— Е! Прочита што пишува казмакамот? — му се обрна стариот мудур на младото офицерче и го покани да седне на столот од десната страна.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Затворете овие магариња во авурот од конакот мој и добро вардете ноќеска! — си ја издаде Арслан наредбата и се прибра во конакот да ги успокои своите напрегнати нерви.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Пискаа, стенкаа, се советуваа што да прават живот да спасат барем тие што ќе останат по ќотеков денешен и решија да му понудат на бегот поголема сума пари да га остави барем живи, та маките ќе ги тргаат што ќе ги тргаат, алипни до живживоти.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Каурите се спремаат да ја уриваат нашата царштина од темел па чекај ги и кај тебе некоја ноќ и приварди се да не те најдат на спиење и да те испечат жив во конакот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Убаво би било кога некои од нашите режисери искрено би признале зошто се зафатиле со инсценација на тој и тој текст, па нека биде тоа и поради потеклото на прадедо му или оти прабаба му работела во конак или пак, за инат на некоја друга индивидуа од браншата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
„Господ нека ти е на помош„, пак сожаливо се прекрсти игуманијата и влезе во конакот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Вие живеете во конаците на манастирот Света Богородица. Добро го знаете.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Тука го препозна Трајка дека тој го удри по глава кога му влегоа во конакот да ја спасуваат Анѓа и уште толку го зацврсти решението него да го осуди на смрт и со тоа да се одмазди за сето она што му го направија Мариовците за овие дваесет и седум години борба. – Што велиш сега, Анѓо?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Затворените деца Мариовчиња исплашени од јатаганите на сејмените патема, се смирија и влегоа во конакот како јагниња во трло.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Домарот, стрплив како цел век да скокал по карпи, а ниеднаш да не исчашил глужд, милозлив како повеќе да другарувал со светци одошто се среќавал со крадци, без збор се врати со другата врвца клучеви и отклучи една ќелија во конакот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Гого надве - натри, колку што стаса, му ојасни кој е и што е, тукуречи во еден здив, како што беа и двајцата на нога, па одвај дочека да заврши со тоа што му побара да преноќи во конакот, а за понатаму ќе се договорат.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Оној кој талка по исушеното корито кон изворот Препуштен на огнените дождови на сонцето Ги познава искушенијата на црвот Кој тргнал во потрага по ветениот плод А заскитал во конаците на жалната врба.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)