во (предл.) - опсерваторија (имн.)

Ден пред закажаната операција, во хотелот, пред да оди на работа во Опсерваторијата, дојде Сотир Паскали за да провери дали е сѐ во ред со Климент Камилски во врска со неговата утрешна операција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ерупциите на Сонцето, во времето кога е тоа активно, ми објаснува во опсерваторијата, вршат промени во јоносферата, прекини на радиобрановите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Најимпозантен објект во опсерваторијата е сончевата кула, која е опремена со најсовремени апарати. Тука работи и д-р Сотировски кој ѝ се посветил на спектарската анализа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)