во бег, како невиноста, дали свети чисто твоето вистинско ЈАС?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)