во (предл.) - ред (имн.)

Е, да го немав к’сметот на Цвајг, се ќе беше во ред.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Марија не беше сигурна дали е во ред што и тој седна во таксито.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Нашиот семеен лекар го подгледнуваше повремено за да види дали е сè во ред. Тој имаше душевна мака.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со почетокот на вооружената борба, македонскиот народ се нареди во редот на народите кои му се спротивставиле на фашистичкиот експанзионизам и станал дел од атифашистичката коалиција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Откако си замина јас реков дека навистина не е во ред нешто со сестра ѝ на Бистра.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пандо се оптегнува, погледнува долу и, кога забележува како се редат пред казаните, оди во својата барака, ја зема лименката од конзерва што виси на гредата и, нишајќи се, застанува во редот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не, не, ова е в ред... склучен, разведен, заведен уредно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Големо е страдањето на слободољубивите луѓе на оваа планета, и огромна е сега потребата што нѐ гони да создадеме нови системи на владеење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се убедував дека е се во ред.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Но она што не е во ред кај овие сугестии е претпоставката дека аргументот за приватниот јазик имплицира дека не може да постои ништо како привилегирано препознавање во „прво лице” на диктатите на нечие разбирање на еден израз. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 65 Од фактот дека владеењето со некој израз може да се научи единствено во јавен амбиент, и дека неговата исправна употреба треба да биде контролирана од јавни проверки, не следува ништо што би се однесувало на невозможноста од разбирање на еден израз, на тој начин стекнат и контролиран, кој се состои во некоја когнитивна состојба на оној кој го употребува.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Било, затоа што јас самата сум се грижела, а тоа досадува и заморува, и не е воопшто лесно за една мала детска глава.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа ми ја допре раката - допир на кожа - промрморе дека сѐ е во ред и дека минала и низ полошо.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дека нештата не беа во ред со ова семејство, можеше да се заклучи од несаканиот разговор, на кој му попуштија и Милан и Кети.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој чин ги предизвикал Грците кон британските членови на мисиите, кои се наоѓале во редовите на ЕЛАС, да се однесуваат непријателски.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Можеби беше сè во ред, но за него. За мене не.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, сѐ беше во ред.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега сум во ред. Ти ми помогна да ја надминам болката на душата со која бев затруен.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Оштетувањата морале да бидат длабоко органски, структурални, а нешто не беше во ред и со нивниот молекуларно-клеточен метаболизам, што сè уште беше неразјаснето.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Па редно беше пак, и пак, да му се заблагодарува на својот исцелител - зар тоа не беше во ред?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Клам кон крајот од 1990-тите наведе дека „момци од едно геј-братство“ на една лезбигеј-имејл листа на Универзитетот Дрејк „велеле дека било во ред да се биде отворено геј во братството ако се играло според правилата на родово соодветното однесување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Едноставно немаше сила што можеше да го стави во ред ова разуздано суштество.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- А што е со вирусот? Што ако во овој момент додека ние разговараме се руши Empire State Building! А вие ми велите дека сѐ е во ред?!
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
-В ред, в ред - продолжи како да се двоуми - можеби и не беше првата што ќе ги забележеше ваквите промени, но таа прва ги соопштуваше и тоа секогаш со здржана возбуда ослободена од секаков вид горчина или грдо претчувство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нѐ построија одделение по одделение и така во ред, двајца по двајца нѐ носеа крај брегот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Ама нешто мора да не е во ред со сестра ѝ на Бистра.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Само знам дека многу те сакам - ѝ реков не само за да ја утешам туку и затоа зашто во тој момент почуствував дека и вистински ја сакам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Опортунисти и идејно блиски на Врховниот комитет, Татарчев и Матов повеќе биле наклонети кон разбирањсе со сличните на нив во редовите на самата Револуционерна организација, со официјалните кругови на Бугарија и со Врховниот комитет, отколку да застанат рамо до рамо со оние што револуционерната идеја и практика ги определила да бидат вистински изразители на стремежите на македонскиот народ.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Скршени од болка и од заемот што го зеле од комшиите за закопот, одвај чекаат да се доверат на првиот близок до нив во редот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Збунет од оваа нејзина упорна непромисленост бидејќи бев уверен дека лицето ѝ е в ред; долго се прашував како да ѝ помогнам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Гоце, Коце и Тасе се фатија за рака и застанаа во ред.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„Рацете ти се наполно во ред“, рече мајка му. „Не“, залипа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога требаше да се размеси, им реков: Ајде, фурната нека се загрее додека го размесам јас лебот, сè ќе биде в ред.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Хелвиг, што не е во ред?..
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Што не е во ред со мене? Постојано ништо не е во ред.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Арафат им даде знак да запрат. Ме прегрна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие можат да предизвикаат и лоши влијанија, ако сте невнимателни, но в ред е доколку воспоставите рамнотежа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не знам дали е в ред да се прекорувам себеси дека моите последни навраќања во Книгоиздателството што се наоѓаше веднаш зад Камениот мост биле поттикнувани и од љубопитството да се осветли уште некоја дребулија од минатото на човекот што ја беше отфрлил мантијата?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако се вклопува, во ред; ако пак испаднат несварливи, повторно е во ред, зашто ќе го потсетат гледачот на артифициелноста на правењето филм.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Мирувај! Сега ќе проверам дали е сѐ во ред. - ја смируваше Виктор додека го проверуваше секој дел каде што Ивона чувствуваше болка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Разменуваше малку зборови со мама, прашуваше дали е сѐ во ред со нас децата, со домот, а потоа ќе го земеше „Талмудот“ и, седнувајќи што подалеку од другите, тивко почнуваше да чита на хебрејски, јазикот кој за него беше свет, а кој никој од нас, неговите деца, не го научи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
147 И сѐ беше во ред до крајот на 2004-та, кога се очекуваше да се донесе новиот Закон за радиодифузна дејност (2005) со кој требаше да се реши прашањето за статусот на т.н. локални радиодифузери во Р. Македонија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Да видиме дали е сѐ в ред?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Момчињата се вратиле. Нумо не брзаше да застане во редот пред казаните.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Сепак, нешто не е во ред!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Да го натера, што се вели, да се исправи пред вистината за да може повторно да го заземе заслуженото старо место во нивната заедничка домашна среќа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во мојата глава прашања, молби, желби да биде сѐ во ред…, стиснатата тупаница за среќа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
- Дали ви е сега подобро? - Да! Сега е сѐ во ред, имам проблеми со шеќерот, посебно кога ќе се возбудам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тие претстави денес се застарени, што сигурно е в ред.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Исто така забележа дека пред да исчезнат, одат до шалтерот за билети, му кажуваат нешто на службеникот и добиваат билет.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На сѐ се чека во ред, па и пред секој киоск за сладолед.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Марија погледна под покривката и здогледа ледени очи и непоткуплив показалец кој ѝ покажуваше да застане во редот. Го послуша.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мајка ми извикува: Милке, што ти е? Слушајте со девојчето нешто не е во ред?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
ТРОШЧЕЈКИН: Во ред... Пауза. (Тој ја фиксира скицата со спреј, потоа се зафаќа со нешто друго.)
