Во сето тоа и во што не друго жените навистина генијално се снаоѓаат, но нема итрина со која таа мажот ќе го спречи да истече; уште од нејзината спарнина неговиот пенис ќе ја почуствува во предворјето, меѓу нејзините нозе, пред да ѝ го доставил, уште не брцнат целиот внатре, уште ниеднаш не повлечен наназад за да ѝ го втера пак и да почне да ѝ го напумпува и испумпува она задоволство што доаѓа од сѐ подлабоко и подлабоко од телото додека не почне да се црпи од капиларите на кожата по целото нејзино тело.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Најчудно беше тоа што и мене ова ми беше првпат да го гледам тој филм - штом го измонтиравме го донесовме во кино.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Некои луѓе останаа во текот на целиот филм, некои станаа и си отидоа, некои заспаа во своите седишта, некои заспаа во предворјето, а некои беа како мене - не можеа да го тргнат погледот од платното ниту за момент.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Почекавме неговите чекори да запрат на скалите, па потоа се мушнавме во предворјето.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Знаев дека никогаш повеќе нема да го видиме во цела должина и затоа тој беше како и нашите животи - би поминал еднаш покрај нас и никогаш повеќе не би го виделе.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Влеговме во предворјето на палатата. Пред нас беше построен почесниот одред на претседателската гарда за да ја укаже честа на највисокиот претставник на странската земја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)