Тука Саркањац разликува идеологија за поединецот (која зборува за него), идеологија за поединецот (која му се нуди на поединецот, за да го придобие и да влијае на него), идеологија на поединецот (интернализирана, присвоена идеологија, со која поединецот се идентификува), идеологија во поединецот (идеолошкото знаење на поединецот), и идеологија според поединецот (“идеологијата дадена во и низ субјективната интерпретација на поединецот”).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сепак, најзначајни се петте синтагми кои ги опишуваат различните страни на односот меѓу идеологијата и поединецот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сепак ударен во оваа глава е делот насловен Training and Performance, кој се занимава со „проблемот на идеологијата во ситуација на вежбање, обучување и изведба (training and performance), во практичниот силогизам на идеологијата на или во поединецот, или прашањето како идеологијата преку парцијализациите се претвора во чин, делување, акција на поединецот“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Од секојдневните, ги анализира идеолошката симулација, Ман и Кетман однесувањето; а од граничните, - хероизмот и фанатизмот, донкихотството, борбената идеологизираност, предавството и дисидентството, преоѓајќи потоа на проблемот на губењето на телеолошката заднина и на откажувањето на идеологијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И моќта на толпите се расплинува во поединци. Велат, поединецот е столб на демократијата.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)