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Бјанка танцуваше наоколу, но таа е толку несреќна, таа и Халстон се обидуваа да го соберат Џед да појде дома со нив и ме прашуваа дали тоа е во ред.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со слична цел (да обескуражи секое избрзано решение) беше и она мое укажување дека секогаш постојат и додатни опасности.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сите ние што во тој момент бевме во The Kitchen и го избравме стоењето во ред во очекување на ‘театарскиот миг’ кога на местото каде што е цервиксот името на уметноста ќе се поклопи со името на порнографијата, го доживеавме тоа преклопување на сцената на телото на проститутката.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Странските чети, српските и грчките, ако научеа дека некој сој е организиран, односно дека стапил во редовите на Внатрешната македонска револуционерна организација, сите негови возрасни припадници, и мажите и жените, ги исколуваа, ноќе, надопица, на спиење, па сојовите, за да се одбранат од целосно уништување, се делеа на клонови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Единствено зборовите доведени во ред се сместуваат во - речници. Fictionary Кон крајот на септември1991. бев повикана во Амстердам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Тогаш, - рече човекот во сина облека, - треба да застанете во ред Тие зачудено го припогледнаа, ги вкрстија своите погледи и очигледно не сакаа да го прифатат она што им го рече тој, но сепак се потчинија.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Им се дозволувало и ним да влезат во редовите на Организацијата откако претходно ќе дадат заклетва, но никој од нив не сакал да положи заклетва.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Одев кај нив дома да видам дали сè е в ред, кога го гледам Јехуда, дотеран и онака малку подгрбавен од работата, како со ведар чекор оди по маалото и ги поздравува минувачите забрзани со пазарлакот кон дома и стариците што метеа пред капиите, додека од една куќа допираше длабокиот глас на спикерот што соопштуваше вести за нови борби на грчко-италијанскиот фронт во Албанија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ако ги очекуваш тоа е во ред, ама ако не знаеш што ќе ти се случи тогаш е многу страшно и опасно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Госпоѓата рече: „Во ред, господине“. И се тргна настрана, пред еден излог.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Што, на крајот на краиштата, покажува едно такво одрекување, ако не дека воопшто стрејт-општеството е, всушност, многу понеотворено за настраните деца, особено за настраните деца кои сакаат да си ја обзнанат различноста од стрејт-децата, отколку што понекогаш нѐ тераат да мислиме?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Па, не е во ред внатрешноста да се остави празна“ тоа би било навредливо.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тука се зближува со Ѓорче Петров, стапува во редовите на социјалистите на чие чело е Васил Главинов, учителствува низ Македонија, другарува со Пере Тошев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Нешто не е во ред со моите очи. Не можам да плачам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кажи ако има уште нешто за сѐ да биде во ред.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во ред: не е сè светло. Ни добро. Ни убаво... Во ред...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Брат ми вели дека јас сум само едно среќно идиотче, но јас тврдам дека нешто не е во ред со моите очи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сите во редот молкнаа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Или едноставно речено испишува своевидна историска читанка за животните и револуционерни врвици на Гоце Делчев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога дојдоа Србите, извади едно пусулче превиткано како аптекарско ќесуле за прашок против болка и стуткано во чкрипливото стапало на дрвената нога, според кое произлегуваше дека односниот се борел во редовите на српската војска, дека бил ранет и дека се инвалидизирал, па се молат српските власти да му излезат пресрет, покрај тоа што ќе му доделат инвалиднина.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мајка ти е навистина среќа, а тоа е сосем во ред, без разлика што јас и ти мислиме за гардата и за нејзиниот бал.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ќе било сосема в ред ако прашал каде се наоѓа куќата на Симо Чардаклија и кој пат води до неа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Му реков, би плачела, но нешто не ми е во ред со очите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Немавме никакви проблеми. Сè беше во ред. Нели деца? - Да, - свикавме ние.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Со посебно внимание се следеле сите активности што се одвивале во редовите на НОВ и ПО на Македонија, како и чекорите што биле преземени од страна на воениот врв на ГШ на НОВ и ПО на Македонија во врска со плановите за натамошниот развој на Народноослободителната војна во Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Вишок, вишок, вишок..., чувство на вина облетува околу вратот, а жилите се кострешат од помислата. Нешто не е во ред.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кога Нико беше во емисијата отсвири една песна на својата мала органа, што беше сосема во ред, но кога Мерв се обиде да поразговара со неа таа едноставно седеше не зборувајќи ништо.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тој ми се чини во ред - впечаток потврден со фактот што е тука.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа беше ужасно за гледање.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
"И потокот денес не трча весело туку одвај се влечка", ќе го соопштеше своето откритие.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога дојде времето да се замине во ресторан, меѓутоа, таа веќе не можеше да издржи, и покрај тоа што Френк беше доволно внимателен во шест и пол да ја повика галеријата и да каже да не се грижи; немал болки и сѐ е во ред, но сепак решил да одседи додека е густо - „додека е ретко”, се исправи - и да пушти брзалицата да мине, извини на изразот и не забо­ равај: тирамис.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Засега во градов сѐ е во ред.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се сретнавме со Роза, а потоа и со Стефан Јанков и договорот беше во ред до денот во кој првиот приватен театар го налегнаа финансиски тешкотии.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Рацете се тресат! Згрчени лакти! Очигледно нешто не е во ред. (Пауза) Се замисливте?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Јункерите за миг се построија по четири во ред.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Нервите денеска не ми се во ред.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Можеби и вистински ѝ се присторило дека со мене не е сè в ред.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- „Но, јас дојдов само за да телефонирам“ ѝ рече Марија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пандо му подаде рака.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Бабата ми одговори со весело смеење: - Ах, комшија, лесно е да се дават совети, потешко е работите да се доведат в ред.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Пак со жена! Пак со домаќинка, пак послано, опрано, закрпено, месено, испечено, пак во редот на луѓето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Шарко најмногу не го поднесува политичкиот комесар. Каде и да се појави тој, во ровот, во редот пред казанот - лае по него, ‘ржи, покажува заби, на грбот му се наежува влакното, го гледа со крвјосани очи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
ТРОШЧЕЈКИН: Сѐ е во ред.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Интелектуално, во тебе е речиси сѐ во ред.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Загинаа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Краста (Си ги оближува усните): Сè е во ред.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Камуфлирањето на шефот на бандата во девојка, во ред, но камуфлирани се и сите други лица во драмата: од дигањето на завесата гангстерите се појавуваат “во okno.mk | Margina #26-28 [1995] 106 фрак”, преправени во “светски луѓе”.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Спретните движења на касиерката, извежбани така за до бескрај да го одржуваат истиот монотон интервал на потсвирнување на читачот на бар-кодот, и лицата на останатите во редот кои изгледаа како секој миг да ќе ја нападнат ако не дај боже се случи некаков застој, не оставаа можност за разговор за, на пример, времето, смртта на Харолд Пинтер или тукушто откриеното племе во Бразил.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
В ред, в ред, можеби присутните во оние произволни тврдења на Николина Кралева што беа изнесени во форма на неуверливи претпоставки можеби согледале вина и грдо однесување од страна на мојата по малку чудна личност божем наклонета кон тривијалности и недолично однесување; можеби им биле прифатливи и таканаречените љубовни авантури со несоответни личности (ова обвинување всушност ми годеше иако спаѓаше во оние таканаречени голи измислици со оглед на моето сиромашно љубовно искуство кое во тој период сѐ уште беше сместено во одделот желби и соништа) итн.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Четворицата гемиџии останале во “Еди-куле“ чекајќи ја смртната казна. * Иако од многумина повидни раководители очекувано, делото на гемиџиите предизвикало изненадување во редовите на Организацијата, и поради храброста и саможртвата на гемиџиите и, особено, поради тешките последици за Организацијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кај Александровиот даб (кефис), прв јурна во редовите на тесалиската света чета!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Несоменено, информациите од извештајот ја подигнале мобилноста во редовите на Форин офис.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
„Ренди”, рече Дејв. „Во ред си? Кое време е?“ „Не знам”, рече момчето. „Два. Добар сум.”
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Директорот наредува: - Постројте се сите во редови! Вчасот завладува тишина.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во ред. Ќе ве пуштиме. Само да заврши прошетката по парков, и ќе ве пуштиме.” И тоа ја смируваше Криста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Закон за служба во Армијата на Република Македонија, Сл. весник на РМ, 36/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12 и 29/14. 132 НАЦРТ УСТАВНИ АМАНДМАНИ НА УРМ АМАНДМАН XXXIX – УСТАВНА ТУЖБА Со воведувањето на уставната тужба Република Македонија влегува во редот на најголемиот број европски земји кои го инкорпорирале овој правен институт со кој се прави значајно проширување на надлежноста на Уставниот суд на РМ, пред се од аспект на зајакнувањето на човековите права и слободи дефинирани во Уставот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Сегаво светов поинаку прават: растојание меѓу редовите оставаат докрај шеесет сантиметри, а меѓу огништата во редот дваесет прекусила.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Што ти се случило, - праша таа, - нешто не е во ред?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Му подреков дека животот многу ги цени скривалките.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие се бореле на страна на Републиканската шпанска армија во редовите на интернационалните антифашистички бригади.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
