Во суштина, секој IE ритуал (обред) претставува враќање кон максималниот скрален чин, воспоставувањето на поредокот во максимално скралниот момент, чин по кој лошо појдените нешта се враќаат во нормала, или воопшто земено, тоа е = една сосем божествена активност = Прагматичноста на ритуалот ја определува неговата централна положба во човековиот живот и се вкоренува во тоа, што со негова помош се решава основната задача - гаранција на преживувањето на колективот...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Мислеше дека од тоа можеби, колку-толку ќе се врати во нормала.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Прстите кои ми отекуваа на ладното, сега се вратија во нормала, меѓутоа дали тоа беше резултат од непушењето или од терапијата не сум сигурна.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Климакс Некаде прочитав дека само невоспитани деца поминуваат низ тежок пубертет. A прости, необразовани жени тешко поминуваат во климакс. Aма и за споменатите, и за другите, сепак, тој има заеднички симптоми: - силни врелини кои ве обземаат одеднаш само во одреден дел на телото,како да го печете во рерна или го дувате со врел фен, - капки пот што по линијата на веѓата се спуштаат по рабовите на лицето и буквално капат додека стоите во автобус полн со луѓе закопчани до грло во топла зимска јакна, - отсуство на желба да бидеш интимен со некого, па дури и со љубовникот,а за со мажот ич да не зборуваме, - силни налети на нервоза, во која трчаш низ куќа и бараш некого буквално да го изедеш, - чувство дека си болна од сите болести што ги прележале твоите пријателки и дека ги имаш истите симптоми на сите епидемии, птичји, свински, грипови, грутка во грло, јазол во желудник, срцебиење, камен во бубрези, тиња во жолчка, - потреба од „шопингување“ на енциклопедии за здравје, здрава храна, вежбање пилатес дома и во друштво, - отсуство на секаква желба да одиш по гости, а уште помалку некој да ти дојде, - убеденост дека си најпаметна, - ама и потреба да се биде зајадлива, џангризава, самобендисана, лоша, злобна и одмаздољубива За среќа, ова трае само десетина години и, кога ќе помине, сè се враќа во нормала, освен некои небитни промени: мажот си заминал, а не си ни забележала, децата не заминале, останале, ама ти се лути до смрт, а ти повторно со истата сила и енергија како од младоста, се трудиш да им угодиш во сè, ама нема „feedback“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Се враќам, а женичката пее најнежно што може, со глас одземен од умор, од работа по куќи, а од нејзината песна и простатата работи нормално, а и холестеролот им е во нормала на моите пензионери.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Излегува на брегот да прездивне и таму, по извесен период на враќање „во нормала“, тој констатира (со радост, претпоставувам) дека конечно е сам!
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Нејзината црнокоса глава, подигната над површината за да може да ѝ ја види должината на вратот, веќе ја сече водата.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
По некое време врвот беше достигнат и почна благото враќање назад во нормала.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Беше убаво доживување, јасно и жестоко, и си мислев колку е убаво тоа што знам што точно сум земал.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Почна да си ги раздвижува помодрените екстремитети и си ја врати циркулацијата на крвта во нормала.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)