во (предл.) - памет (имн.)

Тој самиот им се предаваше како на струја, ама сега беше веќе заситен и сешто му се меткаше без ред во паметта, притисната од некакво темно недоволство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Еден по еден ги редеше сите од тајфата Аргир во паметта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Му исплива во паметта фабриката во која работеше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во паметта го штрекнаа зборовите што му ги рече таткото на умирање: „Проклетија ти оставам, Аргире“, му рече тој тогаш, “не пуштај никого лесно на скелето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но, наеднаш се тргна, во паметта му се мерна болното дете. Отпушти глава...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа адреса ѝ се врежала длабоко во паметта - ѝ се чинеше дека и ноќе би можела да познае дали писмото е од Крстан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ѝ заблескаа, како бисери во паметта, и сите денови и ноќи поминати заедно со Крстан и тоа ја занесуваше како сон по голем умор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сета сум исчукана во паметот, сета пренесена, таму.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)