- В ред, в ред, можеби претерав со пукнатината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Моите другарки се плашат од своите татковци, а јас не. Дали е тоа во ред?!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Роза, Марие, Паулина и мене нѐ ставија во група од дваесетина жени на наша возраст, и такви грбави, расклатени во одот, со бастуми во рацете, со погледи кои се обидуваа да наѕрат нешто повеќе во просторот, нешто подалеку од неколку педи околу себе, нѐ поведоа до блиските бараки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Си реков дека можеби нешто не е во ред со тој дел од листот, па се обидов да напишам нешто подолу, повторно безуспешно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сè додека со диктат одозгора не се реши дека не е дозволено да се види нешто што другите не го гледаат, да се слушне нешто што другите не го слушаат, или да се чувствува мирисот кој другите не го чувствуваат, сите ние не мораме на ист начин 62 Margina #21 [1995] | okno.mk сè да доживуваме.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Очигледно беше дека нешто не е во ред - водата нејќеше да си оди, а ми беше страв, кога казанчето повторно се наполни, да пуштам пак вода за да не направам уште поголема белја.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се враќаа сакати, алипни и сиот бес за маките што ги тргаа во редовите на царската војска, ги истураа на рајата што ја беа притиснале при завладувањето на нивните чифлизи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Токму таа ќе набљудува како се спроведува европската љубезност кај работниците од услужните дејности - повторно, поттикнувајќи ги мрачните зборови насочени против новата револуција, против властите, што се изговараат во редовите на чекање, кои секако нема да исчезнат за првите десет дена, дури ни со западна администрација.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Проклет да бидам, во ред. Мајко моја, во ред.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Размислуваше рационално. Ако пристигнатите резултати беа во ред, овој разговор Виктор ќе го водеше со Томо, со кој беше многу поблизок.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А јас не сум на чисто на што се должат недоразбирањава.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само во редовите на Партијата и, пред сѐ, во редовите на Внатрешната партија, се наидува на вистински воен ентузијазам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа е среќно паганска желба, некаков вид давање благодарност, која секако повеќе го потврдува животот (ако така може да се каже за една хипотетична желба во последните часови) отколку последниот благослов или дури „доведување на своите работи во ред”.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ако борбата 58 okno.mk против еврејството главно е насочена против оние уметници коишто - и самите без корен и деструктивни - се обидуваат да дејствуваат со кич и сувопарна виртуозност, тогаш тоа е во ред.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Петка, со широки насмевки и невидена среќа стоеле во ред секојдневните гости: пензионирани железничари, опинчари, казанџии, бозаџии, домаќинки, окапани и окубани проститутки, сакати и улогавени.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Убав е начинот на кој ме убедуваш дека се ќе биде во ред, дури и кога сам не си убеден во тоа.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Ѕиркав низ решетките, навнатре трудејќи се да препознаам во редовите автобуси дали еден од нив е мојот со кој требаше да заминам за Битола.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во богатото и разнородно книжевно дело за деца и млади на Ванчо Николески, во недоброј убави и толкупати недоречени и незавршени страници од писателовата идеја и мисла, по неговиот знак на препознавање „Волшебното самарче“, секако и романот „Гоце Делчев“ е во редот на оние негови дела по кои ќе го познаваме и помниме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
За среќа беше прв во редот, најблиску до вратата, па неговите колеги не го ни забележаа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Преку дословноста на она што таа го прави (мастурбација, научно покажување на цервиксот и сл.), нејзиното тело станува црна дупка во којашто имплодираат симболички значења.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Една од болничарките ја натера да се врати во редот, полека удирајќи ја по грбот, додека ѝ зборуваше со многу сладок глас: - „Наваму, убавице. Телефонот е ваму.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- И телевизорот не ми е нешто во ред, му трепери сликата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Оваа „високообразовна” и профитабилна институција од спортски карактер започна да се развива пред околу 15 години и денеска може да се каже дека спаѓа во редот на најатрактивните и најпосетени места во градот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Морам да ги доведам работите во ред, не може вака, сум ја избришала границата и затоа претеруваш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сè е во ред, немам проблеми, напротив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Всушност бев рекол дека секоја иницијатива е в ред но под услов да не се пречекоруваат границите на разумноста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега сите тримина чекаа во ред еден зад друг.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Потоа се обидов да го разработам на маргините на листот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа пристигнуваа нови луѓе, по навика одеа да застанат некаде настрана, но не можејќи да го издржат притисокот на погледите на оние првите што човекот во сина облека толку многу ги дисциплинира, конечно застануваа во редот, и така се направи еден долт ред.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Мислите, не е во ред ова што се случува?“, му се обрати гласот на човекот кој изгледа подолго време стоел зад него.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ете зошто машкото геј-идентификување со аристократијата во смисла на неговата пројава не зависи сосема од потрошувачката моќ (иако вишок приходи би бил корисен).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
"Тогаш", рече човекот во сина облека, "треба да застанете во ред".
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се однесува како лекар кој ја проучил ситуацијата и утврдил дека сѐ е в ред.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Во ред - одненадеж одговори Хана - само ако ветиш дека ќе ми гледаш на кафе, а при тоа не се обидуваш да манипулираш со фактите што ти ги изнесов за мене во изминативе неколку дена.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Го сркаме кафето, сѐ уште врело, набрзина: Во ред.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Дачис ја соблекуваше блузата, вадеше шише вотка од торбата, отпиваше малку, тогаш се пукнуваше во газот преку фармерки, па ги соблекуваше истите за да им ги покаже на сите чиревите што ѝ се појавуваа по боцкањето (дури и на момците им беше мачно од тоа).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Имаше тешка задача да ја држи куќата во ред, да им го бере гајлето на двете оставени дечиња, навреме да јадат и редовно да одат на училиште.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој рече дека сѐ е во ред; предложи да си одиме; јас прифатив.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ден пред закажаната операција, во хотелот, пред да оди на работа во Опсерваторијата, дојде Сотир Паскали за да провери дали е с во ред со Климент Камилски во врска со неговата утрешна операција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во неговиот мир нешто не е во ред.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Прават, - ми вели, ме поправа. – Одовде се доведуваат во ред работите горе на земјата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И Земанек стана, отиде до автобусот, им рече на другарите да не нѐ пријавуваат како отсутни и да молчат; потем се врати и ние видовме како во нашиот автобус влезе наставничката по музичко, која не го познаваше нашиот клас добро; видовме дека ги прашува другарите дали се сите тука, и дека тие ѝ велат дека сѐ е во ред.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но со „каратине“ нешто не е во ред: налутено, разбеснето и подивено јурат по сокаците и бркаат сѐ што ќе сретнат.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но, кога огромна низа на злоупотреби и узурпации, кои сите без разлика водат кон истите деструктивни цели, ќе ја нагризат ткаенината на органскиот живот и спокојната хармонија на планетата, во ред е, органска должност е да се напуштат таквите морбидни собири и да се развијат нови посакувани социјални структури.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ја имам таа болест - сум читала за тоа - од која очите ненормално се сушат. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 192
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Не, нешто сепак не е в ред – реков и тогаш дури открив дека нејзината топла месеста дланка лежи врз мојата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не е во ред.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ѓорѓија понекогаш мораше дури и да се пресоблекува, кога старицата почнуваше да го следи низ станот и да вика.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Како ова да го пишува човек кој, ако не успеал да го воспостави таквиот склад во секојдневниот живот, секако си го поставил во редот на своите вредности и се стремел да го оствари!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Нема проблем, вашата сестра е во ред.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Овде сме на продолжен викенд, оти цели пет дена не се учи и не се работи поради првомајските празници.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И полицата со книги ја доведов во ред: Рембо, Бодлер, Хлебников, По... сите се вратија каде што беа пред земјотресот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Што е тоа што ќе биде во ред?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но токму тука се крие метафоричната порака на поетскиот тестамент: застапувањето за летот, трагата на пеперутката, невидливата порака која не сме готови да ја видиме, да ја прифатиме како излез!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Е, момчиња, сѐ ли е во ред? - рече и седна до нас бришејќи ја потта од челото.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но рече и дека не е во ред така две млади девојки сами без придружба на корзо да се шетаат навечер, па затоа ќе ги отпрати назад.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Меѓутоа, тие секогаш не биле во тек со она што се случувало во однос на политичките и воените одлуки.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Мораш да нѐ ставиш во ред, инаку ќе се посрамиме. Себе си како и меѓусебно.“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но имајќи го предвид начинот на живот во Њујорк, со личноста која непрекинато стои на некој агол сигурно нешто не е во ред. Тоа се нарекува кататонија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не можам веќе да те видам”, рече таа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Ви ветувам, уште утре сè ќе биде во ред, - и ја допрати до вратата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Доставките, и усните а и пишуваните, зависат и од обвинетиот, од неговото однесување кон личноста која ја извршува ваквата одговорна граѓанска должност – објаснуваше Господ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не смее да се повтори.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
А кога ќе имаш време позачисти, поспастри и понареди за кога ќе дојдам да си ја земам Антица да биде се во ред.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Но беше во ред, сѐ беше во ред, борбата беше завршена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега ми е јасно зошто не е во редовите на нашата Партија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Потпишано е дека сѐ е во ред.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Не ви посакувам никакво зло, но, боже мој, вие грижете се за себе, в ред, а јас, јас ионака премалку се грижев за себе.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сака да остане млада, да ја сочува линијата, в ред.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Додека пишував за монадата, имав на ум слика на студент кој постојано работи на својот компјутер, сосема изолиран социјално. Weizenbaum- овата критика на ова е во ред.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Некоја вина татни, ми вели дека нешто не е во ред.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Веројатно помислувала дека ваквото соочување со вистината ќе може да го доведе засекогаш во ред нејзиниот Генерал.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Па, сѐ што можев да кажам е дека ако некој беше „во ред” кога не запознал, тогаш и останал таков, а ако имал некој проблем, тогаш понекогаш никој и ништо не би му помогнало.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
