Можеби восхитот наш ги исплаши тие сини бои во прелевање што бегајќи од кафезот на восхитот залутаа еве ненадејно во примката на зборовите да говорат за убавината на летот и за осамата на мирувањето.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Влегувањето во градината е бавно влегување во примката на времето што само зборот ја отклучува.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Старчето го погледнало со очи на желка фатена во примка и со насилство задржана глава вон од оклопот. - Ми донесе ли печени компирчиња, Доце?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Излезе и падна во примката на двајца болничари.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Арсо Арнаутче не се насмеал. А и зошто? Млад бил и почитал старост, сега е помлад отколку кога се женел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пред зори, сонливи и фатени во примка на петловски поздрави, долго се разделуваа и се бацуваа.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)