Сите Анадолци подивеа и почнаа да се дерат, да псујат, да зборуваат неврзани и неразбирливи зборови.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Аскерот се разви во стрелци, толку густо, што ако се фатеше за рамо, можеше да направи танец од оро, на чело со „танчарот" бимбашијата, а опашката би ја држал Бахтијарпаша. Со пристигањето на десниот фланг бимбашијата издаде заповед за напад.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А најчесто таму одевме кога требаше да пукаме со боева муниција.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Тие ќе се стаписаат лево и десно, останатите триста пушки ќе припукаат одозгора и бумбашите ќе го претрчаат обрачот, ќе се распрснат во стрелци зад грбот на потерата и ќе дадат оган со своите пушки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Не учеа да се влечеме, да скокаме, да трчаме во стрелци, да поминуваме под бодливи жици, да фрламе гранати и да маршираме.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А зад обрачот нема голема сила што би не задржала.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)