По инсистирање на Б. Сарафов, а благодарејќи на опортунизмот и на X. Николов, дошло во септември 1899 година до “помирување“ меѓу Братството и ЦК и до вклучување на членови на Братството во редовите на Револуционерната организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- А сандакот? - прашува Огнена и гледа кон столарот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Не го чувте што зборува!“ повтори тој. „Нешто не беше во ред со телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некако успеав да се доберам до еден примерок и додека ја држев книгата во рацете, се сеќавам дека размислував за тоа како еден булимичар мора да се чувствува исто вака додека хипнотички се движи кон фрижидерот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа е сѐ во ред... Ништо не е надвор од нашите чувствени сензации.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Нешто не е во ред?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Еве, најдов, во ред е“ рече таа и се насмевна.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Нешто не е во ред? Сѐ е во ред.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Орце пораснал во многудетно семејство; имал 4 сестри и едн брат Миле, чија херојска смрт во редовите на Македонската револуционерна организација е опеана во една од најубавите македонски народни песни.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ама добро, штом веќе си одлучил така, тоа е во ред. Се облеков и излегов сама.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Само не дозволувај оттаму да поминува лигавата насмевка на Пачев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Сѐ што јас забележав е тоа дека вие сте насилен со неа,“ рече Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Во ред, во ред - реков - вињакот нема да ти избега!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И колку е тоа понижувачко, што Аљоша сето тоа одлично го знае, а се преправа дека сѐ е во ред, дека сѐ е прекрасно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Дури и сега, додека ги повторувам овие зборови, ми звучат како прифатливи и одмерени иако верувам дека ќе има и такви кои ќе си помислат дека биле неискрени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
По Татковата вечера, откако го донесе чајот за обајцата и пивна една голтка, Мајка прва се огласи: - Успеав, со децата, да ја доведеме некако куќата во ред. Остануваат уште книгите да си ги распоредиш.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Владата на САД ги поздравила и ги подржала позитивните струења во редовите на Американците од словенско потекло бидејќи било во полза на американската нација да се постигне единство за успешно водење на војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Татко го забележа неговиот немир, но не ги побара причините за тоа, туку остави да се искаже неговиот натажен пријател: Пријателе мил, си ставивме трн во здрава нога!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На пример, таблета со DOB, предизвикува 36-часовни халуцинации.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Живееме во хипокризија каде што е в ред да имаме лажни гради или лажна кожа, но прободувањето е одвратно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Мислам, - рече човекот во сина облека - дека треба да застанете во редот. 44 okno.mk Новодојдениот зина од несфатливост.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Барем моделите да беа подобри, можеби тоа ќе беше в ред.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тогаш многумина од оние што чекаа во редот зинато погледнаа кон влезот на болницата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тој воздивна и просаска: - Мила моја, нешто не е во ред!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Значи, овој роман спаѓа во редот на оние книжевни дела, малубројни во македонската книжевна ситуација, кои се посветени на конкретна личност и нејзиното дело.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
А: Оууу! Незгоден удар за вашето пријателче. А што не било во ред со грамофонот?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но знаел, и постарите можеле тоа да го знаат, дека Онисифор Проказник не ќе им даде да го заколат волето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога размислувам за тоа време сега, сметам дека неговите искуства во Првата светска војна, во тенковскиот корпус во Африка, и во кралскиот воздухопловен корпус мора да оставиле голема трага во него, а и несреќниот живот со мајка ми... но тој никогаш не ми зборуваше што му значела „војната” лично и, како што си претставувам, имал премногу големо чувство на пристојност и лојалност кон неа за мене да ми зборува за таков вид нешта.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Една друга жена, која на Марија ѝ изгледаше почовечна и со повисок чин, го прегледуваше редот и подготвуваше попис на имињата што новодојдените ги имаа напишано на картони кои им беа зашиени за облеката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Што е тоа што не е во ред, се прашуваше Вера.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Поточно, нивното здружено претчувство го окотило плашилото: рог во лак свиен на гуштерска глава, под тој рог две пакосни очиња, две жарки, студени и шашливи за да видат сè пред себе, под себе и зад себе заради тоа, доколку патувале по мрак и магла, се грбавеле и никој не сакал да биде последен во редот, без заштита зад грбот, и биле неми и сепак отворени за секој непознат шум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не се жалеше, велеше: „Сѐ е во ред со мене“.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Но се премисли кога виде неколку жени во униформи, кои ги пречекуваа на вратата од автобусот и им ги покриваа главите со наметки за да не накиснат, а потоа ги поставуваа во ред еднододруго, водејќи ги тивко и со решителен ритмичен чекор.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не смееш повеќе со нив да се дружиш, нивните зборови се лажни, нивната љубов е лажна, така мило ти се насмевнуваат додека им паднеш в раце, додека те зграпчат, потоа како малечко ѕвере ќе те фрлат во кафез, во строј, во редот, во проклетиот дом.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Махмуд Дарвиш ќе стапи во редовите на Палестинската ослободителна организација во 70-те години од минатиот век, а ќе ја напушти во 1993-та во знак на протест против спогодбите во Осло, коишто Јасер Арафат ќе ги склучи со израелската држава.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За да му се спротивстави на тој притисок, Јошино сака да ни обрне внимание на „мрачната страна на асимилацијата“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тетка Анѓа ги затна ушите, постоја неколку мига намуртена поради вревата, па продолжи: - Сакам убаво да се наредите в ред.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сметал дека во редовите на Органицазијата имало и деморализација што се внесувала од Бугарија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се чудел Онисифор Мечкојад, поточно не тој самиот туку како некој одамнешник да демнел од него со прашања зошто не го оставил другиот Онисифор сам да се расправа со закопот, како и пред тоа - со покојниковите претчувства и предвидувања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Па еве сега, се насмевна Марк, овде јас трачарам за него, а исто така, во одреден момент ќе го натераш и него да ти каже што мисли за мене“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ми кимнаа дискретно со глава додека траеше канторското читањето на Свитокот за Естер и во моментот кога беше изговорено: „Арур Аман”11, онака неподготвена, се потресов од бурата шумови со удирање по седиштата, викање и вртење штракала, во буката што традиционално ја произведуваа пред сè децата што во храмот седеа на посебни клупи и беа мирни во текот на читањето на останатиот дел од текстот, сè до местото во кое креваа врева до небо.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Да не ѝ се случило нешто лошо, нешто страшно? - си мислев, но пред Бреза се преправав дека сѐ е во ред и како навиен ѝ ја рецитирав песната за Цуцул и говедата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тие требаше само уште да се поднасмевнат и сѐ ќе беше во ред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зар од тоа сега не ти изгледа дека сè е во ред.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Во кое време?“ „Деветнаесет часот.“ „Во ред.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Историјата на белиот, лажлив, менопаузен маж што сега ја води планетава, е историја на повторувано насилство врз хармоничните закони на природата, кои имаат за цел воспоставување на тиранија на материјалистите возрасни над нежните, мирољубивите, младите, обоените.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Воопшто: таа организација од нас е оценета како единствена совршена од сите што постојат досега, за годините на социјалистичката изградба на економските, културни и научни организации.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дека сепак не сум дотеран како што треба. Особено во умот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Обете поенти зависат од потребата за јавни ограничувања, кои ја подвлекуваат суштинската дистинкција - дистинкцијата помеѓу следењето на правилото и (само) мислењето дека некој го следи правилото - а нивната основа Витгенштајн, како што е познато, ја наоѓа во договорот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Оваа валкана работа не ја вршам по своја волја.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Ако баш сакаш да знаеш ги сакам местата какво што е ова.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Хеликоптер со камера во клунот мора да ја следел во височината и имаше многу аплауз од партиските седишта, но една жена долу во проловскиот дел од салата ненадејно почна да крева врева и да вика дека тие не смееле да го прикажуваат пред децата, не требало, не е во ред пред деца сѐ додека полицијата не ја истурка надвор мислам дека нешто ѝ се случило, никому не му е гајле што велат проловите типична проловска реакција тие никогаш...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога ќе излезе книгата, ќе си чекам уредно в ред, стара чекалица сум.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Сѐ ќе биде во ред”. Кое сѐ? Каков ред?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Почнав воопшто да не можам да учам, не знам што ми стана. Секако нешто не беше во ред.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
ХЕРЦОГ: Важно книгите се во ред. СИВИЌ: Да.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во ред е, малечка. Само дојди тука. Земи ме за рака. превод: АБА okno.mk | Margina #3 [1994] 47
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И потем одевме; во еден миг јас почуствував дека со мене нешто не е во ред; како да ме беше каснало нешто, како отровен пајак; почна да ми се врти, свеста ми се виеше, и нозете ми ослабеа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нѐ нарекоа југословенска агентура во редовите на НОФ, АФЖ и НОМС.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во денешниот момент на (македонското) новинарство кадешто лаже кој стигне, кадешто моралната одговорност во најдобар случај е мисловна именка, и кадешто мошне често ни за највулгарните и најприземни навреди не може да се добие ни минимален отчет, навистина е во ред прашањето зошто, кога веќе се залагаме за промена на состојбата, не потпишуваме одредени свои текстови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сега треба да се доведе во ред најблис­ката околина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Потоа влегов во собата за да му објаснам: - Александар, нешто не е во ред со пенкалото што си го донел од работа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не можев повеќе ни секунда да се преправам дека е се во ред, морав што побрзо да го симнам товарот кој ме притискаше, непријатните зборови што требаше да излезат од мојата уста.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Живеат градови со ѕидини од копнеж, суви лисја во мислите на стари жени, зими на слободата, феникси крај каминот, луѓе што чекаат во ред да ги отворат кориците и да стават потпис во Книгата на смртта.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
- Центарот на телото е папокот, кога нешто не ти е во ред, земи еден глинест сад со дното сврти го надолу, поклопи го папокот, па притискајќи врти, лево, па десно, ќе се намести енергијата сама.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога јаваше низ бојните редови, да ги подучува и доведува во ред, или да ги храбри, јаваше друг коњ, Букефал го штедеше.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
- Сѐ е в ред со Огнена – му го слушам гласот - а сега и коњот да го ослободиме од незгодата - додава и се оддалечува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И самиот бев сведок дека таа безизрано го следеше она бесрамно трупање на многубројните детали сврзани со приказната од страна на Огнена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Младичот и девојката пратија поглед по редот, се сретнаа со осум очи и четири прекора и по малку незадоволни, но сепак поради желбата да се допаднат еден на друг застанаа во редот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сигурно дека не ќе беше во ред веднаш, следниот ден, да му се фрлам во прегратка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Максим многу се израдува на неговото враќање, се понадева дека двајцата многу побрзо и многу полесно ќе ги доведат во ред имотските работи, но Јосиф, кога му рече за тоа, како што седеа на чардакот, стана и се прошета од едниот до другиот крај.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се радував, а истовремено бев тажна и се прашував дали ќе биде се во ред?
