И писна в плач; - „О дни во кои несреќа се лее!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Тој космички миг на среќавањето со мртвото тело на Рацин на плоштадот, покриено со знамето на земјата, на неговата земја за која живееше, страдаше и пееше, тој молневит душевен потрес, таа отворена рана, страдалничка, на елегичните стихови на неговата Балада што нѐ сплоти сите во плач и липање беа, можеби потсвесно, но длабоко во чувствувањето и мислата оној никулец што ги откриваше како еден нов, дотогаш непознат свет на болката на постоењето и на убавината на зборовите, мојата чувственост, мојата приврзаност и определба за поезијата.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Старецот воздивна и заврте со главата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
А потоа гласот му се прекрши во плач.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И зимата одмина во плач и лелек и кога се отвори и расцвета пупката на дренот и долета првата ластовичка, во училниците згасна пламенот на кандилата и газиените ламби.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
" рече и молкна, што беше знак дека зборовите ѝ се задушиле во плач, но сепак успеа да му рече: "Кога ќе дојдете?
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Го прашував, тој молчеше, а кога прашувањата ќе се претвореа во плач или обвинувања, ме бркаше од својот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Едно утро, едно од оние утра во кои го молев Рајнер да ме пушти во својот дом за да можам да молам или да обвинувам, тој ми рече дека завршила љубовта помеѓу него и младата жена заради која ме беше напуштил.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Децата, исплашени се будеа во плач.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
„Јас, сестри мои, не сум дојдена да ви зборувам, туку да плачам, во плачот нема акцент”.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)