Задоволен од пантомимската претстава во изведба на страчката и мачката, авторот си го плати кафето и се упати на адресата на покојниот Едо Бранов.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во изведбата на Атомиумот е вложена фантастична инвентивност.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Бак заспа откако Љубе го нахрани, а тетка ми Ане дури и запеа кога тој и ја пушти нејзината омилена песна „Карузо“, во изведба на оперскиот пејач Павароти.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Во почетокот се слушнаа првите тонови на гудачкиот квартет „Мала ноќна музика“ од Моцарт во изведба на музичарите – членови на симфонискиот оркестар на воениот капелник Дворжак од Скопје.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Ние двајцата, Саше и јас, без да нè забележат, отидовме во неговата соба и си пуштивме наша музика, како што и им одговара на едни вистински кич деца.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)