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Како сега се сеќава на мигот кога првпат го виде; живееше во една куќа на главната улица во која таа често наминуваше. Како вчера да беше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа се сомневаше дека нешто не е во ред, дека нешто ја гризе срцевината на ова дете.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не можеше мигум да ја разбере причината на моето присуство на свеченоста и тоа во редот на амбасадорите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сега врати се во менталниот завод и се ќе биде во ред. (Пауза) Договорено? (Пауза) Знаат таму дека те нема? (Пауза.) ЈАКОВ: Не знаеја дека ме има.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Според мене, тоа е затоа што тие читаат додека чекаат во ред, - се искажа тој.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кога ѝ ја допре ногата, едно гласно офкање јасно му покажа дека тука нешто не е во ред.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со генералните идеи на движењето, беше в ред, можеше да го насети правецот на историјата, за да не ѝ се испречи пред неа, па таа со најмал удар да го совлада, да го обеспати, да го обезнадежи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Г-дин Ракот не веруваше дека нешто не беше во ред со неговиот грамофон.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не, сè е во ред, но правилата што ги спомнав штотуку ги измислив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Направи движење кое го сфатив како: сѐ е во ред.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се борев во редовите на ЕЛАС, но другарите никогаш во мене немаа доверба.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Оној што беше последен во редот, не поместувајќи ги нозете, почна да ја подава главата напред.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ова е во ред бидејќи тоа е начинот на кој зборот обично се користи, но тоа може и да нѐ доведе до забуна.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Исто така, поразително е сознанието дека македонските су- дии, дури и оние од повисоките судови, образовани во духот на правниот позитивизам, при [не]примената на гарантираното т.н. сиромашко право, за чиешто искористување е потребно да се соберат еден куп документи – не ја следат ниту судската пракса на Европскиот суд за човекови права, чијашто јудикатура е задолжителна за сите полноправни земји-членки на Советот на Европа, меѓу кои е и нашата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И, не можам, ме полудува целата оваа ситуација. На изглед сѐ е мирно, спонтано и во ред.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ж: Типично за вас, Ахиле.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога прв пат седнува, кога прв пат ги прима сите нив, а најпрвин дечињата на Танаскоица, Пелагија го подотворува своето лице со некоја далечна светлина и тие двајцата веќе знаат дека можат да ѝ дозволат да се врати во одајчето на Димостен каде што сѐ е доведено во ред.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ливајн ги собра рамениците. „Во ред,“ рече тој.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Се разбира, знаел дека неговата одлука не е в ред, и таквата помисла многу придонесувала да се чувствува виновен, но сепак оценил дека разделбата е најдобриот крај за оваа врска.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Единствено другарката Оливера Срезоска не си дозволи таква слабост, за цело време си остана закопчана, цврста, во редот, во стројот, иако и таа кутрата изгледаше мошне измачена и бледа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Дури и во случаите кога ќе се земат предвид сите околности, многу често не се постигнува посакуваната цел“ додадов, за да го намалам учинокот на она што можеше да се сфати како насрчување а ми се беше лизнало од јазикот онака, сосема случајно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам дека е во ред самиот тој да ги решава изненадите што толку често ги создава.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сепак, мене повторно нешто не ми е во ред.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ај да го ебам! Се скина конецот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бошко беше задоволен што како-така си ја спаси главата, иако насетуваше дека нешто не е во ред и еден час подоцна, кога се најде на ридот над селото, знаеше што беше она што му го рече Најдо коџабашијата: спасот го плати прескапо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Да ми е да се напрчам во ладовина, сѐ што е женско да се собере во ред и само да се насадуваат и да си одат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
А на овој Балкан никогаш ништо не било во ред. Дваесет илјади години наназад.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
На тетка Данче ѝ објаснив зошто сум дојден и таа ми вети дека сѐ ќе биде во ред.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ми се расипуваат, така, во главата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Очигледно имам посегнато кон чашата со ракија а нејзината дланка ми ја ускратила намерата. –Не се сеќавам каде се сретнавме и како втасавме овде, ако сфаќаш за што ти зборувам? - велам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Ние“ чувствуваме потреба по скалила и врвови „Сакаме“ само да погледнеме и да се видиме разиграни над рулетот Додека топчето застанува над нулата и банката собира сѐ Да бидеме војници во непостоечки војни Работници и питачи во ред за дневни потреби деца занесени во “фантастичниот” свет на игрите птици со врзани крилја во железни стеги ланци на вратот и пропишани норми.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Во ред. И јас ве чувствувам како свои. Ќе се гледаме често.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со истата нежност го соголи часовникот, го ослободи од капакот и безгласно ставајќи го окуларот, се наведна. – Што прави? – прошепоте Ема. – Ништо не му е , се чу гласот, а веднаш потоа лицето се откри, необично ведро и младешко – Земете го, сè е во ред.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
„Зошто сите стоиме во ред?“ запраша Том на крајот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Затоа Националниот водач доаѓа за народот да го доведе во ред, како највисок принцип да му го пружи принципот на нацијата на којашто тој, како најголем националист, ѝ е цар, речиси творец на нејзиниот поим и пракса.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Започнувајќи со расправа за тоа што не е во ред со философијата на умот, Серл ги карактеризира и отфрла философските учења на материјализмот во неговите различни облици (логички бихејвиоризам, теорија за идентитет на типови, теорија за идентитет на знаци, функционализмот на црната кутија, јаката вештачка интелигенција, елиминативниот материјализам,натурализирачката интенционалност).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Треба да е сè во ред, заклучи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Поради тоа американската администрација врз себе ја презела одговорноста да посредува во некои постојани несогласувања и отворени прашања што се појавија меѓу иселениците од словенско потекло во почетокот на Втората светска војна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Додека во склоп на ЦК работеше Клуб-кафеаната, работната атмосфера и меѓучовечките односи во установата беа коректни и сосема во ред.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Им велам на другарките, нешто не е в ред.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се потсмиривме малку од помислата дека операцијата помина, горе-долу во ред, дека си жив, дека не се искомлицираа работите за време на операцијата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А бидејќи чекорот не му е сигурен, тој во редот стои со раширени нозе и со спуштен поглед.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Поголеми ќе бидеме во редот на божјите угодници.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не баш најдобар, ама е во ред.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Немало потреба, секогаш сè било во ред – рече мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да го поставев на чатијата, ќе нѐ ставеа во редот на „предавниците”.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Врвете и вие в редови збити селани - мои земјаци, во проста руба, волнени гунаци, - врвете, врвете земјаци!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
„Со мене нешто не е во ред“, си помисли лежејќи неподвижна на грб, со скрстени раце на стомакот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Додека Бети отиде по завој и алкохол дозволи ми да ја погледнам раничката! (Тики збунето му го подава исечениот прст) Тики, младо момче, ова се прави вака! (му го цица прстот) Тики: Ох, Еди, се однесуваш како Дракула.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој ми рече: а) Еколошкото друштво „Здрав живот“ - Кочани спаѓа во редот на најактивните друштва во Македонија. Формирано е 1993 година.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Не знам дали можам тоа сега да ти го објаснам, но не грижи се, сѐ е во ред.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Мислам...“, рече човекот во сина облека, „дека треба да застанете во редот“.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Господине, збогум. Жалам ако со нешто ве навредив.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
- Се е тоа во ред, драги мој.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Притоа само се погледнаа и сѐ беше во ред. Сега веќе беа добри пријатели и секоја вечер заедно го затвораа дуќанчето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа што и законски ќе се ослободи од Марија, беше во ред. И крајно време беше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Наложено месо во дрвени каци: во ред месо ред сол.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Потоа пристигнуваа нови луѓе, по навика одеа да застанат некаде на страна, но не можејќи да го издржат притисокот на погледите на оние првите што човекот во сина облека толку многу ги дисциплинира, конечно застануваа во редот и така се направи еден долг ред.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Едноставно, вие сте во шок... сѐ ќе биде во ред...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Иако долги години формално е член и редовно плаќа членарина, тој никогаш непосредно и поактивно се нема вклучено во синдикални активности – со исклучок на едно учество во штрајк 60 организиран од СОНК (ја почитуваше одлуката на синдикатот и се солидаризираше со неговите колеги преку „бојкот“ т.е. неизвршување на работните задачи).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Неуспехот беше дозволен.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не само Огнена туку и мене ме куражи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нека биде ова твое соѕвездие Посветло од другите во редот Рекоа трите наречници, вражаа тие Меѓу нив и едно старче, набрчкано, седо..
