во (предл.) - сознание (имн.)

Доттука се беше јасно но, сепак, во тие мигови остануваше нешто затемнето, надвор од можноста претпоставките да ги спакувам во сознание за учеството на Ема во расветлувањето на предметот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Поради тоа што носителите на политичкото ропство и оние на економското угнетување биле исти, во сознанието на македонските маси социјалната неправда, економската експлоатација и корупцијата на државниот апарат се врзувале со политичкото и националното ропство.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И веднаш потоа пак ми искрснуваше целата ужасна вистина во сознанието.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Телото овде наводно уште еднаш оживува, остатоците на животот се концентрираат, но само во сознанието и животот продолжува како по инерција.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
“Тој сево ова го објаснува со едноставниот факт, имено, таму додека живеевме, ние по грешка ја сметавме таа смрт за смрт.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сѐ е сконцетрирано, според него, во сознанието и продолжува уште два или три месеци... некојпат дури и половина година...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
При самата помисла за една ваква можност сиот се наежавив!) Всушност Б.С. беше сфатил дека и јас барам причина да си заминам и уживаше во сознанието дека немам храбост да го повторам она што тој веќе најави дека ќе го стори.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тогаш на Елена, во мозокот, во сознанието, ѝ допре: пред психијатриската болница сум.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
ИЛИЈА: Таа толку беше уплашена да не беше во сознание!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)