Адолфина, паулина, марие и роза - сал една би била вишок во драмата на чехов а сите се отпишани од тефтерот на брат им зигмунд фројд отла и кажува на адолфина дека ги довеле во логорот во терезин и дека е најдобро тука да останат што подолго отла и кажува на адолфина дека храната е еднолична, катаден супа од леќа а попатно и спомнува дека има брат по име франц кафка адолфина веќе почна во себе да го портретира кафка мачејќи се во шеширот да му ја смести ергенската несреќа - во бараката на трудниците несреќата има друго име во предвечерјето на смртта и без месечина јасно се гледа дека црното млеко не е поетска измислица под црно сонце во црна темница четирите сестри на зигмунд фројд спокојно го чекаат црниот воз кон невратот рано в зори и не го забележаа брат им зигмунд како нервозно се тртка лево-десно на перонот пред да си ја испрска совеста во ѓолчето од сестрински солзи.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Бидејќи целиот заплет во драмата „Настан“ се врти околу чувството на ужасен страв од смртта, некои критичари дури предлагале таа драма да се нарече „Страв“.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Како што некогаш Татко во Цариград се најде во Света Софија, симболот на преобраќањето, така јас ќе се најдам, по многу години во драмата на враќањата, пред симболот на идеолошкото за време на претходните преобраќања, албанскиот Атеистички музеј.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сама по себе била некаква мини драма: драмолетка во драмата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Една многу убава алегорија за среќата и еден поглед на бурната историја на Балканот и владеењето на идеологиите. Méditerrané, juillet, 1997 Макар што во средиштето на дејството на романот Времето на козите, нема повеќе кози колку што нема носорози во драмата на Јонеско, романот на Старова е парабола, метафора чие значење постојано нѐ одминува...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ме прими срдечно, топло, како да сме се познавале многу одамна.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во тој период повеќе бев книшки внесен во сложеното палестинско прашање, во драмата на блискоисточната криза, во комплексните меѓусебни односи на арапските земји, во силните влијанија на големите сили, во стратегиската линија на неврзаните земји.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Еве како се одвива сцената во драмата од Олби.25
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)