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
По некоја минута ми рекоа дека те освестиле, дека сѐ е во ред, највероватно е некоја алергија од кивите, можеби беше тоа, не сум сигурна.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Јас уште малку па да им поверувам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мислам, во секој момент можеш да излезеш на улица и да видиш некој тип како разговара самиот со себе.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
По дваесетина минути нѐ повика. - Сѐ е во ред.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во ноември 1937 на состанокот на највисокиот политички и воен врв на Германија Хитлер ги изложил плановите дека “обезбедувањето на дополнителен животен простор” може да се оствари само со употреба на сила.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Кога тој ќе дојде, ќе види дека резето на портата од надворешната страна не е ставено, а портата не се отвора, ќе се сети дека овде нешто не е во ред.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Да не има тој грешено што бил секогаш толку полн со разбирање за нас, се трудел да не нѝ забранува и да не нè казнува, туку сè да се решава низ разговор?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Инаку пациентот е сосема во ред”, рече главниот лекар, „уште и операционата маса ќе ни ја сруши кога ќе го вратиме од наркоза, сила од човек.”
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Нема потреба - рече Иван.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сметаше дека е во ред тој, како „ машко“, да добие најмногу; но колку и да му дадеше, тој постојано бараше повеќе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Добро, во ред, ништо не се случи! - се обидов да ја смирам. - Ништо не паметам - најпосле признав.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Мислам дека нешто не е во ред со шолјата, - ѝ реков на тетка Олга.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Подобро сум. Ќе биде во ред.“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Битен е и податокот дека во рамки на радио станицата имаше основано синдикат на ниво на работодавач, во кој работниците уплатуваa месечна членарина – а кој бeше член на гранскиот ГИФИХ (кој, пак, делува во рамки на CCM).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се сетив дека таа истото го кажа пред мене, ама немав како да ѝ докажам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Спокојно може да се прошета, не се чека ред по рестораните, не се чека во ред да се купи белет за кино или театар, некој сувенир или било што во продавниците...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Местото е полно со лезбејки и проститутки.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се чини навистина нешто не е в ред!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вклучувањето на Братството во редовите на Организацијата се покажало фатално за интересите на Организацијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Например она, (и тоа е дел од секидневноста) кога ќе се најде во високата сфера, а одвреме навреме сепак мора да го симне погледот за да провери на пример дали таму долу сè е в ред со него, дури и тогаш кога се во прашање врвките од чевлите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Фала“, рече Дејв. „Во ред сум.“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Таа се приклучи во редот, внимателно сослуша што лицето пред неа му кажа на службеникот, ги повтори истите зборови и потоа патуваше било каде.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Преговорите завршиле со решение за враќање на македонските борци и активисти во редовите на ЕЛАС. 343 Pentice/Wickstead Papers, Signals, 6/2, во ракопис Liddel Hart Centre for Military, Archives, King`s College London 344 Според извештајот Светозар Вукмановиќ-Темпо им се обратил со зборовите: “Придружите им се на аидартите или на партизаните, по ваша желба и борете се против непријателот и по војната одлучитеза вашата политичка судбина со слободно гласање како што е напишано во Атлантската повелба“. PRO WO 202/396. 345 Ibidem. 346 PRO WO 202/168. 347 PRO WO 202/396. 348 Патрик Хаџисон Еванс (Patric Hutchinson Evans) е роден на 1 декември 1913 година во Рединг (Reading) Беркшир (Bercshrie).
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сè уште често навраќаа во Фектори, чисто заради шњурање.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тврдоглав, каков што е, отишол пак во истата продавница и купил нов грамофон, двојно поскап од првиот и овојпат трговецот му рекол дека ќе му врати двојно повеќе пари ако пронајде некој звук што не ќе може да се репродуцира.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И излезе од собата трескајќи ја вратата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не бев таму. Се борев со мислата. Ќе биде во ред... ќе успееме... ќе стигнам на време...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Мајка ми беше куца, со едната нога нешто не беше во ред, а мораше по 25 дневно да се качува и симнува по едни скали што водеа горе во кујната.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се разбира дека младите беа на војна во редовите на силниот султан Сулејман Величествен – Законодавец, кој целиот свој живот го посвети на освојување земји на сите три континенти.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од своите седишта, гледачите го гледаа цервиксот од друг агол: широк план на цервиксот како претстава.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Имаш проблем, вели тој. Потегни ја оваа врвка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога ништо не е во ред, а не се крева малиот прст ситуацијата да се поправи и во тоа дури и се наоѓа задоволство.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Геј-естетизмот овие нуспроизводи на туѓите сериозни, смислени стремежи ѝ ги прикачува на сопствената иронична, раздружена потрага по задоволство.279 ‌Машката геј-култура копнее, пред сѐ, по слободата и моќта да си го задоволи вкусот за убавина и стил.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еднаш ми рече: кога си човек-на-човек со Енди, сѐ е во ред, но кога си во група, Енди веднаш прави натпревар помеѓу луѓето, а тогаш тој ќе се извлече од тоа и ќе почне да набљудува што се случува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
В ред, в ред, во создавањето на таа фама (дека Ѓурчин ми е татко) не треба да го минимизирам ни учеството на мајка ми, поточно начинот на кој таа се однесуваше кон тврдењето на Огнена Гулева.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тогаш многумина од оние што чекаа во редот зинато погледнаа кон влезот на болницата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Авни му пренесе на Ниротакис дека сè е во ред, дека расположението кај девојките е одлично и дека во Бар ги очекува Миливоје Бакочевиќ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас не плачам. Сите жени на оваа маса носат очила. И пушат. Мензата е како оџак.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нешто не беше во ред со сонот и Ќ се сопна додека месечарски трчаше на подвижната лента.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Сѐ ли е во ред кај вас?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Барав врски околу твојата работа. Сѐ ќе биде во ред. (Андреја кима со главата)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Да, сѐ е во ред, освен финансиската положба, сѐ е прекрасно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Погледнав околу себе. Немаше никого освен Хелмут во бела едноделна кецела кој студиозно ги гланцаше плочките наѕидот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе биде сè во ред... ...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој стана толку очаен, што уште тука, во живиот пренос, бараше некој од организаторите да му објасни која е таа девојка воопшто и што таа бара во неговата емисија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Имал 60 кила хашиш, па двете години не му минале лошо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Беа во ред додека не те сретнаа тебе!“
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сѐ е во ред Ден, нема никакви пречки.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Каде е Сем Хант? Каде е тој крт. Крени го знаменцето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ја примам твојата благодарност што во редот на многуте мајки ја имаш денеска и мајка Перса како поткрепа за вас двете, ама и вие голема поткрепа и радост за неа!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мисли ме мачат, нешто не е во ред, ми велат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Со ова не тврдам дека во ваков град е прикладно луѓето да прават такви нешта по јавните места, туку само сакам да укажам дека на многумина луѓе би им било полесно ако дозволиме малку повеќе искуствена анархија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
ПОМИНА ЦЕЛА ГОДИНА, завлезе во втората откако Анѓа пропадна во харемот на кадијата, и сѐ што можеше направи тој да ја наговори да се потурчи, па да ја нареди во редот на своите законити анами, ама не успеа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дури останав со впечаток дека на мајка ми и се допаѓаа нагиздените тврдења што беа можеби и измислици на таа зла жена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Фино лизгање.“ „Благодарам. Мислам дека сум во ред.“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Попладне, кога ќе легнеше во спалната да се одмориш, се плашев дали е сѐ во ред со тебе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Бројките не се дискурзивни и затоа не спаѓаат во редот на абецеда. Затоа и зборуваме за алфанумеричкиот код.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Секој погреб таму во планините почну-ваше и завршуваше со повици за победа, а одењето на соборецот беше само празнина во стројот, во ровот, во земјанката, во редот кога стоевме пред казан.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Еден ден кога ќе сакаш, слободно кажи ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Поезијата има чудна и боженствена сила да ги доведува нештата во ред, омразата да ја претвораат во љубов, а хаосот во хармонија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Безбеден е, сѐ е во ред.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Онисифор Проказник им викнал дека четвртата двоколка во редот е готова, дека ќе го продолжат патот до урнатината на кулата или на манастирот што не доизраснал до темното небо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Те гледам како го фаќаш за рака другарчето и те местат во редот.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Притоа се чинеше дека пак продолжува да останува да си биде сѐ во ред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Замина, нели, нели замина?“ „Да...“ „Сѐ е во ред, нели?“ „Да...да...“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Зарем токму вака на 9 март со удари на кундак не беше растерана масата, и зарем потоа не следеше постмартовското доведување на народот во редот на воените единици?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Како што турската влада ги исползувала атентатите како повод за брутално пресметнување со сѐ што било побудно во редовите на нашиот народ, така и големите сили се послужиле со динамитните акции за да ја компромитираат Револуционерната организација и да го оправдаат пред својата јавност пасивното однесување кон жестокото задушување на македонското движење и востанието и наполното застанување на страната на крвавиот султан.