во (предл.) - визба (имн.)

Од овие зборови плачевме, одевме во визбата, во дворот, да провериме дали се козите уште таму, да ги донесеме со нас горе, во нашите соби, да ги сокриеме во долапите во кои татко ми ги чуваше своите стари книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Моментно не можам тоа да го забележам ни на некое ливче зашто се наоѓам во мрачната страна на животот, во визбите на животот за кои луѓето најчесто не се свесни.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се сеќавам, во визбата имавме големи каци со сирење, ама не смеевме да земеме.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
„Почна - рече Шабтај полугласно, а потоа додаде - ајде ќерко, да влеземе во визбата”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој влезе во визба, каде што ќерка му беше запалила светлост и работеше на своето ниско столче.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога есенските денови застудеа, дедо Иван слезе со ќерка си во визбата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Стариот остана сам во визбата, на истото место, како нозете да му пропаднаа в земи, суво дрво што го дрма ветер.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој свика нешто, а еден од војниците го зграби Колета за мишките и го пикна во визбата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Секула веќе три дена го држат затворен во визбите на училиштето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бензинот е сместен во визбите на училиштето и општината.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Од каде знаеш? - Тие таму што беа ги повлекоа кога почнаа да ги затвораат луѓето во визбите на училиштето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На зракчето виделина, што паѓаше косо во визбата, се засени главата на Коле.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Уште малку и ќе задоцневме: сите беа влезени и веќе ѕвонеше за наставниците.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во мигот кога заѕвони со Дејко срипавме: „Имаме црно кутре... сосем црно кутре!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Го затворивме црното кутре во нашата визба и се стрчавме накај училиштето.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ама автенце - кај се чуло видело - да направиш!?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Точно - во визбата на Марко. Ама кутрето ЈАС го најдов!“ рече Дејко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Имам материјал во визбата,“ реков.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Немаше време некому да му се пофалиме што имаме во визбата, зашто часот по англиски започна.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Можеш да начекаш бел коњ на некоја ливада и да го вјавнеш...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Каде ви е?“ прашаа Влатко, Ташко и Љупчо. „Во мојата визба“, реков.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се зачуди Алекса кога во визбата го виде Јована Ѓуров, кој таа пролет се врати од Бугарија и се придружи кон Толевата чета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Зошто ти е Шаќир? Од каде идеш ти, Јоше? — се чуди Бајракот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По излегувањето од Алимасковци, Бајракот се наврати кај Бабовчето и овој го внесе во визбата да му соопшти некаква новина од Мариово.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кој е тој што ќе кревал буна против царот; кабул не го права јас тој страм.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога Петко (така се викаше селанецот во новите алишта) го виде самиот Ѓуро јасно му стана дека го погодил местото каде да ги бара „дивите“ в град.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кажуј, кажуј бргу кога, или да викам Ибраима да затворит во визбата и наместит коските! — и почна да го тресе за гуната за која го исправи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кога Бабовчето стана од пангото и го воведе Бајракот во визбата, овој ја заврте главата и потскришум се насмевна, мислејќи си во себе: „Аха! Вистина ќе биде шо ми велеше мудурот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Каде е Шаќир, чичко Алекса? — го праша Јован Бајракот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Татко верува дека виното подобро старее во визба изѕидана в земја“, рече Стефани, постарата ќерка, која многу личеше на Даниел, и можеше да се рече дека таа и Даниел се близнаци.