Додека пиев топло млеко, влезе во бифето полицаец и од секого бараше билет за патување.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но, сѐ беше попусто. Влегов во бифето во кое чекаа на воз.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- До девет саатот сум овде... од девет лумпувам во бифето на гара...
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Во бифето гужва. Ако собраниската сала беше празна, во бифето веќе имаше двотретинско мнозинство.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Таа не знаеше дека тој вечерва воопшто не ја гледал како Јанте, дека за сето време седел долу во бифето на театарот и станал дури кога загрмеле ракоплескањата на крајот од претставата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Преку вревата во бифето, која се истура на масата дотаму што и чашите не се слушаат кога се судираат, сакаш да разбереш нешто повеќе за својата нова познајничка - која е, како се вика, што работи?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Каде сте виделе некој да работи во бифе, па дури и да е инвентар?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Исклучено е и во бифето, барем за таа работа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- А како ќе се гледаме? - Како порано. - Во театар, во бифе, во парк? - Ако сакаш.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Кој како излегуваше од импровизираните гардероби (едната за мажи, другата за жени), така се собираа во една поголема соба, која дење им служела за читачки проби а ноќе се претворала во бифе од затворен тип; со еден расходуван шанк, едно тркалезно решо и една неполирана полица.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Јас ти го донесов тебе за дома, а не да го носиш во бифе. - Зошто ми е дома?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Па бидејќи те видов кога сношти во бифето, - продолжи Грдан охрабрен, - како си одиш со делото во чантата, си реков....
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
6. Некаде помеѓу годишните одмори и театарската сезона, додека во бифето не почнаа да се прибараат неговите постојани посетители, Горда го искористи тој мртов период и едноставно ја снема од градот; но, впрочем, тоа беше за ден - два.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Неколкупати одиш во театарот, не на претстава ами во бифето, додека еднаш не ја начекаш - седната на истата маса, но во друго друштво.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Додека друштвото се растураше губејќи се во ноќта со поздравите за утре, светлините во бифето едноподруго се изгаснаа и последното крило од театарот потона во мрак, оставајќи му на слабото улично осветлување да се поигрува како сенка по мазната фасада.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ти седнуваш на туѓа како натрапник, макар и на половина стол, зашто друго друштво освен неа немаш во бифето, но залудни се твоите очекувања да добиеш одговор во вид на намек од повик барем кога се подиспразнува нивната маса.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Здодевни ми станаа оние седенки во бифето.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- А во бифето е невозможно, пред толку луѓе....
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Дојди, ако сакаш да поделиме заедно барем делче од краешникот на денот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но ете, се случи, и тоа само по неколку месеци од моето расчинување Боте да ја повикам во бифето "Корзо" а таа да не дојде.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Го замолив да и го даде и пусулчето во кое наведов дека во 3 часот ќе свратам во бифето "Корзо".
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дали беше болна? Или курирот на друго место го однел пусулчето?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Актерите се трудеа да сложат уметнички израз на лицата и авторитативен тембар на гласот, а Лемо им зборуваше за амбиентот во бифето.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
„Еве, земи не нас во Драмски и рече, гестикулирајќи со раката,ние постојано сме во бифето.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
И други пратеници бегаа од час, пушеа цигари и пиеа кафиња во бифето.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Ако е веќе за тоа, подобро кисела вода во бифето да се напијам.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Јас го вадам паричникот, но мојата дама ги вметнува следниве зборови: - Сосема, ми вели, нема зашто да се расфрлуваш со пари.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
А, ако во класот сте делеле клупа, па уште и бурек на голем одмор, и оној марципан што во бифето на „Ванила“ било врв десерт во тоа време.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Во дворот оддалеку со високо крената рака и мавна на келнерката Цвета, која со Илона седеше зад замаглениот прозорец на една од масите во бифето, и со уште побрзи чекори се упати кон реното во кое пред главниот влез на Прифатниот центар ја чекаше Богдан Русимиров.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Онаа убавица, која само поради својата умешност успеа од сервирка во бифето да дотурка дури до претсобјето со огромно биро пред влезот на директорот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Не е шега од шанќерка во бифе да се најдеш во секретарска фотелја.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Одете, одморете се во бифето на влезот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
На тетка ми претходно ѝ соопштив дека би сакал да се истуширам, па пресметав дека така ќе добијам уште повеќе време за да се олеснам.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Значи, проблемот не беше во него, туку во тоа што се чувствував непријатно да го користам тоалетот и да одам по голема нужда кога пријателот ми беше во соба - а по првиот ден, кога успеав да одам во тоалет на мир, додека тој се задржа во бифето со една убава учесничка на конференцијата - се погодуваше секогаш да сме во собата во исто време.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Затоа барав да бидам префрлен на друго работно место, во бифето, но за работа во бифето, според систематизацијата, требаше прво да ми се признае осмогодишно образование оти јас сум само со основно.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„... Отидов прво право дома, ја зедов пушката, ја ставив во една црна пластична вреќа, од тие едни за ѓубре што ги имам овде на работа, не заборавив да ја земам пачката со фишеци и, кој знае зошто, ама тогаш така ми текна, зедо и еден нож и така на критичниот дел се вратив овде во бифето.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
“Еј, си реков“, рече Елефтерија кога утредента пиеја кафе во бифето на Центарот за печат каде што се одржуваше панел-расправата во присуство на активна публика од преку двеста души.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Меѓувремено, преку еден пријател од синдикатот, дознав дека на директорот Граматниковски му бил понуден за работа во бифето каде што јас сакав да бидам преместен некој човек, пријател на претседателот на синдикатот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)