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сепак, нема да ги кренам, ќе издржам затоа што прозорецот ќе ми се извалка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А, и признавам, не беше баш во ред што го кријам неговото постоење од нив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Можам да видам дали навистина нешто не е во ред со нашите пенкалца и моливи, затоа што десет години ништо не сум напишала, па можеби ми се лути или се расипале или сѐ ова се случува поради Александар.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Она што треба да биде пракса во мигот кога некој ќе треба да се регрутира во редот на театарџиите, творците, е да се констатира дали има срце или не.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Зошто би оставила сѐ ако тој беше во ред.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Реков дека е во ред и дека можам да чекам.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Таа потоа молчеше ден или два, а потоа одново бараше да оди дома. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- За да нѝ биде поинтересно, а и авотмобилот не е нешто во ред и не ми се тргнува на подолг пат со него.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Може ли вашата работа да се приближи кон социјалниот критицизам? ÂÂ Можеби, бидејќи околината во којашто живеам ми помогна.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓутоа, во текот на своето патување по целата земја научи неколку зборови англиски.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кого да послушам, а кого не.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
А тоа подготвен значеше да донесе повеќе дрва во колибата, да го чува огнот разгорен, да има секогаш топла вода во котлето, за да може веднаш да се свари качамак или компири, тоа подготвен значеше доведување во ред на сè што беше расфрлано, сè што на секој начин беше надвор од вообичаениот ред и поредок во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Ќе се исуши по пат,“ ѝ рече жената, мавтајќи ѝ од вратата на автобусот, а потоа додаде: „Со среќа!“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На архивистката и писателка на мемоари Џоан Несл, другарките лезбејко-феминистки ѝ рекле дека е во ред да си ги слави машкуданско-женствените улоги во барската лезбејска култура од 1950-тите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дали е сѐ во ред? - се уфрли Роска. - Сѐ е в ред.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И таа гледа дека нешто не е во ред, ѝ вели на мајка ми: Милка е оградисана.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кафето ми ги размрда цревата, кои повторно почнаа да брмчат, овојпат подлабоко и поалармантно од преѓе.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И згора на сѐ, како шлаг: „Заборави ме брзо бидејќи, како што велиш и самата во писмото, заборавајќи ме мене ќе заборавиш дека и синчето личело на мене“.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пак беше истиот депресивен човек, пак нешто не беше во ред.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Инаку во ред е кога чувствуваш дека низ главатати ти врват повеќе патеки, ѝ реков, треба да се допушти по нив да шета и дивото и питомото.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не бевте решителни. Во ред е.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Она на пример не беше в ред кога и реков дека среќата и се насмевнувала повеќепати само затоа зашто некој се потрудил таа среќа да и ја испраќа по темнина, кога жените се здобиваат со додатни убавини пред кои и најдоследните испосници и женомрсци паѓаат на колена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Го чувам своето место во редот“, рече момчето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тоа беше целта: некој од присутните овде да забележи дека нешто не е во ред со нејзинто однесување.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Госпоѓо Рада! - Бледилото му кажуваше дека нешто не е во ред.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Исто така, ги каниш другите да учествуваат во твоето откажување од секакво автоматско полагање право на општествена положба и ги поттикнуваш да ти се придружат во редот луѓе чие страдање секогаш подлежи, барем потенцијално, на девалвација – и чии трагични состојби, така, секогаш подлежат на подбив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во ред,“ рече тој салутирајќи.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Но козите ти се некакви „јаничари” во редот на домашните животни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Веќе немало никакво сомневање дека британскиот политички естаблишмент ќе треба да му посвети посебно внимание на сега активираното и за нив познато "македонско прашање" од историјата, кое сега преминало во повисок стадиум како "македонско национално прашање", поради што претставувало реална опасност за нарушување на британските интереси на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Држи се само за тоа: „Методи не ме разбуди“ и сѐ ќе биде во ред.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Па, почна, тој не сака никој со тебе да биде толку близок како што е тој.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Имено, Судот од Стразбур, со пресудата Креуз vs Полска 28249/95 од 29.V.2001, веќе го санкционираше прекршувањето на човековото неприкосновено „право на суд“ за сметка на правото државата да си ги наплати судските такси.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Чудовиштето пребрзо го извлекло опашот од просторите на наквечерината за да стане стопан на сѐ во мракот и со издолжена, од старост испукана или крастава ако не и лигава шија, да се наднесе над нив и да им го души тилот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Убедена сум дека сѐ ќе биде во ред, нели?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Од морална гледна точка не би било во ред да објавиме такво нешто, сега кога вашата земја е во војна...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Дали е сѐ во ред? - праша Виктор. - Не знам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По мал застој, Луков го почнува движењето по истата врвица, но сега во спротивна насока.) Во ред.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Татко ми замислено погледна во редот книги од библиотеката кои се однесуваа на балканските империи, па возвишено, небаре заборавајќи на прашањето од Чанга, продолжи: – Ние луѓето, пријателе мој Чанга, ти имавме со козите, со домашните животни од дамни времиња еден заеднички сон.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој дури имаше составено типологија на интелектуалното јаничарство во редовите на својот албански народ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Еднаш порано, додека оној најгорешто ѝ се радуваше на својата нова должност и на сето, што го имаше од неа, тоа беше толку незгодно, што Змејко еден од тие денови за малку што не му пристапи на стариот да му рече да си биде мирен за тоа, дека кај него е сè во ред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Време е и на овој човек да му дадеме збор. - Не! Сѐ е во ред.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Гламурот и луксузот си се во ред и несомнено многу пожелни, но не се нужни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Знаев дека така треба, ми беше објаснето кога ме примија да не се обидувам да ги разубедувам и дека сè ќе биде в ред.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Да се биде проклет, в ред.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Со добро: ѝ велеше дека тоа што го прави, го прави заради неа, за нејзино добро, да може да се движи лесно, витко, да може мирно да спие, лесно да дише, векот да ѝ се здолжи; ја молеше да најде сили, да издржи со диета; ѝ велеше дека најтешки се првите денови, а потоа сè полесно и полесно ќе ѝ биде, ќе ѝ мине во навика, во одмереност, во ред.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Таа се боцкаше кај ќе стигне - дури и во ред за в кино - само ако ѝ беше до тоа. (...)Таа недела дадовме оглас од половина страна во Војс: Come Blow Your mind Во тоа време My Hustler се the Silver Dream прикажуваше во Film-markers Coop на 41. улица.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тој се вцрви од лутина и остро му одговори: - Прво и прво, не ми се обраќајте на - ти, не сме паселе овци заедно, а второ и второ, внук ми има само девет и пол години и билетите ни се во ред.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој насекаде и во секое време стои на чело на својот народ и му порачува: „Ќе дојде денот кога македонскиот народ ќе се крене на оружје, на востание.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Па сега, знаеш... - Во ред е Алек, во ред е и така да помислиш.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Потоа си ја затвораше вратата од собата и стоеше пред шкафот десетина минути, чешкајќи си ја главата во потрага по кошулчето што тој ден ќе го облече.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се разбира ќе успее да ги доведе работите во ред, но нема сигурно да посегне по позитивното политичко наследство на Бургиба, во тоа сум апсолутно сигурен - ги коментирав неговите зборови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Луѓето седеа во ред, еден до друг, со грбот потпрени на ѕидот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сето тоа воопшто не беше во ред од негова страна, ни спрема неа, ни спрема тебе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со Мишко ќе биде сѐ во ред. (Станува и сега изразот ѝ е сериозен)
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
ХЕРЦОГ: Постојано мислам дека нешто не е во ред.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Сѐ ќе биде во ред“, рече тој.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Со почетокот на вооружената борба македонскиот народ се наредил во редот на народоте кои му се спротивставиле на фашистичкиот ексанзионизам и станал дел од антифашистичката коалиција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во ред. И самиот може да го смисли одговорот. Се насмеа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но ние всушност ги потпишуваме! И ја воведуваме формата на колективно авторство.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ти правеа снимки, испитувања…, како резултатите да беа во ред
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Часот започнува... Наставникот, висок строен, по чин капетан, предава.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Велат дека не е во ред да се мешаат во одлуки на парламентот, тие сепак само исполнуваат наредби на легално избраните претставници на народот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Гласот ѝ беше колеблив и далечен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Што мириса вака? - се сврте накај кујната и подушка уште неколку пати.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Мислам дека сега сѐ е во ред.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Реков веќе, претпоставките на Огнена како да не ја допираа, а се однесуваа токму на мајка ми, на никој друг.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ми кажа, дека тој и Куприков седат во кафеанчето блиску до нас и прашаа, сѐ ли е во ред.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Иако и натаму редовно одеше на училиште и со успех го водеше својот клас, дома сѐ беше навреме завршено и во ред.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Теоретски е невозможно да се повтори.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сакам да кажам, мене никој не ми даваше во раце штотуку родени бебиња и ми дозволуваше на нив да ги вршам моите чудовишни експерименти. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 125