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Нејзините силни раце ја претвориле некогашната нива за компири во ова волшебно заградено земјиште, со цветни и зеленчукови градини, со дрвја преполни со цреши, круши, јаболка, кајсии и праски, лозници, кои не само што правеа сенка во лето, туку и ја полнеа трпезата со деликатесното овошје и бочвите во визбата ги полнеа со својот ферментиран сок.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој се поднаведна и влезе, со неа в раце, во визбата, таа му се извлече од рацете и со обете раце му се обви околу вратот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дури и пред да ги види количеството и разнообразието на храната што беше складирана во визбата, Рози го почувствува мирисот на некои видови.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ама ја чува вино во визба седум години.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Забелешка: По стапувањето на сила на пресудата слугата Филимон треба да се затвори во визбата и да се држи на леб и вода“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А слугата Филимон поради неспретноста да се спроведе низ строј од четири луѓе пет пати поради камшикување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кришум се завлеков дома, се пазев а не ме видат кога ќе влезам во визба.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го гледав како се дуе пред мене и се прашував дали е тој оној ист Кузман со кој што копав во визбата сонувајќи го подземниот живот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Умре ли? зачудено прашав сеќавајќи се за високата сенка на светлиот квадрат во визбата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не ти се чини ли дека под нас, во визбата, нешто тропа?“
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Пази, ќе влеземе во визба.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Утредента, кога влеговме во визбата кришум како и порано, просторот кај што беа дрвата беше чист.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ти си отишол во визбата да донесеш дрва и, не знаејќи, си го фатил човекот како краде.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога таму, во визбата, што да видам?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кај нас во визба има глувци.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
ЛЕНА: Мишко, Мишко, само без додатоци, не ги накрнувај твоите цитати; а со нафтата не мора да брзаш, ти секогаш оставаш по цел вир во визбата. Мишко излегува.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Сето слободно време си го поминуваа во визбата кај Џеки и Белчо, ги канеа со јадење, што кришум го изнесуваа од дома, и се играа со нив.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
А, се сеќавам дека престиж беше да имаш ноже специјално за правење форми од дуњата на Џорџе Балашевиќ, од „строубери“ од „Д Битлс“, од тиква од една за мене грда македонска песна, па да ги свариш во компот и задолжително да поделиш по комшиките зашто која е финтата ако теглите ги наредиш во визба во која само ти влегуваш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ќе има збунувачки и контрадикторни одговори за многу добар (4), ама на стара слава што ја чувам во визбата без прозорци... ќе се извадам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во дворот Јанчески дотрчаа жителите на Потковицата и никој, освен Турците, не веруваше во приказната што лелекајќи низ дворот ја огласуваа Јанческите: Руса нивна во визбата, на некоја шајка, си го огрубела лицето, за малку и виделото ќе си го осакатела, но и никој не ја оспори гласно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И правејќи си пат меѓу имотските луѓе, кои сè уште трчаат пругоре по скали на чардак, влегува во визбата; таму, од ѕидот до вратата, го симнува малото секирче, го сокрива в пазува, поа кога излегува од визба, на Васила, кој остана да го чека пред врата, му вели Одиме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Преку дворните места на имотскиот живеалишни куќи и низ Западна Порта излегуваат во оградите и низ бавчите, прегазувајќи ја Голема Вода, се завкачуваат спрема Коритница, сè со вјасање - Максим за чекор понапред од Васила и од Карамана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога балисти дојдоа, фатија визби да барет, визбите ми и најдоа и во визбите ковчези, ковчези од неестите, ковчези од девојките.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Кога балисти дојдоа, фатија визби да барат, визбите ми и најдоа, и во визбите ковчези, ковчези од неестите, ковчези од девојките.."
