Она за што зборува Офтика во монологот, пред стотина и повеќе години го мачело и рускиот писател, Николај Василевич Гогољ. Од таквата мака излегла повеста „Нос“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Отпрвин само му потврдуваше со главата, потоа почна да се уфрла со по некое „да“, „така е“, „и јас го мислам истото“, а кога овој мина на проблемот на дружењето, вжештено се втурна во монологот: - Каде да најдеш искреност!
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Јана продолжи речиси во монолог - Ова второво, синово, е поважно и од првото, ќе го отвориш веројатно подоцна.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)