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Нешто има што не е во ред во него или околу него, тоа не може јасно да го разбере.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа знаеше дека не е во ред човек да биде токку многу маретијален, ограничен во своите сфаќања за животот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Јас секогаш му се восхитував на широкиот поглед и на начитаноста на рускиот човек.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Аџиите веднаш се наредија во редот на прилепските, битолските и тиквешките бегови и се избакнаа со нив во знак на братство и рамноправност.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И еве го сега над оваа позиција од која му зависи дали ќе го забележи желаниот успех или ќе биде пак изоставен, сега пред самиот праг, како човек што долго чекал во редот пред театарската каса, а билетите се свршуваат токму кога тој му пристапува веќе на шалтерот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
За пример, во тој твој комунизам, Јани, најленивиот, прв ќе застане во редот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но со Дачо нешто не беше в ред.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Додека станува збор за „субјективните” прашања, сѐ е во ред.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Многу години подоцна го видов на улицата МекДугал во Вилиџ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сега сите тримина чекаа во ред еден зад друг.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А, не, во ред е реков, само не знам како ќе се чувствуваше ти да беше на моето место, јас треба да учам сега, а вие останете си со здравје.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тетка ми ме праша дали е во ред тука да јадеме наместо на трпезариската маса, затоа што тој ден ја чистела со некое средство што морало да отстои минимум еден ден.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Еве го Џон Клам, да се послужам со пример што ми е најмногу при рака.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, терминот „проблем“ беше употребуван како да има унифицирана дефиниција, т.е., „чист проблем“. 30 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Затоа треба да бидеш дискретна, зашто ако многу зборуваш, будноста треба да ја искачиш на највисоко ниво, зашто овие “стојачкиве“ лесно ќе те истуркаат од едното, а може и од двете, па ќе станеш повторно застаната во редот на „чекачици“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Добро, во ред, немам намера да инсистирам штом не сакаш да разговараме за тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дали тие требаше да се вбројат во редот на интелектуалните јаничари, јаничарите по перо, дали со тоа беше исцрпено значењето на јаничарството, беа прашања коишто не престануваа да го мачат Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Едно попладне, додека работев некои сита со Џеки, видов како Лу одговара на телефон, а потоа слушалката му ја дава на Сребрениот Џорџ кој се претстави: „Да, овде Енди Ворхол”. што се однесува до мене, тоа беше во ред.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Чека во ред заедно со илјадници како него, да се задолжи и даде заклетва.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Јас не слушав туку само пцуев и го држев окото, обидувајќи се да почувствувам дали нешто не ми е во ред со клепката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Она што не е во ред е тоа дека објектите на културата немаат значаен идентитет надвор од она што ние го пренесуваме на нив.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
304 Револтот и сомнежот за корупција во редовите на овие јавни функционери и службеници, кои се блиски до локалните моќници, а којшто е јавна тајна меѓу работниците, и кој на моменти оправдано преминуваше во отворен гнев и презир – со право, пред нас, ја постави дилемата дека, во наредниот период, треба да направиме студиозно истражување на оваа доста загадочна и мошне скокотлива тема.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А не беше, но се трудеше да живееш нормално, секаде да те има, а тие што се со тебе да мислат дека е сѐ во ред, да не ги оптоваруваш со твојата болест.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кон крајот на четириесеттите години ќе следуваат низа судски процеси и егзекуции во редовите на свештенството, што ќе доведе на крајот Енвер Хоџа, во 1967 година, да ја прогласи Албанија за прва атеистичка земја во светот за што поопстојно сведочи и книгата на Стефан Куртуа Црната книга на комунизмот. (Stéphane Courtois, Le livre noir du communisme).
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нашите родители, доаѓајќи во Виена, имаа решено, како и многу други Евреи во градот, да им го пренесат еврејството на своите деца само преку крвта, но не и преку религијата; се надеваа дека тивката асимилација и сочувувањето само на невидливите белези на нашето потекло – оние кои се во крвта - ќе направи да бидеме рамноправни со останатите граѓани, а самите тие остануваа во својата вера онака бесшумно како што татко ги изговараше зборовите додека гледаше во „Талмудот“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ни дадоа леб и вода, и нѐ застанаа во ред да ни ги прегледаат документите, да ни ги запишат имињата, годините на раѓање, каде сме живееле, и да определат каде ќе нѐ сместат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И не само мислење, нудеше сослушување, совети, рамо за плачење, пречекуваше, испраќаше клиенти, тешејќи ги дека сѐ ќе биде во ред, дека нема да биде залудно нивното барање што го доставиле, дека ќе се случи чудо и дека токму ним ќе им биде помогнато, дека не смеат да изгубат надеж во институциите на системот, дека тој искрено верува ... иако сѐ што му се плеткаше во главата, во моментите кога ги кажуваше овие сказни од земјата на заблудата, беше едно здушено „ееххх, кутри луѓе, штом животот не ви помогнал до сега ... но којзнае...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
„Бреда, што не е во ред? Зарем не ги доби моите пораки?“ okno.mk | Margina #32-33 [1996] 160
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
" Младичот и девојката пратија поглед во редот, се сретнаа со осум очи и четири прекора и помалу незадоволни, но сепак поради желбата да се допаднат еден на друг, застанаа во редот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се чувствуваше како во луда трка по туѓите заемки кои се криеја во редовите на страницата на книгата, на моменти се чувствувал како со перото меч ја разбива пајажината во која се криеја старите зборови, со веќе потрошено значење, според многумина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во ред, да претпоставиме дека М Ѓурев воопшто го нема посетено другарот секретар во спомнатиот понеделник; дека не ја видел белезицата на раката на Ботка; дека сѐ ова што се случува со него во затворов овие денови се некои необјаснети привидувања; дека и кај него, еве, дошло до тоа пореметување на рамнотежата помеѓу она што не било, и она што тој мисли па дури и верува дека се случило.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мајка си ја следат , едно позади друго во ред се редат.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Кога другарот командант ќе рече „Строј се“, тогаш вие ќе застанете во ред една покрај друга. Ме разбравте?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А.А., за мене неочекувано го замени вообичаено негативниот пристап со неутрално, реално претставување на православната компонента во албанскиот идентитет: - Христијанското албанско православје и покрај тоа што постои уште од I век од новата ера, првата православна литургија на албански јазик се одржала во Бостон, во државата Масачусетс (САД) во 1908 година во редот на група албански емигранти предводени од албанскиот преродбеник Фан Ноли (1882 – 1695), подоцна делегат во Лигата на народите, архиепископ на независната Православна црква на Албанија, а во еден период и премиер на Албанија, врвен поет, преведувач на Шекспир и Сервантес на албански јазик.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сите до еден беа потполно нормални луѓе.  Ако некој, кој инаку е нормален, се жли на халуцинации, зарем не мислите дека психијатарот треба да се посомнева дека со таа личност нешто не е в ред?  Јас не морам!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дека нешто не е во ред во тие нивни игри најдобро знаеше Мурџо кој штом ќе се појавеше Чана со Дончо, се прикрадуваше крај нив и постојано го имаше на око Дончо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таквите литературизирани судбини во одделни литератури имаат своја богата традиција и претставуваат долгорочен национален интерес и системска програма во творештвото.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Она што всушност се случува во претставата на Ани Спринкл „Post Porn Modernism“ го опиша Rebecca Schneider: „Гледачите стоеја во ред и чекаа повик за да се приближат и да погледнат низ гинеколошкиот инструмент (сspeculum) којшто беше вовлечен во вагината.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тих и повлечен во себе, безвиновен во ред работи, во кои спаѓаше и допирот со жените, Пискулиев сепак не е од оние луѓе со студена душа, тешко достапна за срдечни трепети.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Традиционалната метафизика не беше во заблуда, нео-позитивизмот во еден момент ја отфрли метафизиката за да разјасни сѐ, за да доведе сѐ во ред и на чисто.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сето мастило полека истече надолу и го преплави листот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но според она што го слушнав нешто како да не е в ред.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Неколку минути откако се обидував да ја совладам веста се јави Гоге.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сега дубровчаните, најмногу заинтересирани за трговија, пополека го доведуваа во ред и го оспособуваа за своја колонија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ова се случи откако падна од столот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Оној што беше последен во редот, не поместувајќи ги нозете, почна да ја подава главата напред.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се будам наутро и се чувствувам добро само додека не се сетам што не е во ред за тој ден.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но, како да им кажам? Што да им раскажам?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Чекорел во редот на дружината пред својата запрега, потоа легнал на двоколката, се спружил отпуштен и ја завлекол едната рака во сламата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)