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Тие би биле однесени во полициските станици или во визбата на некој локален комитет на гардата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Кај мене в визба имам еден куп гајби со Афро кола и не знам што да правам со нив.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Александар никогаш не се залажуваше со тоа дека овде, во визбата на стариот покриен пазар, инаку мал бисер на архитектурата на отоманските господари, нема кој да го види како се среќава со бивш политички затвореник.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
„А тапетите по ѕидовите?“ „Да.“ „Проверивте во визбите?“ „Проверивме.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во својата работилница, која ги опфаќаше двете простории во визбата, Парацелзус го замоли својот Бог, својот неопределен Бог, кој било Бог, да му прати ученик.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ноќта ги беше избришала прашливиот атанор и лембиците,20 кога некој тропна на вратата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше сосем можно лицето на соседната маса да е шпион на Полицијата на мислите и сосем беше можно тој да се најде во визбите на Министерството на љубовта во рок од три дена, но една половинка од цигара не смее да се упропасти.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Последниот чекор беше нешто што ќе се случи во визбите на Министерството на љубовта. Тој се беше помирил со тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеше да раскажува со непријатно очигледно задоволство за хеликоптерски напади врз непријателски села, за судење и за признанија на мислопрестапници, за егзекуции во визбите на Министерството на љубовта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во визба, на првата или на другата плоча, господ ќе знае, таа да може неврат ќе фати само да не ги среќава очите на Добра и на Чана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се најдов во небрана — изненадена сум невела — не чини неј — нив непара — не толку нетоп — невестински украс од тенеќија кој ја заменува короната ниа — оние нии — нив нуна — кума (делхинутив — кумица) нишан — знак нишка — нит, нитка на платно нишчелки — направа на разбој за ткаење ној— оној ногашчка — наплеток од косата обрецнам — врекнам, нависоко ќе проговорам обрус — долга везана крпа со реси од која се прави чалма на главата одер — врста кревет на столни ногари закопани в земји на кој се чуваат алиштата и покровите во визбата одвраќам вода — басна на вода за да се мени положбата во која се најдува озастра — утринава онбашија — турски војник десетар — каплар опурчак — искинат опинок кој веќе не се носи оралиште — место каде се игра оро ораџика — жена што игра оро орјатка — погрден збор за жена со која друга жена е скарана орман — густа гора оужје — накит олепела — лесна клетва осмак — мера за жито 50 оки отпуст — поповска песна пред свршетокот на извесна. служба павти — женски накит од сребро и бакар пагурче — сад за ракија пазамарка — џеб на селска кошула пајвани — ортомчиња со кои му се врзуваат нозете на коњ да оди раван — ситно парка — што ѝ е, што ѝ пречи да направи нешто паскурник — шара за шарање поскури пачавриче — книжулче, може и крпче од ткаенина пашит — без самар коњ, маска, магаре пералник — котел во кој се топли вода за перење песјачка — погрден збор за жена со која друга жена е карана петле — во онаа см. наполеон — пара златна француска со петле на неа петравил — епитрахил петреви гаѓи — горско цвеќе пинок — опинок плак — старец плетва — трева во сеидбата поврзало — врвца на торба или вреќа, како и на огламник на добиток подвеска — дел од селска облека.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пред да замине, ми рече: „Уште ноќва, слезете во визбата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Низ нашите очи се тркалаа крупни солзи. Мајка нежно нѐ погледа, го помилува најмалото братче по коси и продолжи: – Откако се смирив, убаво погледнав во визбата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дупката што ја продупчи бомбата, не беше голема. Ама беше направила кијамет во визбата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Слегов во визбата. Кај храната, водата и зајрето. Кога таму, што ќе видам!?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За среќа, еден од соседите, по цена на сопствениот живот, длабоко во визбата, преку ископан тунел, во една мала просторија, чуваше една санска, многу млечна коза, па секојдневно ни даваше по една чаша млеко, со кое Мајка му го заменуваше своето млеко на најмалото братче.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бомбата се пробила, преку еден од темелите, во куќата, влегла во визбата и тука експлодирала.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Како што отец Иларион бдее над душите од своите болни што ги лечи, така и отец Серафим бдее над бочвите во визбата; а во време кога превира виното, тука и спие: да го гледа, да го пази да не истече: со деноноќија седи крај бочвите, им го наштутува нивното шумење, шепотење, вриење на зрната чија што душа преминува од блага - во горчлива.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Немав обврски. Отидов за да го посетам во визбата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа заседнуваше во Визбата на Тиквеш, на аголот на ул.Карл Маркс и булеварот ЈНА, кај Иле Битолчанецот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ова е идеално катче за живуркање на мојата молчелива судбина - ми се довери пријателот Господ тоа претпладне (зарем ова не се случи поминатата недела иако има поминато којзнае колку месеци?) и кај косината помеѓу левиот агол на неговта уста и носот заигра една испокината линија што зачас се смири.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како да замижеш пред оваа глетка - глето - глина - глодар спружена гледливо и пожелно на небето, под јазикот небаре вино лежено во визбите на вечноста!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Најнапред нè внесе во визбата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се качувам на третото, нишам: аха, сè педвидел учителот, ама ова не го предвидел, си велам, и тргнувам на рамката што некни ја скршија децата кога ги фрлаа дрвјата во визбата.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ме грабна учителот за раменици и не прапувајјќи ме ни зошто, ни како, ме спотера во визбата од училиштето и ме заклучи.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Велат дека има трозабец на опашката и со неа става отров во зимниците што луѓето ги чуваат во визбите.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ќе остане некој збор, тенка мисла, книги (што треба да отстојат во визба).
