во (предл.) - саан (имн.)

Од тоа ја обзеде една замелушеност што ѝ ја помати сликата на сето она што се случуваше додека цврсто не заспа: колку и како не се знае, ама Чана ја раздели топлата чорба од петелот со по малку мевце во неа речиси на сите, ја туруваше во саани, во чинии, во месингани чапчиња, во мисури, никој не ја одби нејзината понуда, дури ни Геле Колишев, деверот на Богородица, ни таа, а нејзините синови ја пиеја како да е чај во големи звучни голтки, колку што се сеќава излезе и надвор во темницата, долу во подрумите и ги стоплила момите на Роса со што таа вратила како благодарност голем грст шеќер во коцки за внучињата на Петра, покрај нив, долу открила и други видеуца од свеќи, и ним им дала иако ѝ велеле дека тие се тука од одамна и дека сѐ имаат, дека не се гладни, дека не се мокри, само понадата на Чана никој немал срце да ја одбие.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Душманите не ги рецкаше, а пред тие што ја трпеа се лизгаше како алва во саан.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тогаш ибн Пајко, зелен во лицето како корките од лубеница расфрлани во саанот до Мехмед-паша, се премести полека од нога на нога, и рече: „Ако е така, да не правиме повеќе муабет за ова, вели пашо.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ја подбра и Митра додека оваа со очите во саанот го сркаше гравот што самата го имаше сварено, Ти, мори мајко, адно дете не мојш да пулиш, ми шо ки прајме ко ки са испиле друго, мислиш ду не знм кога ки гу чекам Доне пусти? Ми и на мен ми пумина младоста!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)