- Моќта на небото е најсилна таму каде навидум доминира некој друг елемент. На море... во рамница.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Трепери пламенчето на свеќата и стоејќи вгледан во рамницата, ми се чини дека допираат до мене бучавата на авионите, тресокот на бомбите и гранатите, свирежот на куршумите, мирисот на напалмот, врисокот на стотиците очајници кои биени од небо и земја, газени и толчени под тенковските гасеници со последната издишка трчаа по оваа последно мало крајче од езерската земја со надеж да се фатат за последната сламка за спас на животот...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тој сѐ уште не знаеше каква мустра е тој негов можен зет.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Поточето што истекувајќи од Кладенец тече низ скалести корита, некогаш дрвени сега претворени во обични вирови, долу, а во рамницата, во бавчите, се влива во Голема Вода и е поило на дивината, добитокот и овците.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ќе живеат во рамница. Во некој град зад Нови Сад.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Франкфурт нема највисока кота, од каде што може да се фрли поглед врз сиот град и да се види текот на Мајна. Градот, речиси, е во рамница.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)