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Ни автобус ни тролејбус ни такси ни кола ни мува*** ништо* само снегулки како инсекти околу уличните сијалици кои некогаш светат а некогаш не*** но сеедно* снегот заземјен сјае на дното на небото како фенер на импресионистичка слика*** тишина* и траги од волци на планината * а овде и сега само очи зад прозорските монитори** '140 помножено со 140 * термопан* рамен екран * 1024 by 768 pixels * 20-20 vision * Филипи * соседи итн. итн. некој родител впрегнат во санка со која управува дебело дете снегот длабок и бел* влажноста идеална за грутки со кои децата се груткаат сѐ додека влажноста на алиштата не стане идеална за стап*** а потоа молк* вонземен и вонградски* лебдење како снегулка и паѓање и топење на дланката на перницата во апаурински сон од 5 милиграми * * * Ни чувство за време ни интерес како на планина во дрвена куќичка со дрва за огрев во визбата и со пес чувар кој не лае без причина * * * сè е замрзнато но така мора да биде сè е бело но како поинаку да биде тополите се високи и се први на удар баричките се смрзнати и велат: судар *
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Телефонски именик Уште еден анахронизам складиран во визбата веднаш над учебникот по марксизам.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Со ноќи, со денови, во треска повторуваше некаква повест за некакви си заговорници што ја украле книгата и велеше дека секој момент, од завист или љубомора, словото може да биде уништено.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Трипати се обидуваше отец Лаврентиј да избега од манастирот и да тргне кон Бугарија, но отец Ангелариј немаше друг избор, освен да го врзе за постела со силни синџири.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Овој плачеше како дете и го молеше Ангелариј да појдат заедно во Бугарија и да слезат во визбата на библиотеката на кнез Борис.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бучавата толку потресувачки се зголемува што го потсетува на бучава на огромен бренер, горилник на нафта како оној што тој го има во визбата на својата куќа на котелот за парно греење.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Фитилот, поврзан со две тенекии преку каналот, излегувал во визбата на бакалницата и тука обесен го “чекал“ моментот кога требало да биде запален.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сите негови другари, освен Орце, кој бил дежурен во визбата на бакалницата, седнале во близината до пристанишната кафеана за да му мавнат на Шатев за последен пат и да видат како ќе започне да се остварува нивното дело.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Еден дел од ископаната земја се расфрлала и газела во визбата, а друг во ќесиња бил изнесуван надвор од берберницата и фрлан во морето или на други сигурни места.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Неколку минути по гасењето на светлината Орце го запалил фитилот во визбата, ги затворил ролетните на дуќанот и тргнал кон својот дом кој не бил далеку од Банката.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, кога сето тоа било готово, потребата од луѓе била сведена на минимум: еден ќе требало да го запали фитилот во визбата на бакалницата и да исчезне без трага и еден кој требало да се качи на бродот, а чиј живот можел да биде најмногу загрозен.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Целата ископана земја не можела да се чува во визбата; еден дел требало да се изнесува надвор од дуќанот и некаде да се фрла, а тоа било многу ризично.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Велиме господари, зашто за сето време додека работеле во визбата тие при себе веќе имале определена количина динамит.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Никој не можел да се посомнева дека во визбата се подготвува акција којашто ќе ја потресе Македонија и ќе ја вознемири Европа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)