Идејата на двата лика да направат мал речник на турцизми кои трајно ја запечатиле трагичната судбина на балканските народи, влијаејќи на нивниот менталитет, иако наликува на наивизмот со кој навидум Хермоген и Кратил кај Сократ расправаат за вистинитоста на имињата, станува магистрална филозофска идеја на овој одличен роман.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Старова цели и погаѓа токму во сржта на овие горливи прашања: до каде е Балканот, од каде почнува светот, и зарем не е таа имагинарна интелектуална дистинкција на Големиот Сјаен Свет и Малиот Темен Балкан само проекција на нечистата колонијална совест на Европа и светот?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Другите размислувања за областите на моќ би го вклучиле степенот до кој сѐ уште постои некоја од структурите кои ги претставуваат претходните системи на владеачка моќ, и степенот до којшто институционалните нееднаквости - тие од структурна природа и тие кои се однесуваат на нееднаквоста на можностите - доминираат во нашата култура.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во својата анализа на Бентамовиот Паноптикум, Фуко обрнува внимание на структурата која е во сржта на неговото делување.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Застрашувачко продирање во сржта на мракот кој владее над Албанија во времето на Црвениот султан, како што го нарекуваа Енвер Хоџа, при што авторот останува тврдоглаво верен на својата почетна намера: да се откријат во ткаежот на балканските времиња за подобро да се согледа целата шара.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Се чуствувам повеќекратно исцрпен. Во сржта на моето тело тлее еден очај од кој чуствувам како одвнатре се топам и истечувам, дотрајувајќи.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Како да си им гибнал во сржта на колективната суета.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Со други зборови, во сржта на неговата конструкција се наоѓа идејата за кодирање. 34 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Елен Лејбовиц брзо навлезе во сржта на мојата балканска сага, започна да сочувствува со страдањето во нашиот егзил.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Доста време поминав со потполно скршени, луди луѓе, и дефинитивно сметам дека е потребно во срж да се измени почетното образование и подготовката на професионалците што работат со таквите луѓе.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Да го земеме, на пример, студентот по медицина кој од колеџот минува на медицинскиот факултет.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Не се ли сите наши автомати, сите наши вештачки автомати, нашите техники, во сржта, едно големо подбивање?
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Татко се радуваше што Игор Лозински директно се внесе во сржта на материјата за јагулите, која постојано му беше при срце.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Се случуваше Мајка, додека запираше врз овие обележани пасажи, да ги чита гласно, а потем да зборува со некого, во сржта на својата самота, кога најмногу веруваше дека Татко е крај неа... XLI Мајкините доаѓања во мојот дом беа најубавите мигови во мојот живот, во животот на моето семејство.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Навистина имате чувство како да гледате длабоко во сржта на нешто што нема срж.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)